Контакт

Забава

Алек Болдвин навестува крај на кариерата по фаталното пукање

Објавено пред

Алек Болдвин откри дека неговата актерска кариера најверојатно е завршена по фаталниот инцидент во кој загина снимателката Халина Хачинс на сетот на филмот Rust.

„Ова е веројатно крајот“, рече 63-годишниот актер во интервју со Џорџ Стефанопулос од „Еј-би-си њуз“, додавајќи дека повеќе не му е гајле за идни проекти.

Болдвин, исто така, потенцираше дека не го повлекол орозот од пиштолот за време на инцидентот на 21 октомври во Ново Мексико.

„Некој стави жив куршум во пиштол-реквизит“, рече тој. „Знам дека не сум јас.“

„Не знам што се случи на тој сет. Не знам како тој куршум стигна во тој пиштол. Не знам“, рече Болдвин.

„Но, јас се залагам да направиме сè што ќе нè однесе до место каде што е помала веројатноста тоа да се повтори“.

Актерот откри дека за време на пробата на 21 октомври Хачинс го режирала секое негово движење. „Таа ме водеше низ тоа како сака да го држам пиштолот за овој кадар. Го држев пиштолот онаму каде што таа ми рече да го држам, што на крајот ѝ беше вперен под нејзините пазуви“.

Но тој тврди дека дека не пукал. „Орозот не беше повлечен, јас не го повлеков орозот“, рече Болдвин.

Интервјуто за Еј-би-си беше емитувано во САД во четвртокот навечер.

Интервјуто е првпат Болдвин да зборува за инцидентот пред камера, освен кусата изјава што ја даде за „ТМЗ“ во октомври, во обид да ги спречи папараците да го следат него и неговото семејство.

Забава

Комеморација за Аки: „Во Загреб дојде со една торба, сега е во Алејата на великаните“

Објавено пред

Во малата сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб се одржа комеморација во чест на Аки Рахимовски, фронтменот на „Парни валјак“.

„Во Загреб нема кварт во кој Аки не бил во некој изнајмен стан, се дружеше во секој кварт. Притигна на станица со една торба и сега почива во Алејата на великаните во Загреб“, истакнаа неговите пријатели и колеги.

„Оние што добро го познаваа велат дека тој е веројатно најдобриот човек што некогаш го запознале“, изјави Никша Братош.

На комеморацијата присуствуваше и Дино Јелушиќ. Се потпиша во книгата на жалост, а потоа искажа топли зборови за Аки.

„Тој го ширеше позитивното. Денеска, за жал, се збогуваме со голем пејач и голем човек… ги раскажа нашите животни приказни и се надевам дека барем во следните 500 години ќе се појави некој од 75 килограми кој ќе знае да ги пренесе работите како него“, рече Дино.

На комеморацијата дојде и долгогодишниот пријател и соработник на Аки, Хусеин Хасанефендиќ-Хус, кој со емотивни зборови се прости од музичарот.

„Многу често беше камче во мојот чевел, многу од моите брчки се поради него, но многу поголем дел од тоа беше што ми ги исполни душата и срцето“, рече Хус.

„Судбина на ваквите ѕвезди е што тие си одат во мегаексплозии. Кој можеше да го замисли како старец на клупа“, додаде тој. По неговиот говор, беше објавено видео од еден од концертите на „Парни валјак“, на кој Аки ја пее песната „Љубавна“.

Аки Рахимовски почина во саботата (22 јануари) на 67-годишна возраст.

Прикажи повеќе...

Забава

Шарлиз Терон сподели ретка фотографија од ќерките и мајка ѝ

Објавено пред

Шарлиз Терон сподели ретка фотографија од ќерките Џексон (10) и Огуст (7), додека го прославуваше роденденот на својата мајка Герда во четвртокот.

46-годишната оскаровка постираше слајдшоу од фотографии на нејзината инстаграм-страница за да го облежи овој настан.

„Денес е роденден на мојата мајка. Сакав да споделам со сите вас бидејќи секој што ја познава знае колку е прекрасно да се застане на нејзината сончева светлина“, напиша Шарлиз во описот на објавата.

„Таа навистина е живот. Се смее погласно од кој било што сум го сретнала.“

Прикажи повеќе...

Забава

Софија Вергара снима сцени од новата серија „Гризелда“

Објавено пред

Софија Вергара во четвртокот попладне во Лос Анџелес снимаше сцена од претстојната лимитирана серија на Нетфликс „Гризелда“.

49-годишната актерка беше речиси непрепознатлива бидејќи носеше неколку протези на лицето што ѝ помогнаа да се трансформира во починатата колумбиска наркокралица Гризелда Бланко.

Серијата е инспирирана од вистинска приказна за Бланко и начинот на кој започна трговија со дрога од Колумбија до својата база во Мајами.

