Забава
Бекам ги прославува празниците гол покрај камин
Дејвид (43) и Викторија Бекам (44) споделија на социјалните мрежи како изгледа празничното прославување во нивниот дом. Поранешниот фудбалер објави фотографија на која седи гол пред каминот, додека на главата има рогови.

„Добро утро и среќен Божик. Можете ли да кажете дека сум малку возбуден?, напиша Дејвид под фотографијата. Два дена подоцна тој испратил фотографија на истото место, но овој пат носи очила на неговиот пријател и музичар Елтон Џон (71). Поранешниот фудбалер сподели на социјалните мрежи како го славел Божик во детството.

„Имав среќно детство. Моите родители работеа цели денови и ноќи само за да ни обезбедат мене и на моите сестрите сè што ни треба. Мама ни даде на сите исти пижами на Бадник, додека тато одеше по канта похувано пилешко”, се сеќава Дејвид и се пофали со фотографија на која сече совршено печена мисирка.

Во меѓувреме, остатокот од кланот Бекам беше подеднакво активен на социјалните мрежи. Бруклин Бекам (19) го сними помладиот брат Ромео (16), кој се смееше на танцот на баба Џеки Адамс и сподели слика од нивното куче Фигo облечено во божикна блуза.
Најмладиот член на семејството, ќерката Харпер (7), подготви бисквит и чаша млеко за Дедо Мраз, а гордата мајка Викторија се пофали со видеото на Инстаграм. Како подарок од Дедо Мраз, Харпер доби лизгалки бидејќи нејзиниот омилен филм е „Јас, Тоња”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Тие повторно ќе блеснат силно: Четири хороскопски знаци ќе се радуваат како никогаш досега
Астролозите тврдат дека вратите на среќата, новите можности и позитивните промени се отвораат за одредени хороскопски знаци во наредниот период.
По месеци неизвесност и стагнација, ѕвездите конечно им испраќаат бран добра енергија што би можел да влијае на љубовта, работата, финансиите и личниот развој. Додека некои конечно ќе ги пожнеат плодовите од своите напори, други хороскопски знаци одеднаш ќе се најдат во ситуации што можат да им го променат животот на подобро.
Лав
Прв меѓу нив е Лавот. Лавовите се соочуваат со период во кој повторно ќе блеснат во полн сјај. Нивната харизма и самодоверба доаѓаат до израз, а тоа би можело да ги доведе до деловен успех и нови познанства.
Многу Лавови ќе почувствуваат силен бран на мотивација, па затоа ќе им биде полесно да донесуваат одлуки што ги одложувале долго време. Во љубовта, можат да очекуваат искрени разговори и постабилни врски, додека слободните би можеле да сретнат личност која целосно ќе ги освои.
Бик
Биковите исто така ќе почувствуваат голема промена. По еден турбулентен период, Бикот ќе доживее долгоочекуван мир. Финансиската состојба би можела значително да се подобри, а трудот вложен во претходните месеци конечно ќе почне да се исплати.
Ѕвездите им советуваат да бидат отворени за нови можности бидејќи тие би можеле да го означат почетокот на едно многу успешно поглавје. На приватно ниво, можат да очекуваат повеќе хармонија и чувство на сигурност што им е исклучително важно.
Стрелец
Среќата ќе им биде наклонета и на Стрелците. Стрелците влегуваат во период полн со возбуда, патувања и нови искуства. Енергијата што ќе ја почувствуваат ќе им помогне да излезат од својата рутина и да преземат смели чекори што досега ги избегнуваа.
Можни се големи промени на деловниот план, но и неочекувани средби што ќе им донесат инспирација и оптимизам. Љубовниот живот би можел да цвета, особено за оние кои се подготвени да преземат ризици и да се отворат за нови емоции.
Риби
Рибите исто така ќе почувствуваат позитивни вибрации. Рибите конечно ќе имаат чувство дека работите се склопуваат точно како што посакувале. Нивната интуиција ќе биде посилна од вообичаеното, па затоа лесно ќе препознаваат добри можности и ќе избегнуваат непотребни проблеми.
Ова е идеално време за нови почетоци, креативни проекти и донесување важни одлуки. Многу Риби ќе почувствуваат големо емоционално олеснување и внатрешен мир.
Забава
(Видео) Поради натпреварувачката од Финска, прекршено евровизиско правило кое важи веќе 28 години
Финската виолинистка, Линда Лампениус, добила ретка можност и специјално одобрување во финалето на овогодинешната Евровизија 2026 во Виена да свири во живо. Со ова, по речиси три децении, е направен исклучок од строгото правило на Евровизија според кое инструменталната придружба на сцена мора да биде однапред снимена.
Таа и пејачот Пет Парконен ја претставуваат Финска со песната „Лиекинхеитин“, која се смета за еден од фаворитите.
Организаторите ѝ дозволиле исклучок поради значењето на виолината во настапот. Линда изјавила дека виолината е нејзиниот глас во песната и дека конечно ќе може да „пее“ на сцена.
Инаку, правилото за забрана на свирење во живо постои поради брзите смени меѓу настапите и намалување на технички ризици. Вокалите сепак мора да бидат изведени во живо.
Пред оваа одлука, последниот настап со вистински инструменти во живо бил во 1998 година. Во Бирмингем, претставникот на Македонија, Владо Јаневски, ја изведе песната „Не зори, зори“ во придружба на вистински оркестар. Тој настапи последен таа вечер со оркетар. Нгеовиот настап всушност има два историски моменти. Интересно да се напомене е и дека Јаневски беше првиот евровизиски претставник на Македонија.
Забава
(Видео) Разликата во годините меѓу нив се топи: Мистериозниот холивудски пар не може да ги контролира своите страсти
Холивудскиот пар Стенли Тучи (65) и Фелисити Блант (44) со години привлекуваат внимание со својата мистериозност, а само повремено познатиот актер зборува за својата љубов кон Фелисити.
Нивната разлика во години е често тема на дискусија, а самиот Стенли еднаш проговори за тоа.
Со оглед на тоа што ретко се појавуваат во јавност, а уште поретко разменуваат нежности пред сите, бакнежот од црвениот тепих беше вистинска сензација.
Фелисити и Стенли прошетаа на премиерата на втората сезона од серијата „Ривали“, и како што се опишуваат на социјалните мрежи, изгледаа среќни и заљубени како да се на нивниот прв состанок.
За оваа пригода, Фелисити избра црвен елегантен фустан, кој го комбинираше со масивна огрлица, додека Стенли беше во сиво одело.
Насмевките, бакнежите и добрата соработка со новинарите ги однесоа на височини и сакале или не, тие повторно се главна тема на социјалните мрежи, но и на порталите.
