Забава
Алек Болдвин тврди дека не е виновен за смртта на Халина Хачинс

Алек Болдвин и понатаму инсистира на тоа дека не е виновен за смртта на снимателката Халина Хачинс.
63-годишниот актер поднесе барање за арбитража тврдејќи дека неговиот договор го штити од финансиска одговорност за смртта на камерманката, која беше застрелана среде снимање на нискобуџетски вестерн во Ново Мексико минатиот октомври. Во документите тој потенцира дека настаните што доведоа до трагедијата немаат никаква врска со него.
Во судските документи до кои дојде „Ентертејнмент тунајт“ стои: „Ова е редок случај кога системот паѓа и некој треба да биде прогласен за правно виновен за трагичните последици. Тоа лице не е Алек Болдвин“.
Семејството на загинатата Хачинс неодамна поднесе тужба против Болдвин и другите продуценти на Rust тврдејќи дека одговорните не се придржувале кон правилата за безбедност при снимање. Но, Болдвин негира дека бил невнимателен на сетот откако претходно негира дека го повлекол петлето на пиштолот. Тој вината ја префли на оружарката Хана Гутиерез-Рид и на помошник-режисерот Дејв Холс, кој му рекол дека оружјето нема вистински куршуми, а го спомна и Сет Кени, кој ја набавил муницијата за филмот.
„Во овој момент две работи се јасни: Некој е виновен што донел жива муниција и што тоа доведе до оваа ужасна трагедија, а тоа е некој друг, не е Болдвин“, се наведува во барањето за арбитража.
„Болдвин е актер. Тој не тврдел дека пиштолот е ладен кога всушност содржел жив куршум; тој не го наполнил пиштолот; тој не ги проверувал куршумите во пиштолот; тој не ги купил куршумите; тој не ги направил куршумите и не тврдел дека се безопасни; тој не бил задолжен за безбедноста на огненото оружје на сетот; тој не ги ангажирал луѓето што ги снабдувале куршумите или го проверувале пиштолот; и немал никаква улога во управувањето со реквизитите на филмот.
„Секоја од тие работи ја вршеше некој друг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Енди Мекдауел и Хелен Мирен ги воодушевија фановите танцувајќи во Кан

Енди Мекдауел и Хелен Мирен се забавуваа на црвениот тепих во Кан и со својот танц ги воодушевија фановите
Холивудските дами Енди Мекдауел и Хелен Мирен танцуваа на црвениот тепих во Кан, на премиерата на филмот „Мајка и син“.
Тие ги воодушевија и новинарите и фановите, кои коментираат дека и во седмата, односно осмата деценија, актерките знаат како да се забавуваат. На премиерата Мекдауел (64) беше облечена во лелеав фустан со пруги, а Мирен (76) носеше сребрен фустан.
View this post on Instagram
Забава
Илон Маск доби тужба од акционерите на „Твитер“ за манипулација

Акционерите на Твитер поднесоа тужба против Илон Маск и самиот Твитер за манипулирање со надолната цена на акциите на компанијата за време на нејзината понуда за преземање, вредна 44 милијарди долари.
Инвеститорите тврдат дека директорот на Tесла заштедил 156 милиони долари со тоа што не пријавил дека до 14 март купил повеќе од пет отсто од акциите на оваа социјална мрежа. Тие побараа од судот да ја признае нивната групна тужба и непознатиот износ на отштета.
Кон тужбата се приклучија и на Твитер, тврдејќи дека компанијата морала да го истражи однесувањето на Маск, иако не побарале отштета од неа.
Инвеститорите тврдат дека и по преминувањето на прагот од пет отсто од акциите, Маск продолжил да купува акции, за да пријави дека на почетокот на април имал 9,2 отсто од акциите.
„Со одложување на известувањето за својот удел во Твитер, Маск манипулираше со пазарот и купи акции на Твитер по вештачки ниска цена“, изјавија обвинителите.
Забава
Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.
„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.
Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.
Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.
Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.
„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи на сопствениот бренд.