Контакт

Забава

Ана Винтур откри зошто секогаш носи очила за сонце

Објавено пред

Ана Винтур, долгогодишната уредничка на американскиот „Вог“, даде интервју за Си-ен-ен, на кое пристигна облечена во шарен фустан во нејзин стил, впечатлив ѓердан и големи очила за сонце што станаа нејзин заштитен знак. Водителката веднаш ја праша зошто носи очила за сонце, а Винтур одговори дека неодамна имала операција на окото и дека инаку би дошла без очила.

„Но, ги носите многу често, дури и кога гледате модни ревии со кралицата Елизабета“, ѝ рече водителката, а Винтур се согласи.

„Можам да ви кажам дека очилата се многу корисни, луѓето не ги гледаат вашите реакции, не се обидуваат да ви ги прочитаат мислите. Очилата ги кријат заморот, лошото расположение… Луѓето не гледаат каде гледате“, рече Винтур и така ја реши долгогодишната мистерија со очилата.

Забава

Авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“: Принцот ја третираше Кејт како слугинка пред да се венчаат

Објавено пред

Авторот на книгата „Вилијам и Кетрин“, Ендру Мортон, тврди дека нивната врска била катастрофална и дека бројни пријателисе чуделе како воопшто завршиле во брак. Во книгата, која излезе пред венчавката на војводата и војвотката од Кембриџ, за кралската двојка зборуваат луѓе кои се дружеле со нив пред да се венчаат, и ретко кој има убаво мислење за нивната врска во која, наводно, Вилијам ја третирал Кејт како слугинка.

Кога во 2007 година тие на кратко ја прекинаа врската, голем број пријатели помислиле „фала богу се заврши тоа“, тврди Мортон. Вилијам, наводно, ја држел Кејт на конец и не ја сфаќал сериозно, често ја игнорирал во друштво, особено кога разговарал со други луѓе.

„Нивната врска постојано беше на работ. Секогаш проблеми и караници. Вилијам ја третираше Кејт како слугинка, а не како девојка“ рекла една пријателка на кралската двојка и додала дека принцот можел да прави што ќе посака со Кејт.

Прикажи повеќе...

Забава

Во Рим откриена сочувана глава од античко божевство

Објавено пред

Археолозите во близина на римскиот Колосеум пронашле невообичаено сочувана глава од античко римски кип, објави римскиот градски совет.

Во соопштението стои дека е пронајдена бела мраморна глава, нешто поголема од вистинска човечка глава и дека датира од царскиот период, кој од прилика трае од првиот век пред нашата ера до третиот и четвртиот век од нашата ера.

Се верува дека главата прикажува божество, но не е јасно од кој вид. Советот првично пишувал за божица, но експертите од Археолошкиот парк на Колосеумот, се поделени околу тоа тврдење.

Во одделно соопштение, Советот наведува дека тоа би можел да биде млад и женствен приказ на Диониз или Бака, грчко-римскиот бог на виното, екстазата и плодноста.

Главата е пронајдена во средновековен ѕид на улицата Александрина, речиси паралелно со авенијата Виа деи Фори Империјали, која води до Колосеумот.

Римската градоначалничка, Вирџинија Раги, на нејзиниот Фејсбук профил, ова откритие го нарече исклучително.

Прикажи повеќе...

Hitech

Фејсбук воведува своја криптовалута

Објавено пред

Компанијата Фејсбук ги привршува плановите за лансирање сопствена криптовалута и систем за дигитална наплата во десетина земји во првиот квартал на 2020 година. Гигантот на социјалните мрежи до крајот на годинава планира интерно да го тестира овој систем наречен Global Coin.

Основачот на Фејсбук , Марк Закерберг минаиот месец разговарал со директорот на британската Централна банка,Марк Карни за ризиците и можностите што ги носи криптовалутата. Компанијата преговара со други компании за трансфер на пари како што е Western Union,за да договорат што поефтини и побрзи трансфери на пари за граѓаните без банкарски сметки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија37 минути

Нимиц: Компромис на Балканот има лошо значение

Американскиот дипломат Метју Нимиц, кој беше посредник во спорот со името со Грција, оценува дека на Балканот зборот компромис има...

