Забава
Ако ги разочарате, веќе не постоите: овие знаци не простуваат лесно

Довербата е основата на секоја врска, без разлика дали е тоа пријателство, љубов или деловна соработка. Но, откако ќе се скрши, тешко е да се обнови.
Некои луѓе се подготвени да дадат втора шанса, но има и такви кои не забораваат лесно. Ако еднаш ги изневерите, станувате дел од минатото.
Во светот на астрологијата, одредени хороскопски знаци се познати по својата непоколеблива природа кога станува збор за простувањето.
Тие не толерираат предавство, лаги или измами, а штом ќе одлучат дека повеќе не им треба некој, нема враќање назад. Еве ги знаците.
Шкорпија
Шкорпиите се познати по својата интензивна природа и непоколеблива лојалност, но подеднакво се страсни кога некој ќе ги разочара. Иако можеби нема веднаш да покажат колку многу ги повредило предавството, Шкорпиите паметат се и не простуваат лесно.
Нивната доверба е како стакло – штом ќе се скрши, никогаш повеќе не е исто.
Јарец
Јарците се исклучително сериозни кога се во прашање врските и очекуваат исто ниво на почит што си го даваат самите себеси. Ако некој ги измами или изневери, нема да бараат одмазда, туку без двоумење ќе го прекинат секој контакт.
Тие се рационални и не губат време на луѓе кои покажале дека не се достојни за нивната доверба.
Лав
Иако Лавовите сакаат да бидат во центарот на вниманието и се познати по својата дарежливост, тие не го простуваат лесно изневерувањето. Нивната гордост не дозволува да бидат измамени или искористени.
Ако некој ги изневери, Лавовите ќе го сфатат тоа како непростлива навреда и ќе си заминат без размислување.
Бик
Биковите се познати по својата лојалност, но и по својата тврдоглавост. Кога сакаат некого, тие се подготвени да направат се за таа личност, но ако почувствуваат предавство, тие ја затвораат вратата засекогаш.
Нивната способност да се дистанцираат од оние кои ги повредиле доаѓа од нивното верување дека довербата се гради долго, но се уништува за секунда.
Девица
Девиците анализираат се што им се случува во животот, а кога некој ќе ги разочара, тешко го преболуваат. Можеби нема да направат драма за предавството, но едноставно ќе ве избришат од нивниот живот.
Довербата полека им доаѓа, и исчезнува за миг, а ретко кој дава втора шанса.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кортни Лав засекогаш ја напушта „Америка на Трамп“: „Таму како да е сè отруено со цијанид“

Кортни Лав, пејачка и вдовица на Курт Кобејн, одлучи да се збогува со Америка на Трамп.
Пејачката откри дека трајно се сели во Обединетото Кралство за време на вториот претседателски мандат на Доналд Трамп.
„Навистина ми е драго што сум овде“, рече таа, пишува „Дејли мејл“.
„Многу е прекрасно да се живее овде. Конечно добивам британско државјанство за шест месеци. Станувам британски државјанин”, рекла Лав (60), а нејзините зборови предизвикале аплауз кај публиката. Таа потоа се осврна на нејзиниот страв од актуелната републиканска администрација во САД.
„Што се однесува до Трамп и конкретно овој тим, тоа е како еден вид империјален стил. Сега е страшно таму. Како сè да е отруено со цијанид“, рече таа.
Пејачката и гитарист, која ја има 32-годишната ќерка Френсис Бин Кобејн, од бракот со покојниот Курт Кобејн, им се придружува на се поголемиот број познати личности кои ги напуштија САД откако Трамп беше реизбран за претседател во ноември 2024 година.
Рози О’Донел, која има отворен став за нејзината сексуална ориентација, минатата недела откри дека таа и нејзиното 12-годишно небинарно дете Клеј се преселиле во Ирска откако Трамп ја победи Камала Харис.
„Кога во Америка повторно ќе биде сигурно дека сите граѓани имаат еднакви права, тогаш ќе размислиме за враќање“, им порача актерката на своите следбеници на социјалните мрежи.
Забава
Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа истражување

Бракот тројно го зголемува ризикот од дебелина кај мажите, покажа полско истражување.
Истражувањето кое ќе биде претставено на Европскиот конгрес за дебелина во Шпанија во мај, било спроведено на 1.200 парови во Полска и покажало дека ризикот од прекумерна тежина во бракот е зголемен за двата пола, но ситуацијата е особено акутна кај мажите.
Истражувачите заклучија дека кога се во брак, ризикот од прекумерна тежина се зголемува за 62 отсто кај мажите и 39 отсто кај жените, во споредба со оние кои не се во брак.
Оженетите мажи имаат 3,2 пати поголема веројатност да бидат дебели од слободните мажи, а таква разлика не е забележана меѓу мажените и слободните жени.
Ова потенцијално се објаснува со културните разлики во ставовите кон дебелината меѓу двата пола, се вели во истражувањето.
Студијата заклучи дека ризикот од дебелина исто така се зголемува со возраста. Секоја година, заканата од прекумерна тежина се зголемува за три проценти кај мажите и четири проценти кај жените. Ризикот од дебелина, сепак, се зголемува за четири отсто кај мажите и шест отсто кај жените, пренесува агенцијата ДПА.
Дебелината се дефинира како индекс на телесна маса од 30 или повеќе, а прекумерната тежина се дефинира како индекс од 25 до 29,99.
Истражувањето го водеше лекарот Алича Цича-Миколајчик од Националниот институт за кардиологија во Варшава.
„Возраста и брачниот статус имаат непобитно влијание врз прекумерната тежина или дебелината во зрелоста, без разлика на полот“, заклучува студијата.
Забава
Скарлет Јохансон не сака да се фотографира со обожавателите на улица, ја откри и причината

Актерката Скарлет Јохансон (40) објасни зошто не и е удобно да се фотографира со обожавателите кои ја среќаваат во јавност. Говорејќи на оваа тема додека го промовираше нејзиниот претстоен филм Jurassic World: Rebirth, Јохансон изјави за InStyle дека не сака да биде „идентификувана“ во одредено време и место. „Тоа навистина навредува многу луѓе“, призна таа.
„Секако дека ценам што луѓето се мои обожаватели и среќни што ме гледаат. Но, секогаш им велам: Не сум на работа. А тоа значи дека не сакам никој да ме „сними“ како некој што бил со нив во тој момент и на тоа место. Јас правам нешто свое“, додала таа.
Актерката нагласи и колку и е важно да ја зачува анонимноста на нејзините деца.
„Мислам дека анонимноста треба да се зачува што е можно подолго, барем додека самите деца не одлучат поинаку. Тоа е одлука што ја донесов за нив“, додаде таа.