Контакт

Естрада

Актерот Крис Прат се ожени со ќерката на Шварценегер

Објавено пред

Познатиот актер Крис Прат и ќерката на Арнолд Шварценегер, Кетрин, правеа свадба по една година врска. Младата двојка викендов се венча на луксузниот имот Сан Исидоро, во Монтесито, Калифорнија.

Свадбената церемонија била интимна со мал број гости.

Крис и Кетрин се свршија во јануари, а среќната вест на „Инстаграм“ ја објави Крис.

„Слатка Кетрин, многу сум среќен дека кажа ‘да’“, напиша тогаш актерот.

Крис претходно беше во брак со актерката Ана Фарис, со која има едно дете. Тие се разведоа пред една година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Рекорден број нови композиции за 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“

Објавено пред

За 26. издание на „Охрид Фест – Охридски трубадури“, што ќе се одржува од 5 до 7 септември годинава, доставени се рекорден број нови песни.

На конкурсот, распишан за нови композиции, доставени се безмалку двесте демо снимки.

Според зборовите на Григор Копров, уметничкиот директор на Фестивалот, импресивната бројка на пристигнати демо снимки го потврдува значењето и интересот за Фестивалот, создавајќи простор за исчекор кон квалитетот, како на песните, така и на Фестивалот.

„Квалитетот ќе биде наша определба за годинешното издание на ‘Охрид Фест – Охридски трубадури’“, истакнува Копров.

Годинава, согласно конкурсот, е овозможен и настап на двајца дебитанти кои ќе добијат можност за прв настап на фестивалската сцена.

Прикажи повеќе...

Естрада

Обоважавател ја фатил Мајли Сајрус за косата и се обидел да ја бакне

Објавено пред

Минатиот викенд пејачката Мајли Сајрус (26) доживеа непријатна ситуација кога напуштајќи го хотелот во Барселона, еден нејзин обожавател ја фати за косата и сакаше да ја бакне.

Мајли дури сега се јави на социјалните мрежи по повод инцидентот.

„Таа може да носи што сака. Може да биде девица. Може да спие со пет луѓе. Таа може да биде со нејзиниот сопруг. Таа може да биде со девојка. Може да биде гола. Но, таа не може да се допира без нејзина согласност“, напиша Мајли на „Инстаграм“.

Иако имаше обожаватели што ја бранеа, имаше и такви што рекоа дека Мајли заслужува таков третман поради провокативните фотографии што ги објавува.

Прикажи повеќе...

Естрада

Почина Д-р Џон, блуз-легендата на Њу Орлеанс

Објавено пред

Добитникот на Греми-награда, американскиот пејач Д-р Џон, почина на 77-годишна возраст од срцев удар.

Д-р Џон починал во четвртокот судејќи според соопштението објавено на неговиот официјален профил на „Твитер“.

Пејачката на групата „Блонди“, Деби Хари, е една од многуте што преку социјалните мрежи се простија од легендарниот музичар.

Поранешниот тапанар на „Битлси“, Ринго Стар, објави фотографија на „Твитер“ со порака: „Бог да те благослови, мир и љубов за твоето семејство. Го сакам докторот, мир и љубов“.

Д-р Џон свиреше блуз, џез, рокенрол и буги.

На неговите настапи во живо имаше карневалска атмосфера. Носеше живописни костими со дречливи бои, пердуви…

Во 2011 година беше примен во Рокенрол-куќата на славните.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Заев очекува формален почеток на преговорите со ЕУ до крајот на годинава

Задоволни сме од денешниот заклучок на Советот на министри, но тој ќе значи целосен успех во октомври, кога ќе се...

Свет13 часа

Трамп на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти

Претседателот на САД, Доналд Трамп, на „Твитер“ најави масовни апсења на мигранти. Иронично за објавата на Трамп е дека големите миграциски...

Топ15 часа

Маж и жена од Тетово сексуално експлоатирале 15-годишно девојче

Жена од Тетово и нејзиниот сосед сексуално експлоатирале 15-годишно девојче. Тие договарале сексуални услуги на интернет и го носеле девојчето...

