Контакт

Забава

Амбер Валета 25 години е трезна

Објавено пред

Познатата манекенка Амбер Валета (45), поранешно заштитно лице на модната куќа „Армани“, во својата исповед за „Нет-а-портер“ зборуваше за зависноста од алкохол и наркотични средства. Оваа убавица гордо изјави дека е трезна веќе 25 години.

„Ако земам (алкохолен) пијалак или дрога, ќе бидам мртва. Ќе уништам сè“, рече Амбер додавајќи: „Само ако останам трезна, имам шанса да преживеам“.

Таа вели дека првпат се сретнала со дрогата кога имала 10 години, а на 18-годишна возраст почнала да зема кокаин.

Амбер Валета стана популарна во 90-тите години и имаше одлична врска со колешките Кејт Мос и Шалом Харлоу.

„Се боревме една за друга, плачевме заедно, се поддржувавме“, рече Амбер, која откри дека го мрази сегашното време на селфиња.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

„Колдплеј“ го пушти новиот сингл Higher Power во вселената

Објавено пред

Британскиот бенд „Колдплеј“ избра необичен начин да го одбележи објавувањето на нивниот најнов сингл Higher Power во петокот (7 мај).

Рок-бендот, познат по хитовите Paradise и Viva la Vida, се поврза со Меѓународната вселенска станица (International Space Station) за да разговара со францускиот астронаут Тома Песке за животот во вселената. Песке е најмладиот астронаут на Европската вселенска агенција (ЕСА).

Тие, исто така, споделија снимена изведба на нивната нова песна на отворено, вклучувајќи живописни вонземни холограми кои танцуваат на песната, а Песке ја пушти во бродот на вселенската станица ISS.

„Во моментов не сме во можност да свириме за никого на Земјата, па затоа помисливме да свириме за тебе“, му рече вокалистот на бендот, Крис Мартин, на Песке за време на нивниот разговор. Видео од нивната комуникација беше споделено во петокот.

„Тоа е како наш концерт за еден човек“, рече Крис.

„Колдплеј“ следната недела ќе ги отвори „БРИТ авордс“, највисоките почести на британската поп-музика, со изведба на Higher Power на реката Темза во близина на свечената церемонија вo О2 арената во Лондон.

Прикажи повеќе...

Забава

Древна историја: Шерон Стоун за фамозната сцена во „Ниски страсти“

Објавено пред

Шерон Стоун ја опиша култната сцена со прекрстување на нозете во Basic Instinct („ Ниски страсти“) како древна историја.

63-годишната актерка глумеше како Кетрин Трамел во филмот од 1992 година, но таа се наврати на незаборавната сцена во нејзините мемоари The Beauty of Living Twice.

Прашанa за коментар на таа тема во емисијата „Добро утро, Британија“ на британската Ај-ти-ви, Шарон рече: Напишав сè што навистина имав да кажам за тоа во книгата. Тоа е древна историја за мене”.

Шерон во своите мемоари тврди дека член на продукцискиот тим ѝ рекол да ја тргне долната облека на снимање на сцената и дека првпат го гледала филмот во просторија полна со агенти и адвокати.

Таа во книгата напиша:„Така ја видов мојата вагина  – снимена за филм, долго откако ми рекоа ‘не можеме да видиме ништо, треба да ги извадиш гаќичките бидејќи белото ја рефлектира светлината па сите знаеме дека имаш гаќички на себе’“.

Прикажи повеќе...

Забава

Лиам Хемсворт подготвен да ја побара Габриела Брукс за сопруга

Објавено пред

Австралискиот актер Лиам Хемсворт е во врска со Габриела Брукс од декември 2019 година, а извори сега тврдат дека тие се подготвени својата романса да ја однесат на следното ниво, бидејќи работите се „сериозни“ меѓу нив.

„Лиам и Габриела сигурно нема да ѝ соопштат на јавноста, но нивните пријатели и семејството знаат колку се зближија и дека свршувачката може да се случи кој било ден во блиска иднина“, изјави инсајдер.

Sвездата на „Игри на гладните“ (31) претходно беше во брак со Мајли Сајрус осум месеци пред разделбата во 2019 година, а нивниот развод беше финализиран во јануари 2020 година, еден месец откако Лиам ја започна својата романса со Габриела.

А, Лиам, наводно, сака неговата 24-годишна девојка да остане надвор од центарот на вниманието, бидејќи се бореше со преголемата јавна експонираност на неговата врска со Мајли.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Вчера се вакцинирале 12.606 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Исто така се наведува дека интересот...

