Контакт

Забава

Актерката Ерин Џин Норвил го обвини оскаровецот Џефри Раш дека намерно ја допирал по градите

Објавено пред

Актерката Ерин Џин Норвил пред судот изјави дека австралискиот оскаровец Џефри Раш намерно ја допирал за градите, за време на сцена во една претстава во моментот кога таа глумела мртва девојка.

Судењето е покренато на основа на обвинение за клевета, кое го поднел Раш против весникот „Дејли телеграф“, поради објавен текст во кој 67-годишниот актер е обвинет дека се однесувал непримерно кон колешката Норвил за време на претставата „Кралот Лир“.

Раш ги отфрли тие обвинувања и се пожали дека во медиумите бил претставен како перверзен и сексуален предатор, пренесува АП.

Како што наведува агенцијата, Норвил никогаш претходно јавно не говорела за споменатиот весник сè до објавувањето на тие текстови, а првите јавни обвинувања против австралискиот актер ги изнела во денешното сведочење пред судот.

Норвил навела дека непримерното допирање се случило повеќепати, а дека почнало од нејзиното лице до вратот, а продолжило и на градите, поради што констатирала: „Не можело да биде случајно бидејќи беше полека и со притискање“.

За време на емотивното сведочење, кое Раш го изнел минатата недела, актерот ги негирал тврдењата на колешката и рекол дека во сцената во која умира главниот лик, кој го играла Норвил, замислувал дека таа е негова сопствена ќерка од вистинскиот живот, која ја удрил автобус на улицата на која живееле.

Славниот актер доби „Оскар“ во 1996 година за улогата во филмот „Сјај“, за истата награда беше номиниран благодарение на улогите во филмовите „Заљубениот Шекспир“ и „Говорот на кралот“, а познат е и како капетан Хектор Барбоса од „Пиратите од Карибите“.

Забава

Гвинет Палтроу и Бред Фалчук ја прославија двегодишнината од бракот

Објавено пред

Две години откако го врзаа јазолот на интимна церемонија во својот дом во Хемптон, Гвинет Палтроу и Бред Фалчук изгледаат посреќни од кога било.

На прославата на нивната втора годишнина од бракот, 48-годишната актерка во вторникот сподели симпатично селфи со него.

„До втората година“, оскаровката ја наслови објавата на фотографија на која таа блеска покрај сопругот, ТВ-продуцент и режисер, кој е најпознат по тоа што заедно со Рајан Марфи ги создадоа  хорор-сериите „Гли“, „Американска хорор приказна“ и „Кралици на вресокот“.

Заедничкото селфи доаѓа откако актерката позираше гола како од мајка родена, за својот 48. роденден и ја сподели фотографијата на Инстаграм.

Претходно на роденденот на неговата сопруга, Фалчук ја пофали дека таа може да направи пица од ништо, никогаш не доцни за коктели, и без напор, односно со невидена леснотија, знае да направи да изгледа добро.

Прикажи повеќе...

Забава

Селена Гомез ја продаде куќата во Студио Сити за 2,37 милиона долари

Објавено пред

Селена Гомез се прости од малата куќа во која живееше пред многу години.

„Лос Анџелес тајмс“ во вторникот објави дека пејачката ја продала својата мала куќа во населбата Студио Сити во Лос Анџелес за 2,37 милиона долари, точно две години по објавувањето на имотот за продажба во 2018 година.

Ова се случува неколку месеци откако актерката ја купи поранешната куќа на починатиот рокер Том Пети во Енсино, Калифорнија, за 4,9 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Uncategorized

Карди Би и Кери Вашингтон реагираа на дуелот Трамп – Бајден со критика за модераторот

Објавено пред

Голем број славни личности, меѓу кои Карди Би и Кери Вашингтон, се огласија на „Твитер“ во вторникот за да реагираат на жешката дебата меѓу претседателот Доналд Трамп и демократскиот кандидат Џо Бајден и за начинот на кој модераторот се справуваше со дуелот.

Двајцата политичари жестоко се судрија во Кливленд на теми за Врховниот суд, коронавирусот, расизмот, здравствената заштита и др.

Во услови на многу меѓусебни прекинувања, особено од страна на Трамп, и полемики што ги пречекоруваа временските ограничувања, на кои се согласија двајцата кандидати, модераторот Крис Валас не интервенира за да воспостави малку ред во дуелот, што наиде на критки на „Твитер“.

