Контакт

Забава

Бела Хадид на церемонијална вечер во Мајами

Објавено пред

Бела Хадид ја покажа својата тенка фигура во свилен коктел-фустан без грб на добротворниот настан „Нека владее љубовта“ CORE x Let Love Rule, што се одржа во хотелот Soho Beach House, Мајами, во четвртокот вечерта.

Изгледот го дополни со црна чанта од пердуви и високи проѕирни потпетици, избор на стилистката Мими Катрел.

 

За фризурата се погрижи стилистот за коса Глен Коко, а тој се реши косата на Бела да ја направи величествена со продолжетоци речиси до половината.

Бела позира со инфлуенсерката Девон Карлсон, облечена во бел мини фустан.

 

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Армани ќе одржи ревија без публика во Милано поради коронавирусот

Објавено пред

Италијанскиот моден дизајнер Џорџо Армани одлучи да одржи ревија зад затворени врати во рамки на Миланската модна недела поради ширењето на коронавирусот во Италија.

Ревијата ќе се одржи без публика, но ќе биде снимена и прикажана во живо на веб-страницата на Армани, соопшти компанијата.

Националната комора на италијанската модна индустрија, која ја организира ревијата, соопшти дека Армани е прв кој донел таква одлука.

Во Италија најголем број на случаи на заразени со коронавирус се забележани во Ломбардија, чиј административен центар е градот Милано.

Прикажи повеќе...

Забава

Тарантино првпат стана татко на 57 години

Објавено пред

Режисерот и холивудски актер, Квентин Тарантино првпат стана татко на 57 години. Неговата сопруга, Даниела, на свет донесе момче.

Како што пишува „Џерусалим Пост“, дваесет години помладата избраничка на Тарантино, се породила во Тел Авив. Даниела е ќерка на познати израелски пејач и текстописец.

„Даниела и Тарантино се среќни што можат да ја објават убавата вест за раѓањето на нивното прво дете“ изјави менаџерката за ТМЗ.

Брачната двојка се венчаше пред 2 години на церемонија, на која присуствуваа големи имиња од Холивуд. Тарантино своевремено изјави дека кога снима филмови не прави ништо друго.

„Се е во филмот, немам жена, немам дете. Ништо не ми пречи. Целиот свет може да замине во пеколот и да изгори во пламен. Не ме интересира. Овој е мој живот. Тоа е Монт Еверест. Ако се качувате на него, не правите ништо друго“ рекол Тарантино.

Но, очигледно времињата се менуваат.

Прикажи повеќе...

Забава

Музејот во Аушвиц го предупреди Џеф Безос да повлече антисемитска книга за деца од „Амазон“

Објавено пред

Американскиот милијардер Џеф Безос, сопственик на „Амазон“ е предупреден од музејот во Аушвиц, од својата платформа да ја повлече антисемитската книга за деца со содржина од нацистичката ера.

Антисемитската книга „Отровна печурка“ ја напишал нацистот Јулијус Штрајхер, кој бил егзекутиран поради злосторства против човештвото. Бил висок нацистички функционер кој по Втората светска војна во Нирнберг бил осуден на смрт и обесен. Книгата е првпат издадена во 1938 година.

Британскиот образовен завод за Холокаустот ја опишал нивната згрозеност кога виделе дека угледни издаваќи куќи како „Амазон“, ја продаваат книгата на овој нацист, кој бил член на нацистичка партија и кој го основал антисемитскиот весник „Дер Стурмер“, кој се користел за пропагандни цели.

„Нацистичката пропаганда полна со омраза и заразен антисемитизам не се продава само на британскиот „Амазон““ навел музејот на својот Твитер.

Како што се наведува, покрај британскиот сајт, книги од автор како Јулијус Штрајхер може да се најдат и на американската и германската верзија на сајтот.

Книгата на „Амазон“ е достапна во оригинална германска верзија, како и на англиски, француски и шпански јазик.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Италија е трета земја во светот по бројот на заразени од коронавирус

Бројот на заразени со коронавирус во Италија значително се зголеми во последните три дена. До денеска се потврдени 152 случаи,...

Свет11 час

Трет патник од бродот во Јапонија почина од коронавирус

Трет патник од крузерот „Дајмонд принцес“ во Јапонија почина од коронавирусот, објави денеска јапонското Министерство за здравство. 80-годишниот јапонски државјанин...

