Забава
Амбер Херд реагира на првото тикток-видео на Деп

Џони Деп отвори профил на „Тик-ток“, на кој го објави своето прво видео заблагодарувајќи им се на фановите за поддршката што му ја покажаа во изминатите два месеца.
„До сите мои драгоцени, лојални и непоколебливи поддржувачи – бевме насекаде заедно, видовме сè заедно. Одевме на ист пат заедно. Заедно ја направивме вистинската работа. И сега сите заедно ќе одиме напред“, напиша тој под видеото.
Набргу потоа, Амбер Херд се огласи преку портпарол и одговори на видеото на Деп.
„Додека Џони Деп вели ‘одиме напред’, правата на жените одат назад“, изјави таа, како што пренесуваат странските медиуми.
„Пресудата им порача на жртвите на семејно насилство дека треба да се плашат да застанат за себе и да проговорат“, додаде Херд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Прв летечки хотел во светот – може да собере 5.000 луѓе

На You tube е објавена снимка на летечки хотел на иднината кој „никогаш не може да остане без гориво“. Благодарејќи на нуклеарната енергија, првиот летечки хотел ќе може да лета неколку години без да го допре тлото, се вели во описот на видеото, а го пренесува британски „Индепендент“.
Според амбициозниот дизајн, летечкиот хотел кој би се викал „Sky cruise“ би можел да прими до 5.000 гости.
Дизајнерите наведуваат дека ќе објектот ќе го покрене нуклеарна енергија и луксузниот брод за крстарење ќе биде управуван до вештачка интелигенција.
Проектот е претставен како дестинација за одмор, а во видео снимката се истакнуваат барови, ресторани, базени, кино, театар, гејминг соба, како и простории за вечнавки и прослави.
Проектот предвидува дека хотелот би имал 20 електрични мотори кои ќе обезбедуваат „чиста нуклеарна енергија“.
Забава
(Видео) Зеленски се сретна со Шон Пен, кој снима филм за Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на својот официјален Фејсбук профил сподели видео од средбата со Шон Пен.
„ Актерот и режисер Шон Пен снима документарен филм за војната во Украина. Од првиот ден на целосната инвазија, тој беше во Киев и со свои очи виде што е руска агресија. Наскоро целиот свет ќе може да ja види целата вистина за војната благодарение на неговиот филм. Шон, ти благодарам што ја поддржуваш нашата држава и нашиот народ!“, напиша Зеленски на видеото.
Пен се сретна со Зеленски во февруари, ден пред инвазијата и денот кога започна инвазијата.
„ Јасно беше дека сум во присуство на нешто… Тоа беше нешто ново за современиот свет во смисла на храброст, достоинство и љубов. Тоа беше извонреден момент. Начинот на кој ја обедини таа земја. Бев импресиониран и трогнат од тоа и преплашен од него и за Украина“, рече актерот за украинскиот претседател.
Тој исто така спомна дека неговата непрофитна организација прави се што може за да им помогне на луѓето во Украина, кои живеат во „мрачна нова реалност“.
Забава
Промоција на албумот на Влатко Илиевски со необјавени песни

По компилацијата со најголемите хитови на Влатко Илиевски – „За љубов се пее до крај“, објавена во 2020 година, на иницијатива на семејството на Влатко, на 2 јули ќе биде промовиран уште еден негов албум – „Последно танго“, составен од досега необјавени песни.
На денот кога Влатко ќе го прославеше својот 37. роденден, 2 јули 2022, точно напладне во ресторанот на ФК „Работнички“ во Градскиот парк, во присуство на неговите најблиски соработници и пријатели, првпат ќе бидат претставени песните, кои пред неговото трагично заминување беа подготвувани за неговиот нов студиски албум. Нешто што несомнено претставува музички тестамент на нашиот Влатче, велат организаторите на настанот.
Станува збор за колекција од 14 песни, кои авторски ги потпишуваат Кристијан Габроски, Владимир Дојчиновски, Ристо Самарџиев, Дарко Тасев, Весна Малинова…, како и легендарниот лидер на „Дивље јагоде“ – Зеле Липовача.
Зеле и Влатко, на радост на многубројните фанови, заедно го снимија големиот хит на „Дивље јагоде“ – „ Не желиш крај“.
Албумот содржи досега необјавени песни на носач на звук (некои фестивалски, две со златните славејчиња…), од кои половина се сосема нови и никогаш не се најдоа ниту на носач на звук ниту во радискиот етер, стои во соопштението.