Свет32 минути

Пентагон: САД не планираат да ја соборат кинеската ракета која неконтролирано кружи околу Земјата

САД се надеваат дека кинеската ракета, која неконтролирано кружи околу Земјата, ќе падне на безбедно место и засега не планираат...

Регион48 минути

(Видео) Хаос во косовското Собрание: Пратеници се туркаа, опозицијата побара оставка од министерката

Во Собранието на Косово имаше тензии меѓу пратениците на Демократската партија на Косово и Самоопределување, при што дојде до турканици...

Македонија1 час

Вархеји: Албанија би можела да ги почне разговорите за членство во ЕУ без Северна Македонија

Доколку продолжи бугарската блокада на Македонија, Брисел би можел да ги раздвои разговорите со Скопје и Тирана за членство во...

Регион1 час

Хрватска ќе им донира вакцини од „Астразенека“ на земјите од регионот

Хрватска ќе донира 50.000 дози вакцини за земјите во регионот, и тоа 30.000 за Босна и Херцеговина и по десет...

Свет1 час

Повторно пукање во училиште во САД: Ученичка пукаше во наставничката и соучениците

Повторно пукање во училиште во САД. Ученичка од шесто одделение извадила пиштол од ранецот и пукала во соучениците и наставничката....

Македонија18 часа

Во Македонија 324 нови случаи на коронавирус, починаа 26 лица

Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 324 нови случаи на коронавирус, а пријавени се 1.178 оздравени и 26...

Македонија20 часа

Антикорупциска утврдила дека парите платени на приватна фирма за кинески вакцини се вратени

Документот кој го објави ВМРО-ДПМНЕ за исплата на пари од Министерството за здравство, со цел набавка на кинески вакцини, го...

Македонија21 час

Заев: Само со нови докази повторно отворање на случајот за крвавиот упад во Собранието

Отворање на случајот одново само доколку има нови докази и моменти. Ова е ставот на премиерот Зоран Заев за барањето...

Европа21 час

Фон дер Лајен: Сите земји да дозволат извоз на вакцини

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска изјави дека ЕУ е подготвена да го разгледа секој предлог што...

Македонија21 час

(Видео) Премиерот Заев се вакцинираше со кинеската вакцина на „Синофарм“

Премиерот Зоран Заев се вакцинираше против коронавирус денеска на пунктот во спортската сала „Борис Трајковски“. Тој се вакцинираше со првата...

Македонија23 часа

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Министерството за здравство соопшти дека вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата и дека интересот за вакцинација секојдневно...

Регион24 часа

(Видео) Редици во трговски центар во Србија, покрај вакцинирање даваат пари и ваучери

Денеска во 9 часот наутро е отворен пункт за вакцинација во Трговскиот центар Ушче во Белград. Секој што сака да...

Свет1 ден

Болсонаро: Коронавирусот е направен за да се води биолошка војна

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека новиот коронавирус е можеби направен во лабораторија со цел да се води биолошка војна....

Свет1 ден

Најново истражување: „Фајзер“ штити повеќе од 95 проценти од коронавирус

Најголемата студија за ефикасноста на „Фајзер/Бионтек“ против коронавирусот кај општата популација покажа дека вакцината обезбедува повеќе од 95 проценти заштита...

Свет1 ден

Трета доза од вакцината на „Модерна“ штити од бразилскиот и јужноафриканскиот вид

Податоците од студија на 40 лица покажуваат дека дополнителната доза го зајакнува имунитетот против бразилскиoт и јужноафриканскиот вид на коронавирус....

Свет1 ден

ОН: Во светот недостигаат 900.000 акушерки

Светот во моментов се соочува со недостиг од 900.000 бабици и тоа е третина од потребните акушерки, се наведува во...

Македонија2 дена

Владата ги поддржува активностите на Општина Охрид за отстранување на бесправните градби

Владата ги поддржува активностите за отстранување на бесправните градби на охридското крајбрежје, кои ги изведува Општина Охрид, со што ги...

Македонија2 дена

Затворски казни за издавање лажни пасоши на странци со криминално досие

Четири затворски казни и една условна за лицата што признаа дека изработувале лажни пасоши на странци со криминално досие. Судечкиот...

Македонија2 дена

323 нови случаи на Ковид-19, починати се 24 лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа се направени...

Досие