Контакт

Екологија

Арктичкиот вечен лед се топи 70 години порано од очекувањата на научниците

Објавено пред

Пермафрост или трајно замрзнатата почва во канадскиот дел на Арктикот почнала да се топи 70 години порано од прогнозите на научниците, пишува британски „Гардијан“.

Научниците од универзитетот „Алјаска Фербенкс“ се зачудени од тоа колку бргу серијата невообичаено топли лета ги дестабилизирала горните слоеви од огромните ледени блокови кои се опковани со мраз илјадници години. Експертите сметаат дека ова е знак оти глобалните климатски промени се случуваат побргу од очекуваното.

„Она што го видовме беше неверојатно“, вели геофизичарот Владимир Романовски за „Ројтерс“. „Ваквата ситуација покажува дека климата сега е потопла од кој било период во последните 5.000 или повеќе години“, додава тој.

Научниците се загрижени за состојбата на мразот бидејќи брзото топење може да ослободи големи количини стакленички гасови, што дополнително ќе го забрза глобалното затоплување.

Предупредуваат и дека брзиот пораст на глобалната температура може да ја загрози одржливоста на целата индустриска цивилизација.

„Топењето на вечниот лед (пермафрост) е една од критичните точки што најавува почеток на климатска катастрофа, а веќе се случува пред нашите очи“, вели Џенифер Морган, извршна директорка на организацијата „Гринпис интернешнл“.

„Ова предвремено одмрзнување е јасен сигнал дека треба да ги намалиме емисиите на стакленички гасови и дека треба веднаш да го сториме тоа“, додава таа.

Екологија

Медитеранот се загрева побргу од другиот дел на планетата

Објавено пред

Медитеранот се загрева побргу од остатокот на планетата, а доколку не се преземе нешто, речиси 500 милиони негови жители се изложени на ризик од суши и недостиг од пивка вода и храна, се вели во неодамнешниот извештај на Меѓународниот институт за биодиверзитет и екологија (IMBE), со седиште во Франција.

Во извештајот се вели дека температурите во регионот на Медитеранот се зголемуваат 20 отсто повеќе во споредба со светскиот просек, пренесува „Ел Паис“.

Овој документ предупредува дека во иднина ќе има подолги и посилни топлотни бранови, како и подолги сушни периоди.

Заменик-генералниот секретар на Унијата за Медитеранот, задолжен за енергетика и климатски промени, Граменос Мастројени, рече дека извештајот може да биде корисен за владините лидери при донесувањето одлуки.

„Ние не сме навикнати да ги вклучуваме климатските промени и природата во нашите политики и планови. Меѓутоа, доколку не го сториме тоа, ќе бидеме жртви на многу силна динамика“, рече Мастројени.

 

Прикажи повеќе...

Екологија

(Видео) Како спијат морските желки?

Објавено пред

Морските желки спијат, но нивниот сон се разликува од оној на човекот бидејќи тоа повеќе личи на состојба на одмор и релаксација.

Кога е време да се одморат, овие животни бараат тивко место со постојана температура, престануваат да се движат и заземаат пози, честопати повлекувајќи се во оклопот за дополнителна заштита.

Понекогаш, сепак, тоа изгледа малку поинаку…

Прикажи повеќе...

Екологија

Холандија има велосипедски патеки со вкупна должина од 37.000 километри

Објавено пред

Во Холандија има повеќе велосипеди отколку луѓе. Како што пренесува хрватски „Индекс“, таму сè е насочено кон велосипедизмот, што им овозможува на Холанѓаните со ова превозно средство годишно да преминат во просек приближно 15 милијарди километри.

Велосипедите станаа симбол на Холандија, како сирењето „гауда“ или лалињата.

Возењето велосипед во Холандија е забавно и тоа не само затоа што земјата е рамна како палачинка. Велосипедската инфраструктура е фантастична и постојано се шири бидејќи холандските власти против климатските промени не се борат само декларативно.

Велосипедски патеки

Во земјата има 37.000 километри велосипедски патеки не сметајќи ги тесните помали ленти што излегуваат на коловозот покрај автомобилите и автобусите бидејќи такви има уште 4.700 километри.

Велопати

Станува збор за посебна категорија брзи ленти за велосипеди, односно вид автопат за велосипедисти. Таму нема семафори, ниту крстосници, а никој освен велосипедистите не смее да се движи по нив. Постои дури и лента за преминување за оние што своите велосипеди ги возат побргу.

Паркинг

Насекаде низ градските центри, на универзитетите и плоштадите постојат големи паркинзи за велосипеди. На пример, во Амстердам старите бродови се претворени во пловечки гаражи. На главната станица во Утрехт се наоѓа најголемата гаража за велосипеди во светот, со 12.500 места и три ката. Паркиралиштата често се надгледувани, отворени се 24 часа и обично се бесплатни.

Изнајмување

Навистина е лесно да се вози велосипед во соработка со холандската железничка или автобуска мрежа. Велосипеди за помалку од четири евра на ден може да се изнајмат на секоја поголема станица.

Зелен бран

За да се спречи сообраќајниот метеж, на велосипедските патеки има сигнализација, која на велосипедистите им укажува колку бргу треба да возат за да го фатат зелениот бран, односно серијата зелени светла на повеќе семафори.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа1 час

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ2 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Македонија2 часа

Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за...

Свет3 часа

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет3 часа

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа4 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет16 часа

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Регион18 часа

Рама: Направивме сè што побараа од нас

Го направивме тоа што го бараа, изјави албанскиот премиер Еди Рама., по состанокот со комесарот на ЕУ за соседска политика...

Македонија19 часа

Францускиот сенат го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО

Францускиот Сенат го усвои предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Република Северна Македонија во НАТО. Предлог-законот беше усвоен...

Свет19 часа

Лајен: Длабоко жалам, но најверојатно и денеска нема одлука за проширување

Нема сигнал дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел ќе биде постигната одлука за процесот на проширување на...

Регион20 часа

(Видео) Борисов: Македонија е колку Софија, каков ризик може да биде?

Бугарскиот премиер Бојко Борисов пред почетокот на самитот на лидерите на ЕУ рече дека Македонија и Албанија треба да добијат...

Македонија21 час

(Видео) Пакети со хигиенски влошки ќе се донираат на сиромашни жени и девојчиња

Пакети со хигиенски влошки, кои граѓаните ги донираа денеска на собирен пункт во „Веро Центар“, ќе бидат поделени на жени...

Македонија22 часа

(Видео) Манчевски: Регистарот на населението ќе помогне за прочистување на Избирачкиот список

Регистарот на населението ќе биде алатка што ќе го помогне спроведувањето на пописот, а податоците од Регистарот ќе бидат искористени...

Македонија22 часа

Сивиот дом замина во историјата, децата од „Ранка Милановиќ“ сместени во групни домови

Во двата мали групни дома отворени денеска се згрижени децата што досега престојуваа во поранешната установа „Ранка Милановиќ“. Од денеска...

Топ24 часа

Скопјанец со пиштол на дијаболи сакал да ограби златарници во Охрид

Дваесет и тригодишен скопјанец со пиштол на дијаболи влегол во златарници во Охрид сакајќи да ги ограби. Според информациите на...

Македонија24 часа

(Видео) „Екогерила“: Масовна сеча на шума на Шара за да се градат хидроцентрали

Се опустошува шумата на Шар Планина, масовно се сечат дрвјата за да се градат хидроцентрали, апармираат невладините организации од Тетовскиот...

Топ1 ден

Расчистено убиството во Кочани – синот го избол татка си до смрт

Полицијата го расчисти убиството што се случи на крајот на септември во Кочани. Истрагата покажала дека синот со нож го...

Македонија1 ден

Заев-Тимерманс: ЕУ да донесе одлука за почеток на преговорите

Европската Унија сега треба да го направи одлучниот чекор и да донесе одлука за почеток на преговорите за пристапување во...

Европа1 ден

Постигнат договор за брегзитот

Договорот за брегзитот, конечно, е постигнат денес во Брисел, јавуваат странските медиуми. Велика Британија и ЕУ се согласија за новиот...

Македонија1 ден

Меркел: Се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива

„Мислам дека се исплаќа на Северна Македонија и на Албанија да им се даде европска перспектива“, порача германската канцеларка Ангела...

Досие