„Што се случува?!“, напиша Кери Вашингтон, позната актерка, продуцент и режисер. „Дали има потстудија за тоа кој може да има улога на модератор?! #дебати“, а раперката Карди Би се надоврза на објавата на Кери и напиша: „Тагни ме (означи ме), објавувајќи снимка од модераторот среде дебатата. 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Регистрирани 194 новозаразени, починаа 2 лица

Во последните 24 часа се направени 1.697 тестирања, а регистрирани се 194 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Регион3 часа

Грчките свештеници загрижени за барањето до Вартоломеј за автокефалност на македонската црква

Грчките црковни кругови ги коментираа барањата на македонските власти до вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква. Задната врата...

Македонија4 часа

Сојузот на средношколците најави бојкот во ноември ако не се дозволи комбинирана настава

Сојузот на средношколците најави бојкот на наставата од ноември доколу во октомври остане стабилна епидемиолошката состојба, а институциите не дозволат...

Македонија4 часа

Милошоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба

Заврши координацијата на пратеничката група на коалицијата „За обнова на Македонија“ по што пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, информира дека...

Регион5 часа

Албанија го одложи почетокот на училишната година

Албанија го одложи почетокот на училишната година за ноември откога бројот на заразени од коронавирусот во еден ден се зголеми на...

Топ6 часа

Приведена дилерка на кокаин во Тетово

Полицијата приведе 45-годишна жена од Теотово осомничена за продажба на кокаин. Според информациите од МВР, таа ја криела и ја...

Свет6 часа

Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании: го зголемуваме производството на вакцини со невидена брзина

Фондацијата на Бил и Мелинда Гејтс потпиша договор со 16 фармацевтски компании за да соработуваат во производството на вакцина против...

Македонија6 часа

Потрошени 6,7 милиони евра за итни набавки за заштита од Ковид-19, најмногу потрошило МВР

За итни набавки за заштита од коронавирусот, во првите шест месеци од кризата биле потрошени 6,7 милиони евра, покажува извештајот...

Македонија7 часа

Филипче на средба со медицинските сестри кои дадоа отказ од Инфективна – се обидел да ги убеди да останат

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се сретнал со трите медицински сестри од Инфективната клиника кои дадоа отказ. Според објавата...

Свет8 часа

(Видео) Хаотична прва дебата меѓу Трамп и Бајден

Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот противкандидат, поранешниот потпретседател и сенатор Џо Бајден, синоќа ја имаа првата од трите дебати...

Свет8 часа

Премиерот на Ерменија: За конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение

Премиерот на Ерменија, Никол Пашињан изјави дека за конфликтот во Нагорно-Карабах нема воено решение. Пашињан за телевизијата Русија 1 рекол...

Свет22 часа

Кремљ: Путин планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус

Рускиот претседател, Владимир Путин, планира да се вакцинира со руската вакцина против коронавирус, рече неговиот портпарол. „Путин планира да се...

Македонија23 часа

Алаѓозовски и Поповски именувани за национални координатори во Владата

Владата на денешната седница ги именува поранешниот министер за култура Роберт Алаѓозовски и поранешниот министер без ресор задолжен за комуникации,...

Македонија23 часа

Игротеките почнуваат со работа

Владата на денешната седница го усвои протоколот за работа на игротеките. „Владата го усвои протоколот за работа на игротеките во...

Македонија23 часа

Владата одобри целоднeвна настава во училиштата

По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната седница одобри целодневна настава во училиштата. „Одобрена е организацијата на...

Македонија1 ден

(Видео) Потпишан етичкиот кодекс, функционерите се обврзаа на транспарентно и одговорно работење

На седница на Владата денеска беше потпишан кодексот за етичко однесување на носителите на јавни функции. По тој повод, заменик-претседателот...

Свет1 ден

(Видео) Војската на Нагорно-Карабах соборила два азербејџански хеликоптера

Војската на Нагорно-Карабах собори два азербејџански хеликоптера користејќи ракети „земја-воздух“ – „игла“, објави прес-секретарот за ерменското Министерство за одбрана, Шушан...

Македонија1 ден

Осум починати и 112 новозаболени од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.372 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на...

Македонија1 ден

(Видео) Фетаи ќе бара затворски казни за сите обвинети во „Насилство во Центар“

Обвинителката Фатиме Фетаи ќе бара затворска казна за Миле Јанакиески и другите обвинети со жалба во апелација откако Кривичниот суд...

Македонија1 ден

Царовска: Место да ја бојкотираат онлајн-наставата, родителите, градоначалниците и директорите да седнат и да се договорат

Бојкот на онлајн-наставата нема да им донесе ништо добро на децата, рече денес министерката за образование и наука, Мила Царовска....

Досие