Контакт

Hitech

Аудиоводич ги запознава посетителите со древните приказни од локалитетот Стоби

Објавено пред

Во локалитетот Стоби активиран е првиот аудиоводич за археолошки локалитет во Република Македонија изработен во соработка со софтверската компанија G6 Solutions од Скопје.

Аудиоводичот има цел да му помогне на секој посетител на интерактивен и автентичен начин да го запознае и доживее археолошкиот локалитет Стоби.

„Археолошкиот локалитет Стоби е едена од најпосетуваните туристички дестинации во Македонија и за потребите на посетителите, освен туристички водич, кој е на располагање за посетителите на локалитетот, од сега ќе може да се користи и мобилната апликација Stobi audio guide, која е достапна за оперативните системи ‘Андроид’ и ИОС, на македонски и англиски јазик“, информираат од Националната установа Стоби.

Оттаму додаваат дека апликацијата ги содржи сите неопходни информации за објектите што се во состав на археолошкиот локалитет, како и кус историјат за локалитетот и насоки за движење во согласност со неговиот историски наратив.

Посетителите ќе може да ја преземат апликацијата и на самиот влез на локалитетот каде што е обезбеден слободен интернет-пристап.

Автори на текстовите за водичот се дел од вработените во НУ Стоби: Димитар Николовски, Мишко Тутковски, Гоце Павловски и Силвана Блажевска. Преводот на англиски е на Димитар Николовски, а за лектурата на англиски јазик се погрижила Керолин Снајвли. Наратор на македонски јазик е Славица Бабамова, а на англиски Димитар Николовски.

Hitech

Европска држава воведува забрана за анонимни коментари на интернет

Објавено пред

Онлајн-коментарите, и покрај тоа што се само зборови, може да бидат злонамерни и штетни, па така веќе имавме можност да видиме како т.н. интернет-тролови откажаа неколку познати личности од користење на социјалните мрежи. Засега останува нејасно дали ваквите злонамерни коментари некогаш целосно ќе се искоренат од глобалната мрежа, но во Австрија е поведена иницијатива да се преземе нешто во врска со тоа, пишува PC Press.

Имено, владата изготвила нацрт-закон, кој во суштина би ги направил незаконски анонимните коментари на интернет-страниците. Ваквата одредба од корисниците би барала да ги регистрираат своите вистински имиња и адреси при оставање коментар на интернет, што би требало да предизвика поголема одговорност кај оние што ги пишуваат коментарите.

Според законот, корисниците и натаму ќе може да користат јавни прекари, но во овој случај би биле регистрирани, па тоа би било олеснителна околност при следењето на злонамерните коментари сè до нивните креатори. Доколку законот биде усвоен, тој ќе се применува само на интернет-страници, кои имаат повеќе од 100.000 регистрирани корисници или кои заработуваат повеќе од 500.000 евра годишно, односно добиваат парични субвенции поголеми од 50.000 евра.

Прикажи повеќе...

Hitech

„Инстаграм“ набргу може да го скрие бројот на лајкови од вашите објави

Објавено пред

Сѐ повеќе се чини дека причината зошто луѓето поставуваат што било на социјалните мрежи е само поради лајкови.

Тоа е, всушност, начин да се добие потврда од другите, а популарноста се оценува според бројот на лаjкови што една објава ги добила. Сепак, во малку контроверзен и за многумина неочекуван чекор се чини дека „Инстаграм“ тестира промена во својот кориснички интерфејс, каде што лајковите под сликата ќе бидат скриени од вашите следбеници, пишува PC Press.

Ова го откри Џејн Манчун Вонг, која на својот твитер-профил сподели дека постои можност во иднина никој, освен самиот корисник, да не знае колку лајкови има одредена негова фотографија на „Инстаграм“. Наместо тоа, она што следбениците ќе може да го забележат во ваков случај е дека вашиот пост бил лајкуван, меѓутоа без прецизирање конкретна бројка.

Многумина сметаат дека станува збор за контроверзна одлука бидејќи голем број познати личности на социјалните мрежи се потпираат токму на бројот на лајкови за да покажат колку се популарни со цел да може да ги контролираат цените што ги наплаќаат за одредени маркетинг-промоции.

Меѓутоа, од „Инстаграм“ имаат интересно гледиште, кое гласи: „Сакаме вашите следбеници да се фокусираат на суштината на она што го споделувате, а не на вашиот пост да се гледа како на генератор на лајкови“.

Засега не е јасно дали плановите на „Инстаграм“ поврзани со оваа промена навистина ќе станат реалност или станува збор само за тест со цел да се испита пулсот и да се добијат повратни информации од корисниците.

Прикажи повеќе...

Hitech

(Видео) Богатите се тркаат кој ќе даде повеќе пари за Нотр Дам, но спасител за катедралата може да биде видеоигра

Објавено пред

Видеоиграта Assassins Creed: Unity би можела да биде вистинскиот спасител во реставрацијата на катедралата Нотр Дам, која во голем дел изгоре во пожар за кои причините и натаму не се целосно познати.

Иако оваа видеоигра со историска тематика, која е издадена во текот на 2014 година, а чие дејствие се одвива во стариот Париз, во времето на револуцијата, се смета за едно од послабите изданија во целиот серијал, она по што останува запаметена е преубавата графика и приказот на Париз во тоа време, пишува Mob&IT.

Токму ваквиот квалитет на изработка може да ги спаси Париз, Франција и целиот свет од загубата на Нотр Дам, бидејќи оваа зграда во играта е прикажана до неверојатни детали, односно Assassins Creed: Unity го има направено едно од најдобрите 3Д-мапирања на париската катедрала, кои се воопшто достапни.

Каролина Мијуз, артистка која работела на мапирањето на Нотр Дам за потребите на видеоиграта, за The Verge изјавила дека членовите на тимот буквално минале години опседнати со намерата да доловат што повеќе детали со цел веродостојно да ја пренесат познатата катедрала во светот на игрите, при што се задржале на такви финеси како на пример текстурите на секоја цигла да одговараат на нивните карактеристики во реалниот свет.

Сите овие детали може да бидат од огромна помош за луѓето кои ќе работат на обнова на зградата бидејќи ќе можат детално да согледаат како објектот изгледал и ќе може разработените скици да ги применат при реконструкцијата.

Сепак, дали Ubisoft, компанијата креатор на игрите Assassins Creed ќе ги отстапи 3Д-моделите и мапите на француските власти и натаму не е познато, а „Бизнис инсајдер“ пишува дека оваа француска компанија сè уште е недостапна за какви било коментари на оваа тема.

Во видеото подолу и самите може да го видете графичкиот приказ на Нотр Дам во играта и да се уверите во убавината на деталите и целиот напор кој Ubisoft го вложил во создавањето на 3Д-моделот на Богородичната црква во Париз.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ5 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Свет8 часа

(Видео) Во земјотресот на Филипините загинаа најмалку осум лица

Најмалку осум лица загинаа во денешниот земјотрес со јачина од 6,1 степени што го погоди најголемиот остров Лузон на Филипините....

Европа8 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 20199 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет10 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201911 час

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија13 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201913 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201914 часа

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201915 часа

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет16 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ16 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 201918 часа

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет18 часа

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ18 часа

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести18 часа

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Избори 20191 ден

Дерковски: Силјановска освои 309.799, Пендаровски – 310.751 и Река – 75.519 гласа

Претседателот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски, соопшти дека се обработени 96,92 отсто од гласовите, при што гласале 41,92 отсто...

Избори 20191 ден

Пендаровски: Едвај чекам да се фатам за работа од позиција шеф на државата

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во своето обраќање во медиумскиот центар оцени дека првиот круг од претседателските избори минал во демократски...

Избори 20191 ден

Заев прогласи победа на Стево Пендаровски

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, прогласи победа на Стево Пендаровски во првиот круг од претседателските избори. Тој рече дека од 98,28...

Досие