„Особините на посветена мајка и смртоносниот микс на шарм и незамисливо дивјаштво ѝ помогнаа да го најде патот меѓу семејството и работата, поради што стана нашироко позната како ‘Кума’“, се наведува  во описот на серијата за кралицата на дрогата.

Вергара, која воедно е и извршен продуцент на серијата, во една пригода рече: „Нејзината немилосрдна, но генијална тактика ѝ овозможи да владее со империја вредна милијарда долари многу години пред најозлогласените кралеви на дрога за кои сме слушнале.“

Прикажи повеќе...

Најново

Европа8 часа

Зеленски: Украина не е во војна, не ни треба оваа паника

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не може да исклучи ескалација и понатамошна тензија со Русија, но ја критикува преголемата...

Македонија11 час

Сали: Второто полугодие ќе почне со физичко присуство

Второто полугодие во училиштата ќе почне со физичко присуство, изјави министерот за здравство, Беким Сали, и според него, епидемиолошката состојба...

Економија12 часа

Цените на основните прехранбени производи остануваат замрзнати до 28 февруари, одлучи Владата

Владата, на денешната 8. седница, донесе одлука да продолжи важноста на мерката за определување највисоки цени на основните прехранбени производи,...

Македонија13 часа

26 починати лица, регистрирани 1.908 новозаразени од коронавирус

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа биле направени...

Свет14 часа

НАТО не планира да испрати воени трупи во Украина

НАТО не планира да испрати борбени трупи во Украина, изјави првиот човек на алијансата, Јенс Столтенберг. Практично, тоа значи дека...

Регион15 часа

Петков: Македонските Бугари ќе влезат во Уставот

Бугарскиот премиер Кирил Петков на денешното обраќање пред парламентот рече дека македонските Бугари ќе влезат во Уставот на Северна Македонија....

Македонија15 часа

Милошоски до Османи: Зошто не кажете што содржи нон-пејперот што сте го испратиле во Софија во декември?

Министерот Османи зборува да изградиме заеднички позиции, зборува за зрелост, почит и меѓусебна доверба, но како ние да имаме доверба...

Топ16 часа

„Ауди“ со деветмина мигранти излетало од патот Валандово – Струмица, возачот побегнал

Во полициската станица Валандово утрово било пријавено дека на регионалниот пат Р 1401 Валандово – Струмица возило „ауди“, со скопски...

Свет17 часа

(Видео) Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина

Тензиите меѓу Украина и Русија растат со месеци откако Кремљ почна да собира војници во близина на границите на Украина....

Македонија18 часа

На Клиниката за ортопедија направена првата трансплантација на лигамент од починат донор

На Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ Скопје вчера за првпат беше изведена трансплантација на лигамент од починат донор. Млад...

Свет20 часа

Лавров: Преговорите со САД и НАТО не се завршени – нема да дозволиме рушење на нашите интереси

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави за новинарите дека Москва не сака војна, но дека нема да дозволи...

Свет21 час

Тропска бура однесе 77 животи во Jужна Африка

Бројот на загинати во тропската бура Ана, која погоди три јужноафрикански земји – Мадагаскар, Мозамбик и Малави, се искачи на...

Свет21 час

Бајден: Одлучно ќе одговориме ако Русија ја нападне Украина

Американскиот претседател Џозеф Бајден во телефонски разговор со украинскиот лидер Володимир Зеленски ја потврдил подготвеноста на Вашингтон да одговори одлучно...

Македонија1 ден

Регистрирани нови 1.861 случај на Ковид-19 и 27 починати

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Свет2 дена

НАТО со нови барања до Москва

Откако американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека САД ѝ испратиле на Москва одговори на безбедносните барања на Русија, истото...

Македонија2 дена

СОНК: Второто полугодие да почне онлајн, училиштата можат да бидат опасен кластер

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура бара Владата да ја повлече одлуката за почеток на второто полугодие со физичко...

Топ2 дена

Осомничениот за сообраќајката кај Лисиче возел под дејство на алкохол и поминал на црвено

Јавното обвинителство од Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 21-годишниот скопјанец за кого постои сомнение за тешки дела...

Европа2 дена

Лавров: САД не одговараат на најважното прашање – ширењето на НАТО кон исток

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска изјави дека содржината на американскиот одговор на рускиот предлог за безбедносни гаранции...

Македонија2 дена

Писмо со закани по живот од терористичка организација добил јавниот обвинител Јовески

Државниот јавен обвинител извести дека во текот на вчерашниот ден, преку препорачана пратка експедирана од Пошта Битола на 17.1.2022 година...

Европа2 дена

Данска ги укинува сите ограничувања, короната е исклучена од категоријата на критични болести

Данските власти донесоа одлука за исклучување на Ковид-19 од категоријата на критични болести, а од 1 февруари ќе бидат укинати...

Досие