Забава
Андерсон Купер се потсети на Ентони Бордејн

Андерсон Купер сподели некои од убавите спомени за својот покоен пријател Ентони Бордејн во текот на минатонеделната епизода на Anderson Cooper Full Circle.
53-годишниот новинар објави клип од емисија од нив двајцата која што датира од 2015 година.
„Ова е празник за храната и семејството – семејството со кое сте родени и семејството што вие ќе го одберете или ќе го направите за себе, вашите пријатели и вашите најблиски“, рече Купер на почетокот на емисијата што се емитуваше минатиот четврток, на Денот на благодарноста.
„Бев горд што Ентони Бурдејн е мој пријател. Некои од моите омилени спомени на него надвор од неговата извонредна работа во Си-ен-ен и во други мрежи, беа со него во кујната“, продолжи тој. „Одвреме-навреме, тој се враќаше од патувањата, ми раскажуваше за неговите авантури и снимаше сегменти за мојата програма, и се обидуваше да ме научи како да готвам“, рече Купер.
А медиуите веднаш се потсетија на животната сторија на Бордејн, кој својата кариера како готвач ја започна во Њујорк, каде што стана главен готвач во Brasserie Les Halles.
Потоа, во средината на осумдесеттите години, напиша два лошо прифатени романи – кулинарски мистерии – пред да се пробие со популарниот есеј во „Њујоркер“, кој подоцна беше проширен во книга бестселер „Доверливо од кујната: Авантури од кулинарското подземје“.
Познатиот американски готвач, писател и телевизиска ѕвезда Ентони Бордејн, човекот кој обожаваше да го истражува светот и секогаш пронаоѓаше најневеројатни места за гурманска храна и добар пијалaк, почина пред две години на 61-годишна возраст.
Во јуни 2018 година Си-ен-ен ја потврди смртта на Бордеjн и информира дека причината за смртта е самоубиство. „Неговата љубов за големи авантури, нови пријатели, убава храна и пијалаци и извонредни приказни за светот го претворија во уникатен раскажувач. Неговиот талент не престана да нè восхитува и нам многу ќе ни недостига, истакнаа од Си-ен-ен.
Човекот кој го шеташе светот и нè учеше да не се плашиме од нови доживувања и вкусови секогаш го покажуваше својот хедонизам. Неговите емиси беа зачинети со хумор и животни мудрости.
Во последните денови од животот тој престојуваше во Франција каде што работеше на снимање на неговата серија „Parts Unknown“ (Непознати предели).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Реге-легендата Бани Вејлер почина на 73-годишна возраст

Еден од најважните гласови на регето, Бани Вејлер, почина на 73-годишна возраст.
Музичарот од Кингстон, Јамајка, беше основачки член на бендот „Вејлерс“ (The Wailers) заедно со својот пријател од детството, Боб Марли.
Тие постигнаа меѓународна слава со реге-класиците, како Simmer Down и Stir It Up, пред Вејлер да реши да гради соло кариера во 1974 година.
Откако продолжи сам, тој освои три наради „Греми“, и беше одликуван со Орден за заслуги на Јамајка во 2017 година.
Причината за смртта е непозната. Тој беше во болница од мозочен удар во јули 2020 година.
Изворна инкарнација на „Вејлерс“ од 1964 година: Бани Вејлер, Боб Марли и Питер Тош
Забава
Организаторите на Евросонг планираат концерти во живо

Пејачи од 41 земја ќе се појават во живо на Евровизија оваа година во Холандија според плановите изнесени од организаторите на настанот.
Извршниот супервизор Мартин Остердал изјави за Би-би-си дека е потребно учесниците да допатуваат во Ротердам.
„Ова не е празнично патување, ова е всушност работа што треба да се заврши“, рече тој додавајќи дека допрва треба да се донесе одлука за можна публика во живо.
Минатогодишниот настан беше откажан поради пандемијата на коронавирусот.
Натпреварот треба да се одржи во Ротердам во мај годинава. Холандската пејачка Данкан Лоренс победи на натпреварот во 2019 година со песната „Аркада“.
Говорејќи за поткастот на британскиот јаен сервис, Остердал рече дека најновите планови се развиени по дискусии со организатори на други меѓународни настани во живо.
„Ние сме во близок контакт со организатори на настани, како Формула 1, тениски турнири, голф-здруженија… и учиме од најдобрите искуства“, рече тој.
„Ги споредивме нашите планови со тие на МОК (Меѓународен олимписки комитет)“.
Забава
Еди Марфи тврди дека го надминал расизмот во филмската индустрија

59-годишниот актер има неверојатно успешна кариера во Холивуд и иако признава дека диверзитетот останува проблем во филмскиот бизнис, тоа никогаш не го спречило да глуми во филм.
„Што се однесува до мојата работа и мојата кариера, трката никогаш не била проблем. Јас снимам филмови 40 години и никогаш не се случило да не добијам филм затоа што сум црнец. Јас ги надминав тие работи“, рече кралот на комедијата во разговор со „Радио тајмс“.
„Но, тоа не значи дека не паднав од небото и влегов во Холивуд. Јас сум црнец, роден во Америка. Јас сум Афроамериканец“.
Еди признава дека филмскиот бизнис сè уште го водат бели мажи и дека Холивуд треба да стане поинклузивен.
„Така е со години, но ова не се однесува само за Афроамериканците, туку и за жените и за други етнички заедници. Белите мажи го водат овој бизнис. Така било секогаш“.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер