Контакт

Забава

Ана Ивановиќ во ултракус фустан три месеца по породувањето

Објавено пред

Ана Ивановиќ нa крајот на август го роди вториот син, но веднаш по породувањето, таа си ја врати старата линија, која гордо ја покажува во јавност.

Ана и сопругот Бастијан Швајнштајгер синоќа излегоа на вечера, а за тој повод таа избра кус фустан со пруги, кој во прв план ги истакна нејзините долги нозе.

Поранешната тенисерка носи чевли со високи потпетици, а Бастијан ја прегрнува околу половината додека позираат.

Тие веднаш насобраа многубројни комплименти за својот изглед.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Сер Дејвид Атенборо го собори инстаграм-рекордот на Џенифер Анистон

Објавено пред

Британскиот истражувач Дејвид Атенборо го собори рекордот на холивудската актерка Џенифер Анистон за најбрзо достигнување еден милион следачи на „Инстаграм“.

На возраст од 94 години бројот на следачи на познатиот натуралист достигна седум цифри за четири часа и 44 минути, според Гинисовата книга на светските рекорди, пренесува Би-би-си.

Сер Дејвид Атенборо првпат се пријави на „Инстаграм“ во четвртокот со цел да ја сподели својата порака за заштита на животната средина. Во неговата прва објава на социјалната мрежа тој напиша: „Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик“.

Во своето прво видео ветеранот рече: „Го правам овој потег и го истражувам овој нов начин на комуникација бидејќи, како што сите знаеме, светот е во неволја“.

„Континентите горат. Глечерите се топат. Корални гребени умираат. Рибите исчезнуваат од нашите океани. Списокот продолжува и продолжува. Спасувањето на нашата планета сега е комуникациски предизвик“.

Минатиот октомври ѕвездата на „Пријатели“, Анистон, ја достигна пресвртницата за пет часа и 16 минути.

Бројот на луѓе што го следат Атенборо се искачи на 2,5 милиона во рок од 24 часа. Сепак, тој е на некој начин зад најследената личност на планетава – фудбалерот Кристијано Роналдо, кој има 238 милиони, коментира Би-би-си.

Прикажи повеќе...

Забава

Том Хенкс финансиски помогнал да се снимат некои од иконските сцени на „Форест Гамп“

Објавено пред

Во Холивуд е познат по тоа дека е многу добар човек, приземен и секогаш пристоен, а најново, дека е и дарежлив, кога откри дека платил дел од трошоците за продукција на култниот „Форест Гамп“ од својот џеб.

Омилениот холивудски актер, режисер и продуцент Том Хенкс откри дека помогнал да се плати скапото патување на главниот лик низ целата земја кога режисерот на филмот од 1994 година, Роберт Земекис, го замолил да ги подели трошоците со него.

Во разговор со новинарот Грејм Бесинџер (In Depth), Хенкс се присети: „Режисерот рече: Ова патување ќе чини икс долари. И тоа не беше евтино. Му одговорив: Добро. Тој додаде: Јас и ти ќе ја поделиме таа сума“.

„Ние ќе ви ги вратиме парите, но вие момци („Парамаунт“) ќе мора да ги споделите и профитите, а студиото одговори: „Одлично. Договорено!“, раскажува Хенкс. „Тоа беше добро и за нас“, рече тој.

Хенкс исто така помогнал во трошоците за осигурување.

„Тие рекоа: Временските услови се такви што не можеме да обезбедиме осигурително покритие. Значи, вие момци не можете да снимате. Боб (Роберт Земекис) и јас им рековме: Ние ќе го покриеме осигурувањето. И тоа го сторивме“.

„Форест Гамп“, филмска адаптација на истоимениот роман на Винстон Грум од 1986 година, освои шест „Оскари“ во најважните категории и три „Златни глобуси“. Комичната драма, сторија за млад човек со умствена попреченост, кој се издигнува над животот, се смета за класика на современата филмографија.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Хоакин Феникс добил син пред еден месец

Објавено пред

Оскаровецот и ѕвездата на „Џокер“, Хоакин Феникс, и неговата свршеница, актерката Руни Мара, наводно, пред еден месец го дочекале нивното прво дете, машко бебе, и го крстиле по покојниот брат на Феникс, Ривер.

Режисерот Виктор Косаковски веста ја откри на филмскиот фестивал во Цирих по проекцијата на филмот „Гунда“ на кој Хоакин е извршен продуцент.

Косаковски ја спомна убавата вест во емисијата Q&A („Прашања и одговори“) изминатиов викенд кога го прашаа како го инволвирал новиот татко во филмот. „Патем, тој доби бебе… убав син Ривер“.

