Забава
Аријана Гранде поднесе барање за развод по 2 години брак

Аријана Гранде официјално поднесе барање за развод од отуѓениот сопруг Далтон Гомез по две години брак.
Ваквата одлука на 30-годишната пејачка доаѓа речиси два месеца откако нејзиното ново момче Итан Слејтер (31) се разведе од сопругата Лили Џеј.
Аријана наведува непомирливи разлики во судските документи до кои дојде ТМЗ, кој објави дека и Далтон поднел сопствено барање за развод речиси истовремено.
Во документите пишува дека се разделиле на 20 февруари.
Извори за ТМЗ изјавија дека отуѓената двојка се договорила за сè пред одењето на суд и дека Аријана ќе има исплата за Далтон бидејќи имале предбрачен договор.
Порталот додаде дека нема лутина меѓу двајцата, чии инсајдери рекоа: „Тие навистина се почитуваа еден со друг во секој чекор од овој проце..“
Веста за разделбата се појави кога Аријана беше забележана без бурма на тенискиот турнир „Вимблдон“ во Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Холивудските сценаристи го прекинаа штрајкот во пресрет на гласањето за конечен договор

Синдикатот на холивудските сценаристи соопшти дека неговите членови можат да се вратат на работа додека реши дали ќе прифати тригодишен договор кој вклучува зголемување на хонорарите, заштита во однос на употребата на вештачка интелигенција и, исплата на хонорари од прикажување серии и филмови на стриминг-платформите.
„Раководството на Здружението на сценаристи на Америка (WGA) во средата едногласно гласаше за прекин на штрајкот,“ се наведува во соопштението на здружението. Членовите, чија бројка изнесува околу11.500, имаат рок до 9 октомври да гласаат за предложениот договор.
Филмските и телевизиските писатели ја напуштија работата во мај, откако не успеаја да постигнат договор со големите студија, вклучувајќи „Волт Дизни“, „Ворнер Брос дискавери“ и „Нетфликс“.
Се чини дека сценаристите добија отстапки во сите сегменти, со покачувања на хонорарите во текот на тригодишниот прелиминарен договор, зголемени здравствени и пензиски придонеси и, заштитни мерки против вештачката интелигенција (AI).
Според рамковниот договор постигнат во неделата, вештачката интелигенција не може да се користи за поткопување на авторитетот на сценаристите. Сценаристите можат да изберат да користат вештачка интелигенција при изработка на сценариото, но компанијата не може да инсистира на користење на софтвер.
Забава
Возењето со овој воз чини и до 67.000 евра

Возењето со „Ориент експрес“ не е работа од минатото или од роман на Агата Кристи.
И денес можете да патувате во „Ориент експрес“ низ Европа, а сега овој луксузен хотел на тркала се вика „Венеција Симплон Ориент Експрес“ и е во сопственост на Белмонд.
Како и во минатото, нуди рути низ Европа, а неговите патници, односно гостите, уживаат во годишен одмор во воз.
Цените се фиксни и зависат од рутата. Возот патува низ цела Европа, на пример, за патување од Париз до Венеција, цената за обична кабина е најмалку 4.300 евра. Најскапиот билет на денешниот „Ориент експрес чини“ 67.000 евра, колку што плаќаат патниците кои патуваат од Истанбул до Париз во најскапата кабина на возот.
Цените ги вклучуваат сите оброци, кои вообичаено се состојат од вечера со четири јадења, континентален доручек и доцен оброк или ручек од три јадења, услуга на стјуардот и прием со шампањ при пристигнувањето.
Луксузниот хотел на тркала, кој ја инспирираше Агата Кристи да го напише својот познат крими-роман „Убиство на Ориент Експрес“, го поврзува Париз со Истанбул од крајот на 19 век.
Со текот на годините, рутите се менуваа, а една од најпопуларните беше од Париз до Истанбул и онаа што ги поврзува Лондон и Венеција. „Ориент експрес“ неодамна соопшти дека повеќе нема да патува до и од Лондон.
„Ориент експрес“ беше и остана познат по својот луксуз и елеганција. Внатрешноста на возот ја дизајнирале врвни дизајнери, а просторот е направен од скапи материјали, како ореово дрво, кристал и злато. Патниците можат да уживаат во храна и напитоци со врвен квалитет и разни услуги, како што се кројачи и фризери.
Првото возење е реализирано во 1883 година, а на него патувале бројни познати личности како Винстон Черчил, Агата Кристи и Ернест Хемингвеј. Поминал низ бројни европски земји – патувањата се разликувале по рута, времетраење и луксуз.
„Ориент експрес“ несомнено е еден од најпознатите возови во историјата. Луксузната железничка линија останува симбол на удобно патување, елеганција и гламур.
Забава
Александра Грант за својот партнер Кијану Ривс: „Тој ми е вистинска инспирација“

Александра Грант фрла ново светло на романсата со Кијану Ривс.
Успешната визуелна уметница (50) минатиот викенд во Лос Анџелес присуствуваше на доделувањето на наградите за уметност „Беверли артс ајкон“, без Кијану (59).
На настанот беше една од лауреатите, а на црвениот тепих прошета сама и ги изненади присутните кога одговори на неколку прашања за својата љубовна врска имајќи предвид дека приватниот живот го држи далеку од очите на јавноста.
На прашањето дали е потешко или полесно да се појави сама на црвен килим, таа даде промислен одговор.
„Добрата вест за заљубувањето како возрасен е тоа што изградив сопствена кариера до моментот кога почна мојата врска“, изјави таа за „Пипл“.
„Се чувствувам многу самоуверено во врската кога присуствувам на настан на црвен тепих. Се чувствувам самоуверено кога сум сама таму. Тоа е еден вид независност“.
Тие во јавноста дебитираа како пар во 2019 година.
На прашањето како таа и ѕвездата на „Џон Вик“, кои претходно беа пријатели и соработници, комуницираат меѓусебно со професионалната средина, Грант го почна својот одговор сеќавајќи се на моментот во кој се чувствувала креативно заглавена.
„Во еден момент на фрустрација во мојот живот, еднаш реков: понекогаш се чувствувам како ‘масерати’ заглавен во сообраќај, го имам овој моќен мотор, но од разни причини не можам да поминам“, рече таа за „Пипл“.
„И знам дека многу луѓе се чувствуваат фрустрирани во своите животи, дека не може да го вклучат својот мотор. Мислам дека секоја креативна личност се чувствува така“.
„Она што го сакам кај Кијану и кај нас двајцата кога сме заедно е тоа што се туркаме еден со друг да изградиме нови патишта“, вели таа. „Да гледате друга личност како ги решава проблемите е инспиративно, како, на пример: добро, во ред, ова е ќор-сокак, како да го пробам ова другото?“
„Тој е вистинска инспирација за мене“, продолжи таа. „Тој е многу креативен, добродушен и работи многу напорно.