Европа12 часа

Десет градови во Италија во изолација поради коронавирусот

Десет италијански градови, претежно во Ломбардија, се ставени во изолација откако вчера беа потврдени два смртни случаи и речиси 80...

Македонија12 часа

Четворица пациенти по инцидентот во Романовце се во животна опасност

Во текот на денешниот ден во Клиничкиот центар во Скопје примени се седум пациенти со изгореници, повредени од експлозија на...

Топ14 часа

Три деца загинаа а шест луѓе се повредени во експлозија на плинска боца во куќа во Романовце

Три малолетни деца на возраст од 8, 9 и 11 години утрово загинаа во експлозија на плинска боца во семејна...

Свет16 часа

Во земјотресот меѓу Иран и Турција – седум загинати во Турција, има и затрупани

Најмалку седум луѓе загинаа, а некои се затрупани под урнатините од згради на југоистокот од Турција, по потресот со јачина...

Спорт16 часа

Шпанците го обвинуваат тетовскиот супер-агент Фаљи Рамадани за перење пари!

Фаљи Рамадани, еден од најмоќните фудбалски агенти на светот, е под истрага на шпанските власти за учество во шема за...

Македонија16 часа

(Видео) Милошоски објави нов аудио-материјал: Заев договарал одлуки со Врховниот суд

На прес-конференција во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот Антонијо Милошоски објави нов материјал, кој рече дека како транскрипт му го доставил...

Топ17 часа

На автопатот „Пријателство“ во камион превезувани 43 мигранти од Бангладеш

Во близина на бензинска пумпа на автопатoт „Пријателство“, во правец од ГП Табановце- Куманово, синоќа полициски службеници од Полициска станица...

Свет17 часа

(Видео) Загина во ракетата што сам ја направи, сакаше да докаже дека Земјата е рамна

Американскиот авантуристички пилот, познат како „Лудиот“ Мајк Хјус, загина вчера обидувајќи се да ја лансира ракетата што сам ја направи,...

Свет18 часа

Русија негира дека шири дезинформации за вмешаност на САД во ширењето на коронавирусот

Русија строго ги негираше тврдењата дека шири дезинформации за појавата на коронавирусот на социјалните медиуми. Американски официјални претставници изјавија дека...

Свет18 часа

По грешка пуштиле 23 патници од крузерот без повторен тест за коронавирус

Владата на Јапонија дозволила да се симнат 23 патници од крузерот „Дајмонд принцес“ без повторно тестирање на коронавирус по истекот...

Топ1 ден

Тешко повреден градежен работник кој паднал во длабока дупка

Тешко повреден 52-годишен градежен работник од Скопје бил донесен вчера во Градската општа болница„Св. Наум Охридски“,откако паднал во дупка длабока...

Топ2 дена

Пронајдени 47 мигранти во камион кај Струмица

Четириесет и седум мигрнати биле пронајдени во паркиран камион кај Струмица, возачот на возилото избегал. Вчера околу 21 часот на...

Европа2 дена

(Видео) Археолозите со неверојатно откритие – пронајдена гробницата на Ромул во Рим

Италијанските археолози соопштија дека во центарот на Рим откриле древна гробница која речиси сигурно е посветена на основачот на Рим,...

Топ2 дена

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Полицијата поднесе кривична пријава против А.Т.(42) од Неготино и М.А.(29) од село Корешница, демиркаписко за неовластено производство и пуштање во...

Европа2 дена

Прва жртва на коронавирусот во Европа, почина пациент во Италија

Пациент заразен со коронавирус во градот Падова, на северот на Италија, почина, со што стана прва жртва на вирусот во...

Свет2 дена

СЗО: Земјите мора да дејствуваат брзо пред да биде предоцна

Шансите за сузбивање на ширењето на епидемијата на коронавирусот во светот се намалени, предупреди Светската здравствена организација (СЗО), нагласувајќи дека...

Топ2 дена

(Видео) Сеопфатното сексуaлно образование ќе превенира и скандали како „Јавна соба“

Порнографските материјали на малолетници дистрибуирани преку групата „Јавна соба“ на апликацијата „Телеграм“, бременост кај малолетнички, насилство базирано кон оние со...

Македонија2 дена

Спасовски: Владата разгледува две можни решенија за надминување на кризата со пасошите

Владата разгледува две можни решенија за надминување на пасошката криза, односно „Веридос“ што е можно побрзо да ги испорача обрасцирте...

Досие