Забава
Амбер Тарнер ужива на плажа со колешките од новата серија

Амбер Тарнер ја покажа својата беспрекорна фигура во бикини на плажа во вторникот пред да почне снимањето на новиот проект.
Таа им се придружи на Клои Медоус и Кортни Грин на снимањето на летната серија Towie во Доминиканската Република.
Атрактивната реална ѕвезда (28) го покажа својот бронзен тен додека си игра со песокот со колешките од серијата и со своето момче Ден Едгар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун: Имав девет спонтани абортуси пред да ги посвојам синовите

Глумицата Шерон Стоун преку социјалните мрежи првпат откри дека имала девет спонтани абортуси. Таа вели дека решила да ги посвои кога сфатила дека нема да може самата да роди дете.
„Ние како жени немаме форум за да разговараме за длабочината на оваа загуба. Изгубив девет деца поради спонтан абортус. Тоа не е мала работа, ниту физички ниту емотивно. Сепак, прават да се чувствуваме како тоа да е нешто што треба да го поднесеме сами и тајно со некакво чувство на неуспех наместо да ги добиеме толку потребните сочувство, емпатија и исцелување што ни требаат“, напиша глумицата.
Стоун (64) има три посвоени сина, Роан, Лирд и Квин, за кои често знае да каже дека се нејзиното најголемо богатство.
Признанието на глумицата дојде откога американската танчарка Пети Мургатројд објави дека го загубила бебето кога нејзиниот сопруг бил во Украина.
„Не знаев дека сум бремена. Крвавев два дена. Мислев дека имам менструација“, рече тогаш Мургатројд во интервју за магазинот „Пипл“.
Забава
Американскиот милијардер Руперт Мардок на 91 година се разведува од поранешната манекенка Џери Хол

Медиумскиот магнат Руперт Мардок (91) по шест години брак се разведува од поранешната манекенка Џери Хол, пишува Њујорк Тајмс. Хол е 26 години помлада од Мардок.
Тие се венчаа 2016 година во Лондон, по пет месеци во врска. Се венчаа две години откако Мардок се разведе од бизнисменката Венди Денг. Мардок потоа на Твитер напиша дека е најсреќниот човек на светот.
За Мардок тоа беше четврти брак, а Хол претходно не била во брак. Таа беше 22 годишна врска со Мик Џегер со кого има четири деца. Мардок од претходните бракови има шест деца.
Забава
Бред Пит најави крај на актерската кариера

Мега популарниот актер – Бред Пит во интервју за британски „GQ“ најави крај на неговата кариера со образложение дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.
„Се сметам дека стојам на последната нога. Во последниот семестар. Што ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? – рече Пит.
По разводот со Анџелина Џоли тој се приклучил на групата „Анонимни алкохоличари“.
„Имав навистина кул машка група овде, која беше навистина приватна и селективна, така што беше безбедно, бидејќи сум гледал работи на други луѓе, како Филип Сејмур Хофман, кој беше снимен додека си ги истура црева и тоа беше неприфатливо за мене“ рече актерот.