Контакт

Забава

Американците развиваат суперсоничен авион, од Њујорк до Лондон за 90 минути

Објавено пред

Американски стартап планира да развие патнички авион што ќе лета петпати побргу од звукот и кој ќе може за 90 минути да ги превезе патниците од Њујорк до Лондон, релација на која сега се патува подолго од седум часа, според Си-ен-ен.

Воздухопловната компанија „Хермеус корпорејшн“ со седиште во Атланта соопшти дека од инвеститори добила доволно финансиски средства за работа на проектот, чија реализација би требало да трае 10 години. Ако успее, ќе ги револуционизира комерцијалните летови.

Забава

Род Стјуарт се лекувал во тајност од рак на простата

Објавено пред

Британската рок-ѕвезда Род Стјуарт (74) призна дека го победил ракот на простата со кој се борел три години, пренесува „Дејли мејл“.

Ракот му бил дијагностициран во 2016 година, но, за среќа, болеста била откриена во рана фаза при рутински преглед. На добротворната манифестација минатиот викенд, тој реши да каже сè и призна дека се борел со ракот.

„Никој не знае, но решив дека ова е времето кога треба да им кажам на сите. Сега сум чист затоа што ми беше дијагностициран навреме, но сепак морам да направам уште многу тестови“, рече Стјуарт на настанот на кој се собираа средства за заболени од простата во клубот Вентворт во Сари.

Род ги предупреди обожавателите да се грижат за своето здравје и да ја задржат насмевката на лицето без разлика на сè.

„Луѓе, навистина треба да одите на лекар“, рече Стјуарт, кој има осум деца, додавајќи дека тој период го поминал благодарение на тоа што останал позитивен и насмеан.

Прикажи повеќе...

Забава

В четврток почнува „Вино фест“ пред Веро центар

Објавено пред

Специјално селектирани вина и различни деликатеси, зачинети со музиката на реномирани домашни изведувачи, ќе бидат во фокусот на годинешното издание на „Вино фест 2019“ што од 19 до 21 септември (од четврток до сабота) ќе се одржува на отворениот паркинг пред Веро центар во Скопје.

Настанот „Вино фест“ има примарна цел да ги промовира македонските винарници и нивните вина, со што ги стимулира домашните бизниси и ја поддржува економијата. Во исто време, на посетителите им овозможува да уживаат во врвни вина, гурмански задоволства од домашни и странски производители и квалитетна домашна музика.

Годинешниот „Вино фест“ ќе почне во четврток (19 септември) со диџеј сет на познатиот Драган Б. Костиќ од 19 часот, по што ќе следат настапите на фолк пејачот Миле Кузмановски и на популарниот Игор Џамбазов. Втората вечер ќе ја отвори диџеј Guardian, а по него ќе настапат битолската група „Фолтин“ и миленикот на публиката Владо Јаневски. Последната, саботна вечер на „Вино фест“ е резервирана за сет на диџеј Боби, како и за настапите на фолк ѕвездата Наум Петрески и „Амадеус бенд“.

Најновото издание на „Вино фест“ ќе овозможи тридневно уживање во вината на винарниците „Тиквеш“, „Бовин“, „Стоби“, „Далвина“, „Пивка“ и „Вардарска долина“, како и во пијалоците на Прилепска пиварница, а ќе понуди и гастрономско уживање во најразлични гурмански деликатеси обезбедени од „ЛЛ кетеринг“, „Златиборац“, „Лоренцо“, „Президент“, „Књаз Милош“, „Аква вива“ и апетисани „Џамбо“.

Музичката програма на „Вино фест 2019“ во четврток ќе почне во 19 часот и ќе трае до полноќ. Во петок и во сабота ќе почне во 20 часот и ќе трае до 1 часот наутро.

Прикажи повеќе...

Забава

По улогата на вселенски патник, Бред Пит ќе дознае како е вистински да се живее и работи во вселената

Објавено пред

Бред Пит (55) ќе разговара со астронаутот Ник Хаг за тоа како е да се живее и работи во вселената, соопштија од НАСА.

Американскиот актер во филмот „Ад Астра“ патува низ Сончевиот систем одејќи на Месечината и на Марс.

Хаг и неговите колеги неодамна го гледаа филмот.

Иако НАСА не е спомената во филмот, вселенската агенција им обезбедила фотографии и одредена техничка поддршка. Тие го разгледале и првичното сценарио на филмот „Ад Астра“.

НАСА планира повторно да ги испрати астронаутите на Месечината во следните пет години, а честопати го нуди своето знаење при снимање филмови за вселенско летање.

Фотографиите на НАСА веќе се користени во филмовите „Марсовец“, „Интерстелар“ и „Гравитација“ за да се поттикнат истражувањата во вселената.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„02 Иницијативата“: Ништо не е реализирано од програмата за намалување на загадувањето за 2019 година

Од програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 со два милиона евра нема ништо реализирано, а објавена e само една...

Свет3 часа

Путин, Ердоган и Рохани: Да се формира одбор за изработка на нов Устав во Сирија

Лидерите на Турција, Русија и на Иран, Реџеп Таип Ердоган, Владимир Путин и Хасан Рохани, се согласија на состанокот во...

Свет3 часа

Трамп: Иран стои зад нападот на Саудиска Арабија, но ќе почекаме да се докаже

Треба да се почека додека со сигурност не се дознае извршителот на нападот на Саудиска Арабија, изјави американскиот претседател Доналд...

Свет3 часа

Хамнеи: Никогаш нема да преговараме со САД

Иран никогаш нема да преговара со САД, политиката на Вашингтон заснована на максимален притисок ќе пропадне, изјави врховниот ирански верски...

Македонија3 часа

Пратеници формираа иницијатива за една изборна единица

Во Собранието на Северна Македонија се формира иницијатива за една изборна единица, во која се вклучија 12 пратеници од 10...

Македонија4 часа

Почнува внатрешното уредување на собите во студентскиот дом „Гоце Делчев“

Државниот студентски центар преку Министерството за образование и наука почнува со внатрешното  уредување на собите во В и Г-блоковите во...

Свет15 часа

Путин ѝ понуди оружје на Саудиска Арабија

Рускиот претседател Владимир Путин во Анкара ѝ понуди на Саудиска Арабија да ѝ продаде свое оружје, по нападите на нафтените...

Свет16 часа

(Видео) Еруптира најактивниот вулкан во Јапонија, исфрли пепел до 4.000 метри висина

Еруптира еден од најактивните вулкани во Јапонија, Сакуријам, и над кратерот исфрла облак од пепел на најмалку 1.000 метри висина,...

Македонија18 часа

(Видео) Активисти за заштита на животните упаднаа на собир на Шилегов и Марин

Активисти за заштита на животните упаднаа на собир во скопската населба Аеродром каде што средба со граѓаните имаа градоначалниците на...

Македонија23 часа

Укинат притворот на Стевчо Јакимовски

Судот му го укина куќниот притвор на поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и му определи мерки на претпазливот....

Македонија24 часа

(Видео) Фатиме Фетаи се враќа во скопското Обвинителство, Лиле Стефанова во Радовиш

Советот на јавните обвинители на денешната седница им го прекина мандатот во СЈО на десетте помошници на поранешната специјална обвинителка,...

Македонија24 часа

Колевски: Јанева повеќе не е ниту гевгелиски обвинител

Поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, повеќе не е ниту гевгелиски обвинител. Советот на јавните обвинители го стави...

Свет1 ден

Две семејства настрадаа во пожар во зграда во Сибир

Осум лица, меѓу кои и четири деца, загинаа во пожар во станбена зграда во сибирскиот град Краснојарск, соопшти руското Министерство...

Македонија1 ден

Одложено судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци

Денешното судење за автобуската несреќа кај Ласкарци, која се случи во февруари и во која загинаа 16 лица, беше одложено...

Економија1 ден

Во Холандија бројот на слободни работни места еднаков на бројот на невработени

Бројот на слободни работни места во Холандија на крајот на јуни бил еднаков на бројот на невработени. Стапката на невработеност...

Регион1 ден

Пожарот на Закинтос сè уште активен, во гаснењето се вклучија и авионите

Големиот шумски пожар во близина на селата Кери и Агалас на грчкиот остров Закинтос сè уште е надвор од контрола,...

Топ1 ден

Поднесено обвинение за ќерката што ја задави мајка си во Карпош

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение за кривично дело убиство против скопјанката што ја задави мајка си во Карпош. Според...

Свет1 ден

ЕУ загрижена за регионалната безбедност по нападот со дронови во Саудиска Арабија

Европската Унија смета дека нападот со дронови на нафтените постројки на државната нафтена компанија „Арамко“ во Саудиска Арабија претставуваат вистинска...

Свет1 ден

Потона брод во Индија, се удавија 12 лица

Најмалку 12 лица се удавиле, а десетици се пријавени како исчезнати по несреќа во југоисточна Индија кога туристички брод со...

Регион2 дена

Седумдесет Црногорци во банка имаат по повеќе од милион евра

Во банките во Црна Гора на крајот на август депозит поголем од еден милион евра имале 71 граѓанин, соопшти Централната...

Досие