Контакт

Забава

Ања Тејлор-Џој има идеја за втора сезона на „Дамски гамбит“

Објавено пред

24-годишната актерка откри дека никогаш немало никаква дискусија за повеќе од една сезона на „Дамски гамбит“ во која таа ја толкува Бет Хармон, харизматична генијална девојка која влегува во светот на шахот каде што доминираат мажите.

Но, имајќи го предвид големиот успех на серијата на „Нетфликс“, како и фактот дека таа сруши рекорди на гледаност уште од првата епизода, актерката навести дека можноста за втора сезона е сè поголема со оглед на барањата на фановите.

„Толку е нестварно и прекрасно што луѓето сакаат втора сезона, бидејќи никогаш не сме размислувале за тоа, немаше дискусија за тоа“,  рече таа во разговор со порталот „Дедлајн“.

„Тоа е, во Холивуд никогаш не кажувај никогаш. Би било многу интересно да се види каква ќе биде Бет како мајка, сега кога е трезна и свесна за демоните што ја влечат надолу.“

Наречена по шаховски потег, серијата го следи животот на шаховското чудо Бет Хармон, чиј талент е откриен од старател во сиропиталиштето во кое таа живее. Серијата го зголеми интересот за шах кај младите, а воедно му донесе гламур на спортот, кој инаку добива малку внимание.

Во неделата кога серијата премиерно почна да се прикажува во САД, Велика Британија и други земји, гугл-пребарувањата за терминот „шах“ значително се зголемиле.

Една од силните страни на серијата е тоа што во преден план става женски играч, реткост во светот на натпреварувачкиот шах.

Забава

(Видео) Меган Маркл ја обвини палатата за овековечување невистини

Објавено пред

Војвотката од Сасекс изјави дека Бакингемската палата не може да очекува од неа и принцот Хари да молчат ако „продолжува со лаги“ за неа и нејзиниот сопруг.

Сопругата на принцот Хари, Меган, ѝ даде коментар на водителката Опра Винфри во интервју што треба да се емитува на „Си-би-ес“ во недела.

Извадок од интервјуто беше објавен во средата, неколку часа откако Бакингемската палата соопшти дека е многу загрижена за извештаите во весникот „Тајмс“ дека асистенти кои работеле за Меган пред две години биле малтретирани од неа.

Хари и Меган веднаш издадоа соопштение во кое негираат дека таа малтретирала некого.

Бакингемската палата ги испитува тврдењата дека војвотката имала лош однос кон кралскиот персонал.

Во краток клип од интервјуто објавен од „Си-би-ес“, Винфри ја прашува војвотката: „Како се чувствувате кога палатата слуша дека ја зборувате својата вистина денес?“

Меган одговори: „Не знам како можеа да очекуваат дека после сето ова време сепак ќе молчиме, ако постои активна улога што Фирмата ја игра во овековечување на лагите за нас“. Фирмата е име што британското кралско семејство понекогаш го користи за да се опише себеси.

„Дури и ако тоа носи ризик од губење на некои работи (привилегии), мислам, многу е веќе изгубено“, додава Меган.

Интервјуто на Винфри со парот, кое ќе се емитува во САД во недела и во Велика Британија во понеделник, се очекува детално да го опише краткиот период на Хари и Меган како членови на монархијата пред да заминат во САД.

Прикажи повеќе...

Забава

Гери Олдман се сеќава на зависноста: И потта ми мирисаше на вотка

Објавено пред

Британскиот актер искрено проговори за некои нуспојави од зависноста и призна дека тоа не би му го посакал на својот најголем непријател.

Во интервју за весникот „Лос Анџелес тајмс“ 62-годишниот Гери рече: „Порано се потев со вотка. Тоа станува дел од вас. Мојот јазик беше црн наутро. Ја обвинував пастата за заби“.

„Не би му посакал ни на мојот најголем непријател да биде под негова моќ. Зависноста од алкохол е пекол. И тој срамежлив хумор? Само за да се маскира несоодветноста“.

Гери откри како го искористил сопственото искуство како излечен алкохоличар за улогата на сценаристoт Херман Манкиевич во новиот филм на „Нетфликс“, Mank.

„Во март одбележувам 24 години трезвеност, но се сеќавам на сите работи што ме натераа да сакам да пијам“.

Прикажи повеќе...

Забава

Бри Ларсон навести проект со колешката од „Марвел“, Теса Томпсон

Објавено пред

Двете глумат во кинематографскиот универзум на „Марвел“ како Капетан Марвел и Валкири, и исто така, накратко го споделија екранот во „Одмаздници: Ендгејм“, а Бри се огласи на социјалните мрежи за да наговести дека работат на нешто ново.

Како одговор на објава на Твитер од фан кој сподели фотографија од Бри и Теса, Бри напиша: „Ние готвиме нешто…!“

Бри претходно откри дека таа и нејзините колешки актерки од Марвеловиот универзум му се обратиле на претседателот на студијата „Марвел“, Кевин Фејџ, со идеја за снимање филм во кој актерскиот тим ќе биде составен само од жени.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион59 минути

(Видео) Грција ја проценува штетата по земјотресот, десетици жители ја поминаа ноќта надвор

Експертите денес ја проценуваат штетата по земјотресот со јачина од 6,3 степени, што го погоди централниот дел на Грција, кога...

Македонија2 часа

Иницијативата за конгрес: Мицкоски лажеше дека има мнозинство, партијата доби ладен туш

Сè уште актуелниот претседател Христијан Мицкоски треба да ги стави интересите на државата и на партијата пред сопствените и да...

Регион2 часа

Повеќе од 1,5 милион вакцинирани во Србија, ревакцинирани над 500.000 луѓе

Во Србија, според последните владини податоци, досега се дадени 1.535.274 вакцини против коронавирусот, а втора доза добиле 534.751 лице. Србија...

Македонија2 часа

Мнозинството е стабилно, велат од СДСМ по гласањето на доверба на Владата

Мнозинството во Собранието е стабилно, Владата има силна поддршка, велат утрово од СДСМ, откако вчера 62 пратеници гласаа за доверба...

Европа3 часа

Секој граѓанин на Германија ќе добива по еден бесплатен тест неделно

Од следната недела, секој германски граѓанин ќе има неделно по еден бесплатен тест за коронавирус, најави германската канцеларка, Ангела Меркел....

Македонија3 часа

За 56 проценти зголемен бројот на заразени со коронавирус, Пановски советува брисевите да се земаат на отворено

Вчерашните 807 новозаразени и неделниот извештај на Институтот за јавно здравје кој покажува зголемување на новозабоените за 56 отсто во...

Свет14 часа

Во Јужна Африка запленета голема количина на лажни вакцини против Ковид-19

Околу 2.400 дози на фалсификувани вакцини се запленети во Јужна Африка, а во Кина е разбиена мрежа на шверцери на...

Македонија18 часа

Владата доби доверба во Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ не гласаа

За доверба на Владата гласаа 62 пратеници, без против и воздржани пратеници. Одлуката беше поздравена со аплауз од владејачкото мнозинство...

Македонија19 часа

Во земјава засега нема јужноафрикански вид, кај еден од повратниците од Занзибар детектиран британскиот вид на вирусот

Според анализите што денеска се направени во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), на брисот од пациентот кој пред...

Македонија20 часа

Нови 807 заболени од Ковид-19, починале петмина

Во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија21 час

(Видео) Почна попишувањето на бездомните лица

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, заедно со директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, денеска го...

Македонија21 час

Министерството за здравство: Задолжителен карантин за лицата што доаѓаат од сите јужноафрикански земји

Министерството за здравство соопшти дека Комисијата за заразни бoлести ќе предложи задолжителен домашен карантин од 14 дена за лицата што...

Регион1 ден

Русија ќе ѝ достави на Хрватска еден милион дози од вакцината „спутник В“

Русија може да достави милион дози од вакцината „спутник В“ во Хрватска во рок од една недела, пишува „Вечерњи лист“....

Регион1 ден

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени од коронавирус

Србија е на четврто место во Европа според бројот на новозаболени со коронавирус на сто илјади граѓани, изјави за „Политика“...

Свет1 ден

Најопасните мутации на коронавирусот и нивните симптоми

Мутациите се нормална низа во животниот циклус на вирусот и сите негови нови соеви не мора да бидат нужно опасни...

Регион1 ден

Во Загреб 25 отсто од позитивните случаи се од британскиот сој, владата ќе купува руски вакцини

Британскиот сој е пронајден кај една четвртина од позитивните случаи на коронавирус во Загреб, а на ниво на цела Хрватска...

Свет1 ден

УНИЦЕФ: Училиштата се затворени речиси една година за 168 милиони ученици

За време на карантинот поради пандемијата на коронавирусот, училиштата беа затворени за речиси 168 милиони ученици во светот на една...

Европа1 ден

Експлозија во центарот за тестирање на Ковид-19 во Холандија, нема повредени

Пред отворањето на центарот за испитување на Ковид-19 во Бовенкарспел, град северно од Амстердам, одекна експлозија. Во несреќата нема повредени,...

Свет1 ден

Тексас контра Бајден: ги укина рестрикциите и обврската за носење маска

Тексас ги укинува ограничувачките мерки – се отвораат продавници и прекинува да важи обврската за носење маски. Гувернерот на американската...

Македонија2 дена

(Видеоинтервју) Георгиевски: Србите биле три пати пожестоки, па не ги нарекуваме окупатори, зошто да не им простиме и на Бугарите

За експремиерот Љубчо Георгиевски нема ништо спорно ако македонската страна  ги смени во учебниците називите за Бугарите од типот окупатор, номад...

Досие