Македонија1 час

На Табановце голема колона возила, нема струја на преминот

На граничниот премин Табановце, направена е долга колона на возила, бидејќи нема струја. Не е позната причината зошто нема струја,...

Политика3 часа

Од среда почнува поднесувањето барања за новите права од социјалната реформа

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска денеска на прес конференција ги повика сите лица коишто се во социјален...

Регион4 часа

Автобус остана без покрив откако помина под мост во Пловдив

Немил инцидент ги вознемири утрово бугарските жители на градот Пловдив, кога автобус остана без својот покрив откако помина под еден...

Свет5 часа

Трамп: Му верувам на Ким дека ќе го одржи ветувањето што ми го даде

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека и натаму му верува на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, наспроти пекинот...

Свет5 часа

(Видео) Торнадо срамни со земја хотел во Оклахома, има и мртви

Торнадо синоќа во доцните часови го погоди Ел Рено во Оклахома, пренесе „Фокс Њуз“. I’m in El Reno. I was...

Европа6 часа

Последен ден од европските избори, гласаат поголем дел од државите

Дваесетина земји од Европската Унија денеска гласаат на европските избори, откако вчера гласаа Летонија, Малта и Словачка, а претходно гласаа...

Свет20 часа

Трамп ја одобри продажбата на оружје на Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп ја одобри продажбата на, осум милијарди долари вредното, оружје на Саудиска Арабија, наведувајќи ги иранските закани...

Свет23 часа

Меѓународниот суд ѝ нареди на Русија да ги ослободи украинските морнари

Меѓународниот трибунал ѝ нареди на Русија веднаш да ги ослободи 24-те украински морнари и трите бородови, кои ги заплени на...

Македонија1 ден

Момчето кое се повреди од струен удар ќе се лекува во Софија

Министерството за здравство информира дека момчето кое вчера се здоби со изгореници од струен удар е испратено на лекување во...

Македонија1 ден

(Видео) Протест на жители на Гази Баба: Градоначалникот да даде оставка, а не да ни носи центар за зависници

Имаме кучкарник, канта пазар, кванташки пазар, сточен пазар, депонија, уште центар за зависници треба да ни донесат да бидеме комплетни....

Македонија1 ден

Владата: Управниот суд пресуди дека раскинувањето на договорот за „Казандол“ е законито

Владата информира дека Управниот суд донел пресуда дека едностраното раскинување на договорот за изградба на рудникот „Казандол“ од страната на...

Вести1 ден

Судот ја блокира изградбата на ѕидот на Трамп

Федералниот суд во Калифорнија ѝ нареди на администрацијата на американскиот претседател, Доналд Трамп, да престане да ги користи средствата од...

Европа1 ден

ОН изгласа: Велика Британија да го врати островот од кој го протера населението

Генералното собрание на Обединетите нации побара од Велика Британија во рок од шест месеци на Маурициус да му го врати...

Спорт1 ден

„Златната копачка“ по шести пат за Лионел Меси

Лионел Меси е првиот фудбалер кој ја освоил „златната копачка“ во Европа три години во низа, откако Килијан Мбапе, неговиот...

Македонија1 ден

Земјотрес во Пехчево и Берово

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала вчеравечер бил почувствуван во Пехчево, Берово и околината, соопшти Сеизмолошката опсерваторија...

Европа2 дена

(Видео) Експлодираше бомба во Лион, најмалку осум лица се повредени

Најмалку осум лица се повредени при бомбашки напад во централен Лион, соопштија француски официјални лица. Explosion in pedestrian street in...

Свет2 дена

(Вознемирувачко видео) Дваесет ученици загинаа скокајќи од запалена зграда во Индија

Најмалку дваесет ученици загинаа, а дваесетина  се повредени скокајќи од запалена зграда во Индија, каде што посетувале настава. Massive tragedy...

Свет2 дена

Штрахе тужи три лица за скандалот поради кој падна австриската влада

Лидерот на десничарската партија и досегашен вицеканцелар, Хајнц Кристијан Штрахе поднел тужба против три лица, откако падна во замка со...

Македонија2 дена

(Видео) Македонска делегација на молебен и на аудиенција кај папата во Рим

Заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, заедно со сопругата, е дел од официјалната државна делегација,...

Досие