Забава
Бен Афлек ќе игра во Дизниевиот „Хари Худини“, но не како магионичар

Освен што ќе ја репризира улогата на Бетмен за претстојната филмска верзија на „Флеш“, се чини дека Бен Афлек ќе биде зафатен и со друг филмски проект бидејќи е најавено дека ќе глуми во филм за големиот волшебник на 20 век, познатиот мајстор за илузија Хари Худини.
Филмот на „Дизни“ ќе го режира Ден Трахтенберг, а се базира на книгата на Вилијам Калуш и Лери Сломан, „Тајниот живот на Худини – создавањето на првиот американски суперхерој“.
Роден во Унгарија во 1874 година, Хари Худини е професионален магионичар илузионист, мајстор за бегство познат по своите зачудувачки бегства успевајќи да се ослободи од лисици и врзани јакни или лудачки кошули, на локации како што се стомакот на кит или кутии потопени под вода.
Како и да е, Афлек во филмот нема да ја игра улогата на Худини. Актерот најверојатно ќе се појави како некаков агент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Кортни Кардашијан го рекламира брендот на својата сестра Ким

Кортни Кардашијан покажа поддршка за помладата сестра Ким на својата iнстаграм-страница оваа среда.
Најстарата сестра Кардашијан крена бура кога ја покажа својата секси фигура во линијата долна облека на Ким, SKIMS. Во својата објава, 41-годишната Кортни напиша: „Слатки соништа“.
Последната објава на Кортни доаѓа среде шпекулации дека Ким е на работ на развод од сопругот Канје Вест.
Канје е третиот сопруг на Ким и татко на сите четири нејзини деца – Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (1).
Забава
(Видео) Џеј Ло го искористи моментот среде пеење на инаугурацијата да се обрати на шпански јазик

Џенифер Лопез на инаугурацијата на Џо Бајден ги изведе песните This Land Is Your Land и America the Beautiful, а покрај тоа што го вметна стихот на својата песна Let’s get loud („Ајде да станеме гласни“), Џеј Ло се обрати на шпански јазик.
„Една неразделна нација пред Бога, со слобода и правда за сите“, рече Џенифер на шпански јазик.
Реченицата е дел од Заклетвата на знамето на САД и се изговара на настани и во одредени образовни институции во Америка. Истата реченица ја изговори Лејди Гага во 2017 година кога пееше во финалето на Супер боул.
Нејзиниот настап предизвика разни емоции, па некои нејзината изведба ја сметаа за смешна, други се срамеле да ја гледаат, некои ја обвинија за самопромовирање, а имаше и такви што сметаа дека зад сето тоа стои политичка порака наменета за Латиноамериканците што живеат во САД.
Забава
Серена Вилијамс тренира со својата ќерка Олимпија

Таа во моментот е во Австралија каде што се подготвува за следниот гренд слем тениски турнир „Австралија опен 2021“.
Серена Вилијамс неодамна на својот „Тик-ток“ сподели видео што било направено пред таа да замине од дома.
Легендата на тенисот може да се види како игра со својот тренинг-партнер – тригодишната ќерка Олимпија.
Серена е во брак со Алексис Оханијан, коосновач на „Редит“, со кого се омажи во 2017 година во Њу Орлеанс.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот