Забава
Амброзио на плажа со нејзината 12-годишна „мини јас“

Алесандра Амброзио сподели низа фотографии на Инстаграм во средата наутро.
На некои од нив, 39-годишнaта икона на модната индустрија ја држи близу крај себе својата 12-годишна ќерка Ања додека се релаксираат на живописната плажа Малибу, а на други, ќерката на ѕвездата од модните писти кулира на балкон.
Поранешниот ангел на „Викторијас сикрет“ напиша симпатичен опис на објавата: Сите шмизли.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
На повидок нова комедија со Џорџ Клуни и Џулија Робертс

Новиот филм со Џорџ Клуни и Џулија Робертс, „Билет за рајот“, треба да излезе следната година.
Двете ѕвезди на „Money Monster“ и „Ocean’s Eleven“ повторно ќе се здружат за претстојната романтична комедија во режија на Ол Паркер, каде ќе глумат разведен пар кој патува на Бали за да ја спречи својата ќерка да стапи во брак.
Били Лурд ја глуми ќерката, која престојува на Бали и ја пронаоѓа својата романса со локален лекар.
„Варајети“ објави дека филмот ќе се појави во киносалите во САД на 30 септември 2022 година.
Снимањето треба да започне во Австралија подоцна оваа година.
Забава
Двејн Џонсон би се кандидирал за претседател ако народот го сака

Ѕвездата на „Брзи и бесни“ Двејн Џонсон изјави дека би се кандидирал за претседател на САД доколку почувствува доволно поддршка од Американците.
48-годишниот Џонсон, еден од најплатените и најпопуларните холивудски актери, веќе неколку години кокетира со можна понуда за Белата куќа.
„Мојата цел е да ја обединам нашата земја и сметам дека ќе го сторам тоа ако народот сака,“ рече Џонсон, запрашан за неговите претседателски амбиции во интервју што се емитуваше во понеделникот во емисијата „Тудеј“.
Поранешниот професионален борач не кажа која партија ќе ја претставува или кога би можел да се кандидира за Белата куќа.
Неговите коментари уследија по онлајн анкета на јавното мислење, објавена од компанијата „Пиплсеј“ минатата недела, според која околу 46 проценти од Американците би гласале за Џонсон.
По објавувањето на анкетата, Џонсон, познат како „Д Рок“ или карпата, на својот Инстаграм напиша дека ќе му биде чест да му служи на народот.
„Не мислам дека нашите Татковци основачи некогаш помислиле дека ќелав и тетовиран полу-црнец кој пие текила и вози пикап комбе ќе им се приклучи во клубот – но ако тоа некогаш се случи, ќе ми биде чест да ви служам.“
Забава
Принцовите Вилијам и Хари со одделни изјави за нивниот дедо

Кралските браќа ја пофалија напорната работа, карактерот и смислата за хумор на нивниот починат дедо во одделни изјави објавени во понеделникот.
Вилијам, војводата од Кембриџ, втор во редот за наследување на британскиот трон, му оддаде почит на војводата од Единбург, опишувајќи го како извонреден човек од извонредна генерација.
„Животот на мојот дедо го дефинираа службата и посветеноста – кон неговата земја и Комонвелтот, кон неговата сопруга кралицата и кон нашето семејство“, напиша тој.
„Мојот дедо беше извонреден човек и беше дел од извонредна генерација. Ќе ми недостасува, но знам дека тој би сакал да продолжиме со работа,“ истакна принцот Вилијам, додавајќи дека секогаш ќе биде благодарен што неговата сопруга Кејт имала можност да го запознае.
Во одделна изјава објавена половина час подоцна, и принцот Хари се потсети на својот дедо, опишувајќи го како човек со автентична, сериозна и остра духовитост. „Тој можеше да го задржи вниманието на секого поради неговиот шарм – и исто така затоа што никогаш не знаевте што ќе рече следно.“
„Меган, Арчи и јас (како и твојата идна правнука) секогаш ќе имаме посебно место за тебе во нашите срца“, додаде Хари, кој веќе пристигна во Велика Британија.
Ова е враќање дома што тој никогаш не би го посакал, но принцот Хари се врати во Велика Британија нешто повеќе од една година откако замина, за погребот на својот сакан дедо, војводата од Единбург, што ќе се одржи оваа сабота во замокот Виндзор.
Поради строгите правила за Ковид-19 за сите кои патуваат, Хари ќе остане во изолација во наредните денови.
Неговата сопруга војвотката Меган Маркл останува во нивната куќа во Монтесито во Калифорнија. Нејзините лекари ја советувале дека не е безбедно да лета, бидејќи остануваат само неколку месеци пред да го роди второто дете, сестра за Арчи Маунтбатен-Виндзор.
Војводата од Единбург, сопруг на кралицата Елизабета Втора, почина во петокот само неколку месеци пред неговиот 100-ти роденден.
- Свет2 месеци
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер
- Европа2 месеци
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Економија2 месеци
Сите брендови на Индитекс доаѓаат во „Ист гејт мол“
- Свет1 месец
(Видео) Полиција собори маж на земја пред неговото мало дете зашто немал маска
- Црна хроника2 месеци
Брат и сестра нападнати на Широк сокак
- Економија2 недели
„Оштетени штедачи“: Фирма на Игор Џамбазов зела неповратен кредит од Еуростандард банка
- Регион1 месец
Вучиќ за ковид-пасошите: Кои сте вие да го ограничите движењето на некој што не сака да се вакцинира?
- Македонија2 недели
Ѓорчев: Мојот татко е во кома откако се вакцинираше во Ниш