45-годишниот оскаровец и неговата 35-годишна свршеница не го објавија раѓањето на нивното прво дете и никогаш не ја потврдија бременоста.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Одбраната на Јанакиески: Ако бил близок соработник на Груевски, немало да биде прислушуван

Адвокатот Димитар Дангов во завршните зборови посочи дека обвинението против Миле Јанакиески за „Насилство во Центар“ треба да биде повлечено...

Македонија2 часа

Четири лица починаа, потврдени 48 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа потврдени се 48 нови случаи на коронавирус од 387 теста, а починаа четири лица, соопшти Министерството...

Македонија2 часа

МОН: Во тек се тестирањата на Националната платформа за онлајн-настава

Во тек се тестирањата на платформата, се работи на нејзина оптимизација, велат од Министерството за образование и наука по реакциите...

Свет3 часа

(Видео) Жестоки борби во Нагорно-Карабах, светските лидери бараат прекин на огнот

Голем судир меѓу Ерменија и Азербејџан избувна во регионот Нагорно-Карабах. ООН повика на итен прекин на огнот. Москва, Вашингтон и...

Свет3 часа

Kина: Запрете го увозот на замрзната храна од загрозените земји, преку неа се пренесува короната

Властите во Пекинг апелираа до увозниците да престанат да увезуваат замрзната храна од земјите погодени од епидемијата Ковид-19 бидејќи примероците...

Македонија4 часа

Притвор за десеттемина дрвокрадци кои претепаа полицајци

Судот определи мерка притвор од 30 дена за десет осомничени лица кои биле вклучени во претепувањето на полициските службеници во...

Регион5 часа

Трамп: Лидерите на Србија и Косово се прегрнаа во Белата куќа, прекрасно беше да се види тоа

На предизборен митинг во сојузната држава Пенсилванија, Трамп повторно зборуваше за неговото посредување меѓу Србија и Косово, како и меѓу...

Економија6 часа

Усвоен четвртиот пакет економски мерки – 470 милиони евра за поддршка на граѓаните и стопанството

Владата на вчерашната редовна седница ја разгледа информацијата за четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на...

Македонија6 часа

Седум града со над 100 активно заразени од коронавирус

Во моментот во земјата како активни се водат 2.323 случаи на заразени од коронавирус. Од нив, во седум македонски града...

Економија18 часа

Субвенции и за казината – ќе плаќаат само една третина од износот за лиценца

Во четвртиот сет мерки Владата предвиде субвенции за приредувачите на игри на среќа за месеците октомври, ноември и декември. Тие...

Македонија19 часа

Заев и Борисов разговараа телефонски: Историските комисии треба да најдат решенија прифатливи за двете страни

Премиерите на Република Северна Македонија и Република Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, денеска телефонски разговараа за повеќе области на...

Регион20 часа

Серија земјотреси кај Атос

Серија земјотреси, од кои најсилниот од 5,2 степени според Рихтеровата скала, ја погодија областа Атос во Грција во последните 24...

Свет20 часа

(Видео) Борбите околу Нагорно-Карабах траат со часови, има мртви и ранети војници и цивили

Парламентот на Азербејџан прогласи воена состојба и полициски час во неколку региони по вооружениот конфликт со Ерменија околу Нагорно-Карабах, јавува...

Свет21 час

Папата Франциско повика на мир меѓу Ерменија и Азербејџан

Папата Франциско денеска апелираше до Ерменија и Азербејџан да ги решат „нивните недоразбирања“ преку преговори по конфликтот за отцепениот регион...

Топ22 часа

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско

Шестгодишно дете почина од струен удар во Скопско. Како што информира МВР, вчера во 14.25 часот во СВР Скопје, од...

Македонија23 часа

Tројца починати и 148 новозаразени од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.224 тестирања, а регистрирани се 148 нови случаи на...

Економија1 ден

Викенд без ДДВ од 10 до 12 октомври

Викендот без ДДВ ќе биде за време на празничниот продолжен викенд од 10-12 октомври. Државата ќе врати ДДВ на секој...

Топ1 ден

Малолетник од Струмица осомничен за 13 тешки кражби и разбојништва

Струмичката полиција до надлежното Основно јавно обвинителство ќе поднесе пријава против 13-годишник од Струмица, поради сомнение дека извршил 13 кривични...

Европа1 ден

Брисел – ново европско жариште на вирусот

Дневниот просек на новоинфицирани со коронавирусот во последната недела во Брисел е 2.305, односно 340 заразени на 100 илјади жители....

Свет1 ден

(Видео) По Нагорно-Карабах и Ерменија прогласи воена состојба, тензиите ескалираат

Ерменските власти денеска прогласија воена состојба и општа мобилизација откако избувнаа нови судири во Нагорно-Карабах меѓу тамошните сепаратисти поддржани од...

Досие