Контакт

Естрада

Англичаните загубија поради „проклетството на Мик Џегер”?

Објавено пред

Реакциите по натпреварот Хрватска-Англија не стивнуваат дури ни по два дена. А колку Англичаните се погодени од тоа говори и фактот што тие се свртеа против познатиот музичар Мик Џегер. Многумина го сметаат за виновен што англиската репрезентација нема да се најде во финалето на Светското првенство во фудбал.

Пејачот Мик Џегер го бодреше својот тим во Москва. Тој на својот инстаграм-профил напиша: „Ајде одиме, Англија“.

А потоа, по поразот на англискиот тим, медиумите на островот почнаа да потсетуваат на „проклетството на Мик Џегер“.

Џегер е голем фан на спортски натпревари, но некако се случува секојпат кога тој ќе се појави да поддржи некој тим, тој да загуби.

Пред 20 години го следеше натпреварот Англија-Аргентина на Светското првенство во Франција и победи Аргентина. Пред осум години првин навиваше за САД против Гана, потоа за Бразил против Холандија и Англија против Германија. Сите изгубија.

Естрада

„Металика“ објавува илустрирана книга за бендот

Објавено пред

Легендарниот рок-бенд „Металика“ годинава ќе објави илустрирана книга со наслов The ABCs of Metallica.

Книгата претставува осврт на целата кариера на бендот, од А до Ш, прикажувајќи ги со секоја буква песната и периодот кога ја снимиле, како и интересни факти за членовите на оваа популарна група.

Legendarni rok bend Metallica će objaviti ilustrovanu knjigu pod nazivom "The ABCs of Metallica"!Knjiga se osvrće na…

Posted by Universal Music Serbia on Четврток, 18 јули 2019

Колекционерското издание на „Металика“ се очекува на 26 ноември.

Сите приходи од продажбата се наменети за фондацијата што ја основа бендот, All Within My Hands.

Прикажи повеќе...

Естрада

Во Прилеп почнува „Пивофест 2019“

Објавено пред

Сакам да ве убедам дека сме спремни за почеток на годинешниот „Пивофест 2019“, направени се сите подготовки, спремни се сите штандови, како и главната бина на која вечер ќе настапат изведувачите, истакна на денешната прес-конференција непосредно пред почетокот на манифестацијата, градоначалникот Илија Јованоски.

Прилепскиот градоначалник потенцираше дека јавните комунални претпријатија се максимално ангажирани околу чистотата на градот, а безбедносната состојба е на потребното ниво.

„Годинава на поразличен начин се решава паркирањето на возилата. Имено, паркирањето ќе почне од периферијата кон централното градско подрачје, затоа што на тој начин на сите учесници во сообраќајот и на пешаците им се дава можност да бидат порелаксирани. Сигурен сум дека во овие 4 денови ќе имаме одлична забава, расположение кај сите граѓани како од нашиот град, така и кај оние од другите градови од нашата држава и од странство кои ќе присуствуваат на фестивалот“, рече градоначалникот.

Еден од изведувачите во првата вечер, Ѓорѓе Давид, на пресот истакна дека е возбуден поради тоа што сцената ќе ја дели со голем број квалитетни музичари.

„Ми причинува посебна чест што со Неша од ‘Галија’ ќе настапувам во иста вечер и што ми се оствари еден долгогодишен професионален сон, а тоа е што ќе настапувам и со една од двете најдобри пејачки од ексјупросторите. Покрај Нина Бадриќ, тоа е Ивана Петерс, позната како Ивана ‘Негатив’, што се случи во една целосно спонтана варијанта“, изјави Давид.

Покрај настапите на познатите музички имиња на главната сцена, вечерва како и сите останати вечери, забава ќе има и на алтернативната сцена од Камена бина, информираа градските власти.

Прикажи повеќе...

Естрада

Русите ја нападнаа Гага, ќе го вратат Бредли како што го вратија Крим

Објавено пред

Профилот на пејачата Лејди Гага (33) на социјалните мрежи е полн со коментари на лути Руси што ја напаѓаат поради наводната афера со актерот Бредли Купер (44), поранешното момче на руската моделка Ирина Шајк (33). На пејачката ѝ пишуваат на кирилица да ѝ го врати Бредли на девојката на која тој навистина ѝ припаѓа – Ирина.

Русите се лути бидејќи се чини дека Ирина е понижена во целата таа приказна, па се обидуваат да ги поправат работите.

„Го вративме Крим, ќе го вратиме и Бредли“, пишува во еден коментар.

Цело време пејачката добива потценувачки коментари во кои ја навредуваат и понижуваат, а Ирина ја фалат. Поради многуте коментари на кирилица, се чини дека никој друг не ѝ пишува на пејачката.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет6 часа

Половина век од првото слетување на Месечината

Во Америка со низа манифестации денеска се одбележува 50-годишнината од слетувањето на Месечината на американските астронаути, Нил Армстронг и Баз...

