Забава
Аманда Холден ја искритикува британската влада

Британската актерка Аманда Холден се огласи на Инстаграм во петокот наутро за да сподели троубек-фотографија од себе на плажа и за да ја критикува власта.
Откако слушнала дека луѓето кои патуваат во Велика Британија мора да презентираат негативен тест за Ковид или да ризикуваат парична казна од 500 фунти, ТВ-sвездата (49) праша зошто ова се случува дури сега.
Покрај фотографијата во бикини и наметка, таа вели дека е бесна поради тоа што морала да го откаже сопственото еднодвено патување среде пандемија на коронавирусот, поради „недостиг на здрав разум“.
„Требаше да патувам со авион, со претходно направен негативен тест и сè беше на свое место за безбеден одмор со моето семејство. Не ми е јасно зошто Обединетото Кралство донесе одлука за тестирање на луѓе кои доаѓаат во нашата земја?“
„Сите ние се жртвувавме толку многу на различни начини… повеќето од нас беа одговорни“, додава таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Ја изгуби улогата од Хенри Кавил, но Тајлер Хочлин сега е новиот Супермен

Со неодамнешната премиера на телевизиската серија „Супермен и Луис“, уште еден „човек од челик“ доаѓа во светот на суперхероите на Ди-си.
Сепак, оваа итерација на Кларк Кент, кого го толкуваше Тајлер Хочлин, постои веќе неколку години во таканаречениот Arrowverse (заеднички универзум на разни меѓусебно поврзани ТВ-серии за суперхерои на „Ди-си“) и дебитираше во 2016 година во серијалот Supergirl.
И иако е свесен за наследството кое „Човекот од челик“ го имаше низ децениите и низа одлични актери кои зачекорија во црвените чизми, Тајлер ја презема оваа култна улога со голема самодоверба.
Забава
Реге-легендата Бани Вејлер почина на 73-годишна возраст

Еден од најважните гласови на регето, Бани Вејлер, почина на 73-годишна возраст.
Музичарот од Кингстон, Јамајка, беше основачки член на бендот „Вејлерс“ (The Wailers) заедно со својот пријател од детството, Боб Марли.
Тие постигнаа меѓународна слава со реге-класиците, како Simmer Down и Stir It Up, пред Вејлер да реши да гради соло кариера во 1974 година.
Откако продолжи сам, тој освои три наради „Греми“, и беше одликуван со Орден за заслуги на Јамајка во 2017 година.
Причината за смртта е непозната. Тој беше во болница од мозочен удар во јули 2020 година.
Изворна инкарнација на „Вејлерс“ од 1964 година: Бани Вејлер, Боб Марли и Питер Тош
Забава
Организаторите на Евросонг планираат концерти во живо

Пејачи од 41 земја ќе се појават во живо на Евровизија оваа година во Холандија според плановите изнесени од организаторите на настанот.
Извршниот супервизор Мартин Остердал изјави за Би-би-си дека е потребно учесниците да допатуваат во Ротердам.
„Ова не е празнично патување, ова е всушност работа што треба да се заврши“, рече тој додавајќи дека допрва треба да се донесе одлука за можна публика во живо.
Минатогодишниот настан беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.
Натпреварот треба да се одржи во Ротердам во мај годинава. Холандската пејачка Данкан Лоренс победи на натпреварот во 2019 година со песната „Аркада“.
Говорејќи за поткастот на британскиот јаен сервис, Остердал рече дека најновите планови се развиени по дискусии со организатори на други меѓународни настани во живо.
„Ние сме во близок контакт со организатори на настани, како Формула 1, тениски турнири, голф-здруженија… и учиме од најдобрите искуства“, рече тој.
„Ги споредивме нашите планови со тие на МОК (Меѓународен олимписки комитет)“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер