Контакт

Забава

Барби со ликот на жена научник заслужна за вакцината на „Астра зенека“

Објавено пред

Производителот на Барби, „Мател“, креира кукла во чест на жена научник што работеше на создавањето на вакцината против коронавирусот на Универзитетот „Оксфорд“, професорката Сара Гилберт.

За своите заслуги, Сара Гилберт, една од тимот научници во Институтот „Џенер“ во Оксфорд, ја доби почесната титула дама, а директорот на Институтот, Адријан Хил, беше прогласен за почесен витез.

Коментирајќи ја одлуката на „Мател“ да ја нправи омилената Барби со нејзиниот лик, професорката заслужна за вакцината на „Астра зенека“ рече дека на почетокот ѝ било многу чудно, но се надева дека тоа ќе ги инспирира децата.

„Се надевам дека мојата кукла ќе им покаже на децата дека постојат професии за кои можеби не се свесни, како што се експерти за вакцини“, рече Гилберт.

Барбиката на Гилберт е една од петте кукли на жени што работат во науката, технологијата, инженерството и математиката.

Вакцината на „Оксфорд“ и „Астра зенека“ ја користат повеќе од 170 земји во борбата против новиот вид коронавирус Сарс-КоВ-2.

„Навистина би сакала да инспирирам нова генерација девојки за кариера во STEM-области. Се надевам дека децата што ја гледаат мојата Барби ќе разберат колку клучните научни области му помагаат на светот околу нас“, рече Гилберт.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Ронда Роузи и Тревис Браун добија ќерка

Објавено пред

Американската професионална борачка и поранешен уметник во борачки вештини, Ронда Роузи, ја откри среќната вест преку својот инстаграм-профил во понеделникот поздравувајќи го своето прво дете со сопругот Тревис Браун.

34-годишната Роузи објави две фотографии на кои се гледа раката на новороденчето, кое го доби името Лакеа.

„Добредојде на овој свет Лакеа Макалапуаокалан Браун. Ти си неверојатно сакана!“, напиша таа покрај фотографиите.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Ексклузивен клип од „Црвено известување“

Објавено пред

Стриминг-платформата „Нетфликс“ објави ексклузивен клип од претстојниот филм Red Notice („Црвено известување“), акција-трилер со Двејн Џонсон, Гал Гадот и Рајан Рејнолдс.

Red Notice е еден од најскапите филмови во историјата на оваа стриминг-платформа. Сторија за агент на Интерпол, кој се обидува да го фати најбараниот крадец на уметнички дела во светот.

„Нетфликс“ го објави клипот во текот на својот прв глобален настан за фанови – „Тудум“, именуван по џинглот што е препозатлив за платформата. За време на виртуелниот настан минатиот викенд, фановите имаа можност да ѕирнат во претстојните содржини и да проследат панел-дискусии со ѕвездите на десетици серии и филмови во продукција на „Нетфликс“.

Премиерата на „Црвено известување“ се очекува на 12 ноември.

Прикажи повеќе...

Забава

Ар Кели прогласен за виновен за рекет и секс-трговија со малолетнички

Објавено пред

Федералната порота во понеделникот го прогласи аренби-пејачот Ар Кели за виновен на судењето за трговија со луѓе, изнуда и злоупотреба на малолетнички.

Поротниците на федералниот суд во Бруклин размислуваа повеќе од еден ден пред да гласаат за да го осудат 54-годишниот Кели по сите девет точки од обвинението по шестнеделното судење, на кое Обвинителството го претстави како предатор, кој ја користел својата слава речиси четврт век за да намамува жени и малолетни девојки во својата орбита за секс.

Кели ја спушти главата надолу додека се читаше пресудата, со лицето заштитено со бела маска.

Пејачот, чие полно име е Роберт Силвестер Кели, е еден од славните личности судени за врбување и сексуална злоупотрба на девојки во екот на движењето #MeToo, кое ги засили обвинувањата против него, иако таквите наводи го прогонуваа уште од раните 2000 години.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет58 минути

Животот во Сиднеј за невакцинираните станува сѐ потежок – може да им се забрани влез и во продавници

Граѓаните на Сиднеј, кои не се вакцинирани против коронавирусот, ризикуваат да добијат забрана за разни социјални активности. Според планот за...

Македонија2 часа

Трета доза вакцина вчера примиле 69 граѓани

На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера, вакцинирани се вкупно 784.244 граѓани. Прва доза вакцина вчера...

Македонија3 часа

Речиси 47 отсто од населението над 18 години е вакцинирано со една доза вакцина

Заклучно со 26 септември со една доза вакцина против Ковид-19 вакцинирани се 46,9 % од населението над 18-годишна возраст, соопшти...

Свет3 часа

(Видео) Силна експлозија во зграда во Гетеборг натера луѓе да скокаат од прозорец, најмалку 25 повредени

Најмалку 25 луѓе се повредени во експлозија што се случи денеска во станбена зграда во Гетеборг. Шведската полиција соопшти дека...

Регион4 часа

Нов силен земјотрес на Крит – стотици луѓе ја поминаа ноќта во шатори

По немирна ноќ и неколку силни земјотреси што вчера го погодија Крит, жителите на Ираклион утрово ги разбуди нов силен...

Македонија4 часа

Попишани 1.619.857 граѓани во земјата и 198.589 од дијаспората, остануваат уште два дена од пописот

Во земјата до вчера се попишани 1.619.857 лица, 503.491 домаќинство и 711.695 стана. Можноста за самопопишување на лица во странство,...

Македонија5 часа

Претседателката на Европската комисија денеска во Скопје, а утре еврокомесарот Вархељи

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, денеска попладне ќе допатува во посета на Скопје. Како што беше најавено,...

Македонија18 часа

Од модуларната болница во Штип избегал 84-годишен пациент

Вчера попладне, 84-годишен пациент избегал од модуларната болница во Штип, но подоцна бил вратен од полициски службеници. „На 26.09.2021 во...

Македонија20 часа

Регистрирани 112 нови случаи на коронавирус, починаа 13 лица

Во последните 24 часа направени се 1.726 тестирања, а регистрирани се 112 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 82, Кавадарци...

Европа23 часа

Олаф Шолц: Дојде време ЦДУ/ЦСУ да замине во опозиција

Пo објавувањето на нецелосните официјални резултати од парламентарните избори во Германија денеска рано наутро, социјалдемократите (СПД) и нивниот кандидат за...

Македонија23 часа

Пендаровски: Политичките тензии на моменти ја парализираат државата

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на свечениот научен собир „Современата македонска држава – две етапи во процесот на нејзиното...

Македонија1 ден

Црвенковски: Ако нашата идеја е „НАТО ќе нѐ брани, ЕУ ќе нѐ храни“, ниту ќе се одбраниме ниту ќе се нахраниме

Како поранешен премиер и претседател на Република Македонија имам право, но и обврска да проговорам, за тоа каде според мои...

Македонија1 ден

Шефицата на Европската комисија утре во Скопје

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, утре ќе допатува во земјатаа, а ќе ја пречека премиерот Зоран Заев...

Европа1 ден

(Видео) Најмалку една жртва по серијата земјотреси во Грција, Турција издаде предупредување за цунами

Неколку земјотреси утрово го погодија грчкиот остров Крит, а најсилниот беше со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала, јавуваат...

Свет1 ден

По три месеци, Сиднеј го укинува целосното затворање

Австралиските власти најавија крај на тримесечното целосно затворање за вакцинираните жители на Сиднеј. Карантинот во Сиднеј и во преостанатиот дел...

Македонија1 ден

СДСМ со митинг во Битола, ВМРО-ДПМНЕ во Охрид – почнува кампањата за локалните избори

Од денеска почнува изборната кампања за локалните избори, кои се закажани на 17 октомври. Кампањата за првиот круг ќе заврши...

Македонија1 ден

Почнува вакцинирањето со трета доза во Македонија

Граѓаните што имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести од денеска со потврда ќе може да...

Топ2 дена

Пронајден починат лекар во Психијатриската болница „Скопје“

Дежурен лекар во Психијатриската болница „Скопје“ бил пронајден починат синоќа по полноќ на работното место. Како што соопшти МВР, здравствениот...

Регион2 дена

Борел: Ја следиме ситуацијата на северот на Косово, провокациите се неприфатливи

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел рече дека внимателно се следи ситуацијата на северот на Косово и им кажа на...

Македонија2 дена

Регистрирани 336 нови случаи на коронавирус, починаа 17 лица

Во последните 24 часа направени се 3.425 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 169, Велес...

Досие