Свет7 часа

Путин: Го симпатизирав Трамп на изборите во 2016, што има тука лошо?

Рускиот претседател, Владимир Путин, изјави дека го „симпатизирал“ Доналд Трамп како кандидат на претседателските избори во 2016 година, бидејќи Трамп...

Македонија8 часа

На преминот „Богородица“ за излез од државата се чека и по еден час

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ) во...

Свет10 часа

Расте напнатоста поради запленетиот танкер, британски министер го предупреди Иран

Британскиот министер за надворешни работи, Џереми Хант, денеска изјави дека инцидентот со нафтениот танкер во Ормускиот проток може да биде...

Македонија13 часа

Заев го промени телефонскиот број, дел од неговите соработници ќе бидат отпуштени

Премиерот Зоран Заев и неговиот Кабинет воведуваат мерки за зголемување на безбедноста и ефикасноста во спроведувањето на агендата и комуникациите....

Македонија14 часа

За ВМРО е прифатливо припојувањето на СЈО и ЈО, но не се согласуваат со предлогот за Русковска

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски изјави дека спојувањето на СЈО во ЈО во едно обвинителство, на некој начин е практично прифатливо...

Македонија16 часа

Охрид нема да ги враќа ингеренциите, туку проблемот со дивоградбите ќе гo решава заедно со Владата

Општина Охрид соопшти дека досега нема испратено официјално барање до Владата во врска со изземање или отстапување на ингеренции во...

Македонија17 часа

Возило со 34 лица од Авганистан се превртело кај Демир Капија

Товарно возило во кое имало 34 лица од Авганистан, се превртело вчера на патниот правец Демир Капија – Неготино, кај место викано...

Македонија17 часа

Подметната бомба во кафуле во Прилеп за време на „Пивофест“

Во кафе барот „Кафе Ин“ синоќа околу 23.30 часот била подметната бомба. Од Јавното обвинителство соопштија дека во присуство на...

Регион18 часа

Мета: Горд сум на Харадинај и убеден во неговата невиност

Aлбанскиот претседател Илир Мета, по неотповикливата оставка на косовскиот премиер Рамуш Харадинај нагласи дека не постоeел притисок кој може да го скрши,...

Македонија18 часа

Објавен новиот предлог-закон: СЈО и ОЈО за организиран криминал ќе се спојат во ново јавно обвинителство

Министерството за правда подготви нов Предлог-закон за Јавно обвинителство во кој се здружуваат постојните капацитети на СЈО и Основното јавно...

Македонија1 ден

Мицкоски на состанок со Беса: „Ја договоривме заедничката борба против актуелната власт“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, заедно со генералниот секретар Игор Јанушев оствари средба со претседателот на Движењето Беса, Биљал Касами,...

Македонија2 дена

(Видео) За премиерот Заев, Кики и Фрики не постојат

Кики и Фрики за мене не постојат, објавете ги со име за да може да ве тужат, рече премиерот Заев...

Македонија2 дена

Власта предлага СЈО да се интегрира во Обвинителството за гонење организиран криминал и да го води Русковска

Владата ќе достави нов предлог-закон за Јавното обвинителство според кој специјалното јавно обвинителство ќе се интегрира во Обвинителството за гонење...

Македонија2 дена

(Видео) Просветниот инспекторат има 7 дена да одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Дисциплинската комисија му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат да одлучи во рок од 7 дена дали ќе го...

Македонија2 дена

Градоначалникот на Струга се откажа од ингеренциите за издавање дозволи за градба

Градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко, ѝ ги отстапи на Владата ингеренциите во делот на издавање дозволи за градба, легализација...

Македонија2 дена

Владата: Откажана лидерската средба, не прифаќаме ултиматуми од Мицкоски

Лидерската средба што беше планирана за денеска, дефинитивно, нема да се одржи. Од Владата велат дека причината за откажување на...

Македонија2 дена

Новинарите избркани од зградата на Државниот просветен инспекторат

Половина час по почнувањето на седницата на дисциплинската комисија во Државниот просветен инспекторат, на која се расправа за постапката на...

Македонија2 дена

Северна Македонија и Јужна Кореја воспоставија дипломатски односи

Јужна Кореја официјално воспостави дипломатски односи со Северна Македонија, објави Министерството за надворешни работи во Сеул, пренесе новинската агенција „Јонхап“....

Свет2 дена

Осомничениот го запалил студиото за анимација во Кјото зашто му украле идеја

Четириесет и едногодишниот маж, кој е осомничен дека го подметнал пожарот во студиото за анимација во Кјото, Јапонија, во кој...

Досие