Македонија15 часа

ЕУ не определи датум за почеток на преговори со Северна Македонија

Министрите за надворешни работи на Европската Унија на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург не се согласија околу доделувањето...

Европа17 часа

(Видео) Меркел, поради дехидрација, неконтролирано се тресеше на пречекот на Зеленски

Германската канцеларка, Ангела Меркел, изгледаше како да не ѝ е добро и нејзиното тело неконтролирано се тресеше додека денеска во...

Македонија19 часа

Грујевски наредил опремата за прислушување да се сече на парчиња

Ни беше кажано од Горан Грујевски дека опремата за следење на комуникациите ќе ја исечка на парчиња од 5 сантиметри,...

Македонија19 часа

УБК прислушувала од аероклубот во Центар

Сведокот Сашо Трајковски во продолжението на сведочењето за предметот за масовното прислушување на СЈО – „Таргет – Тврдина“, рече дека,...

Свет19 часа

ОН: Светското население ќе порасне на 9,7 милијарди до 2050 година

Населението во светот старее и иако бројот на жители расте со побавно темпо, сепак се очекува негово зголемување од сегашните...

Регион20 часа

(Видео) Тројно убиство во Белград, жртвите биле мачени и фрлени во септичка јама

Во текот на изминатата ноќ по пријава на граѓани, српската полицијата открила три тела во септичка јама зад шопинг-центар во...

Македонија22 часа

Сведок на СЈО: Знаевме каде и како Мијалков и Грујевски се логираат за да прислушуваат

Сашо Трајковски, инженер во поранешната УБК, сведок на СЈО во предметот „Таргет – Тврдина“, во исказ пред судот рече дека...

Спорт22 часа

Мишел Платини уапсен за доделување на СП во 2022 на Катар!

Поранешниот претседател на УЕФА и легенда на францускиот фудбал, Мишел Платини, е уапсен во Нантер, предградие на Париз, поради одлуката...

Свет22 часа

(Видео) Во земјотресите во Кина загинаа 12, а повредени се 134 лица

Бројот на загинати во двата силни земјотреса во Кина се искачи на 12, а бројот на повредени на 134. Спасителите...

Свет23 часа

(Видео) Четворица повредени, пукотници и стампедо на прослава во Торонто

Четири лица се ранети при пукање на прославата на првата шампионска титула во НБА-лигата на Торонто репторс на плоштадот „Нејтан...

Македонија23 часа

Судир во ЕУ за почетокот на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Членките на ЕУ во понеделникот се судрија во однос на почетокот на преговорите за членство на Албанија и Северна Македонија,...

Македонија24 часа

Необезбедена јама демне во школски двор во Хиподром – родителите стравуваат за децата

Необезбедена јама веќе неколку месеци стои без заштитна ограда во дворот на основното училиште „Вера Јоциќ“ во населбата Хиподром (општина...

Hitech1 ден

„Хуавеј“ со загуба од 30 милијади долари

Основачот и директор на „Хуавеј“, Рен Женгфеи, потврди дека приходите на овој телекомуникациски гигант ќе бидат 30 милијарди долари помали...

Крвав четврток2 дена

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се...

Македонија2 дена

Поплавени подруми, непроодни улици и затнати шахти од невремето во Куманово

Oпштинa Куманово денес од 14,45 до 15,40 часот ја зафати пороен дожд кој направи проблем за собирање на водата во...

Македонија2 дена

Анкета на „Макфакс“: Шилегов направил најмалку за градот Скопје

Во онлајн-анкетата што ја спроведе истражувачкиот центар на „Макфакс“, на прашањето „Кој градоначалник на Скопје направи најмалку за градот?“, најголем...

Македонија2 дена

(Видео) Жителите на населбата Јака се жалат – живееме во кал и мрак, без јавен превоз

Седум години по почнувањето на изградбата на населбата Јака во Илинден, состојбата е непроменета – очајна, а општинската власт не...

Досие