Контакт

Забава

Ако патувате во Рим, внимавајте на вашето однесување

Објавено пред

Минатиот месец градоначалникот на Рим потпиша измена на закон со која се предвидуваат построги казни за непримерно однесување во престолнината, која годишно ја посетуваат околу 9,5 милиони туристи.

Новата одредба, со која законот се менува првпат по 1946 година, го санкционира пијанството во доцните вечерни часови во јавност, влегувањето во фонтани и некултурното однесување во близина на важни историски локалитети.

Одредбата исто така ѝ дава повисок авторитет на локалната полиција, која има право да им забрани на вандалите влез во одредени делови од градот, а таквата забрана може да ја имаат и во наредните неколку месеци.

„Лошото однесување ги уништува градот и неговите знаменитости во центарот. Во текот на летото луѓето се бањаат во најпознатата фонтана во светот. Ѓубрето привлекува галеби, па сега Рим изгледа како од филм на Хичкок“, заклучува Сара Верде, извршна директорка на агенцијата Rome tour guide.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Салма Хајек и Овен Вилсон на сплитската рива снимаат љубовни сцени

Објавено пред

Холивудските актери Салма Хајек (52) и Овен Вилсон (50) продолжија со снимање на филмот „Блис“ на сплитската рива рано изутрина. Дел од градот каде што е филмскиот сет е заграден, а љубопитните минувачи сакаат да ги видат и фотографираат ѕвездите при што се создава метеж.

Салма продолжи да снима во белиот фустан што го носеше на вчерашниот сет, а пред да дојде на сетот посети експерти за шминка и фризура кои ѝ нанесоа природни нијанси и ја испеглаа нејзината коса.

Актерката во научнофантастичната драма го игра ликот на Изабел, и се чини дека љубовните сцени ќе бидат бурни според она што актерите го прикажаа на пазарот. Овен ја игра улогата на Грег, штотуку разведен човек.

Продуцентската екипа се грижи за актерите да не ги вознемируваат папараци и случајни минувачи, а актерите на сетот се освежуваат со вода.

Прикажи повеќе...

Забава

Ќерката на Бил Клинтон го роди своето трето дете

Објавено пред

Челзи Клинтон (39), ќерка на поранешниот американски претседател Бил Клинтон (72) и поранешната прва дама Хилари Клинтон (71), третпат стана мајка и веселата вест ја објави на својот твитер-профил.

„Ова утро на свет дојде нашиот син Џаспер Клинтон Мезвински. Преплавени сме од љубов и благодарност и одвај чекаме да го запознаеме со братот и сестрата”, им напиша Челзи на своите следбеници, кои на таа социјална мрежа ги има повеќе од 2,5 милиони.

Челзи е во брак со банкарот Марк Мезвински (41) од 2010 година.

Прикажи повеќе...

Забава

Петра Еклстоун повторно се мажи, свадбата ќе чини 15 милиони фунти

Објавено пред

Помладата ќерка на првиот човек на Формула 1, Берни Еклстоун (88), Петра (30), ќе се мажи вторпат на 10 август во Мексико. Нејзиниот избраник овој пат е Сам Палмер (34), директор на уметничката галерија „Maddox Sam” и поранешен продавач на автомобили.

Двојката ќе се венча во луксузно одморалиште со пет ѕвезди во  Коста Палма, Мексико. Петра за својата прва свадба со Џејмс Стант издвои 12 милиони фунти, а сега планира да потроши уште повеќе. Британските медиуми пишуваат дека за свадбата решила да го изнајми целото одморалиште за да имаат поголема приватност. Трошоците за целата свадба изнесуваат 15 милиони фунти.

„Петра сака тоа да биде нејзина последна венчавка, и покрај тоа што вторпат се мажи, таа сака да биде посебно“, изјави близок пријател на Петра и Сам.

Двојката се запозна во 2017 година, по разводот на Петра. Неодамна тие заедно купија луксузна вила во Брентвуд.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија24 минути

Катица Јанева се појави во СЈО

Шефицата на специјалното јавно обвинителство во оставка, Катица Јанева, денеска се појави во просториите на СЈО. Таа на работа стигна...

Македонија1 час

Заев: Борисов не ме повика за Камчев

„Бугарскиот премиер Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев“, изјави премиерот, Зоран Заев во интервју...

Топ2 часа

Обвинение за сопругата која со секира го уби мажот во Студеничани

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 50-годишна жена од Скопје за убиство на нејзиниот сопруг во Студеничани. „Обвинетата на...

Македонија2 часа

Пронајден вториот мобилен телефон на Катица Јанева за кој велеше дека ѝ е изгубен

Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е...

Македонија3 часа

Новиот закон за Јавното обвинителство влегува во собраниска процедура

Предлог-закон за Јавно обвинителство денеска влегува во собраниска процедура, при што пратениците ќе ги изнесат своите ставови, а ако имаат...

Македонија4 часа

Села бара јавен обвинител од странство

Зијадин Села од Алијансата за Албанците објави неколку забелешки за владиниот предлог закон за Јавното обвинителство. Тој истакна дека ќе...

Македонија4 часа

Заев: Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита

„Не присвојуваа Македонците туѓа историја, туку Груевски и неговата политичка елита и нивните послушници квазиексперти кои тргнаа во медиумска офанзива...

Регион4 часа

Грчкиот парламент изгласа доверба на новата Влада

Со 158 гласа „за“ и 142 „против“ Владата на Кирјакос Мицотакис доби доверба од грчкиот парламент. Расправата траеше три денa,...

Македонија18 часа

Инспекторот Илиевски поднесе прекршочна пријава за ректорот и за тетовскиот универзитет

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски поднесе прекршочна пријава во тетовскиот Основен суд за Државниот универзитет во Тетово и за ректорот Вулнет...

Македонија19 часа

Жбогар е уверен дека законот за Обвинителството ќе биде донесен со консензус

Eвроамбасадорот Самуел Жбогар при денешната посета на Општина Новаци изрази надеж дека парламентот ќе го донесе законот за Обвинителството со...

Македонија20 часа

Обвинителството го доби извештајот од телефонот на Јанева

Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на мобилниот телефон на обвинителката Катица Јанева, но во интерес...

Македонија21 час

Заев на одмор во Охрид и Грција, Шекеринска во Скандинавија, Царовска во Турција

Премиерот Зоран Заев со семејството ќе замине на одмор по празникот 2 Август, Илинден, во Охрид и во Грција, министерката...

Македонија22 часа

Хелсиншки комитет: Рекорден број дела од омраза во 2018 година, негативниот тренд продолжува и годинава

Во периодот од 2013 до крајот на 2018 година Хелсиншкиот комитет евидентирал 508 инциденти сторени поради омраза, беше соопштено на денешната прес-конференција по повод Европскиот...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија1 ден

Кривичниот суд вторпат го одби барањето на Кочан за одложување на казната

Кривичниот суд по вторпат го одби барањето на бизнисменот Сеад Кочан, осуден во предметот „Труст“ на специјалното јавно обвинителство, да...

Свет1 ден

Итна седница на британската Влада, се бара безбедна пловидба во Заливот

Британската Влада свика итна седница на која ќе се расправа за одговорот што треба да се испрати на Иран, по...

Свет1 ден

Иран уапси 17 шпиони на ЦИА, некои се осудени на смрт

Иран уапси 17 шпиони кои работеле за Централната разузнавачка служба на САД (ЦИА), а некои од нив се осудени на...

Свет1 ден

(Видео) Масакр во луксузно одморалиште, убиени 5 лица, а 6 се повредени

Вооружен напаѓач уби петмина мажи и рани уште шест лица во популарен бар во мексиканскиот град Акапулко, што е уште...

Свет1 ден

Иран ѝ се закани на Велика Британија со ескалација на тензиите во Заливот

Со оглед дека британските официјални претставници одбиваат да ја исклучат можноста за воведување санкции кон Техеран, иранскиот амбасадор во Велика...

Свет1 ден

Израел почна да урива палестински згради

Израелските работни тимови почнаа да уриваат десетина илегално изградени палестински згради во источниот дел на Ерусалим. Денешното уривање ја прекинува...

Свет1 ден

Зеленски ѝ понуди сојуз на рок-ѕвезда

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, чија партија убедливо води на предвремените парламентарни избори со 43,9 отсто од гласовите, според излезните анкети,...

Досие