Контакт

Естрада

Бибер бара предбрачен договор со моделот

Објавено пред

Поп-ѕвездата Џастин Бибер и неговата убава свршеница, моделот Хејли Болдвин, нема да застанат пред олтарот и да се заколнат меѓусебно на вечна љубов, без да потпишат предбрачен договор.

Иако не беше планирано претходно, бидејќи Бибер верува во љубовта со Хејли до крајот на својот живот, во консултација со својот ПР-тим и пријателите, тој се согласи да го потпише договорот.

Хејли и Џастин веќе ја извадија неопходната документација за склопување брак, ги ангажираа своите адвокати и се подготвени да преговараат и, како што тврди ТМЗ, во договорот ќе стои дека во случај на развод секој си го задржува својот дел од имотот.

Богатството на Бибер се проценува на 265 милиони долари, а Хејли има околу 6 милиони долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Гитаристот Дејвид Гилмор донира 21,5 милион долари за заштита на планетата

Објавено пред

Гитаристот нa „Пинк флојд“, Дејвид Гилмор, на аукцијата во Њујорк продаде 127 гитари од својата колекција за речиси 21,5 милион долари и целата сума ја донира на непрофитната организација ангажирана во борбата против климатските промени и заштита на планетата, ClientEarth.

На аукцијата, која се одржа минатата недела во „Кристи“ во Њујорк, собрани се 21.490.750 долари и се поставени некои светски рекорди кога станува збор за продажба на гитари, објавија американските медиуми.

Седумдесет и тригодишниот музичар ги донира сите средства од аукцијата на ClientEarth, непрофитна организација која се бори за заштита на планетата на која живееме.

Прикажи повеќе...

Естрада

Бон Џови со своето семејство летува во Хрватска

Објавено пред

Американскиот пејач и рокер Џон Бон Џови (57) со сопругата Дороти Херли (56) и неговите синови Ромео (15) и Џејкоб (17) вчера пристигна во Цавтат.

Бон Џови ја закотви својата луксузна 60 метри долга јахта „Рарити“, која  е изградена во  2008 година и може да прими 12 гости во шест кабини.

Музичарот се прошета низ Цавтат и притоа им делеше автограми на обожавателите.

Сепак, неговиот син Џејкоб се пофали со видеото од нивната луксузна јахта. И откри дека во вечерните часови бил во Дубровник.

Прикажи повеќе...

Естрада

Алис Купер и неговата сопруга склопиле пакт за умирање

Објавено пред

Рокерот Алис Купер и неговата сопруга Шерил Годард се договориле дека ќе умрат во ист ден, откри пејачот во едно скорешно интервју. Тој зборувал за големата љубов кон сопругата, за бракот и за тоа дека знаат оти не може да живеат еден без друг.

„Склопивме пакт – кога ќе дојде време за умирање, заедно ќе тргнеме на тој пат. Нема шанса да живееме еден без друг“, рекол Купер.

Познатиот музичар е во брак 43 години, а со Шерил има три деца – две ќерки и син. Се запознале кога таа дошла да биде танчарка во нивната група и го следела бендот на настапите насекаде во светот. Купер тврди дека по венчавката во 1976 година, тој никогаш не ја изневерил ниту, пак, ја изневерувал додека биле во врска.

„Никогаш не се покајав. Најважното правило за секој брак е да се ожените со девојка во која сте заљубен. Ние се сакаме и денес. И не се караме. Таа ми е и жена и најдобра пријателка“, изјавил тој.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 час

Владата ќе испитува дали има основа да се раскине концесијата за Иловица

Владата на денешната 141 седница донесе одлука да го задолжи Министерството за економија да ја испита правната исполнетост на барањето...

Свет11 час

ОН: Богатите ќе купуваат спас од жештините и гладот, на повидок е климатски апартхејд

Светот е на пат кон климатски апартхејд, во кој богатите ќе купуваат излез од најлошите ефекти од климатските промени, додека...

Економија13 часа

Во Љуботен запленети над 12 тони тутун, нелегално се увезувал од сите соседни земји

Над 12 тони тутун е одземен од жителите на Љуботен по спроведената акција во селото. Нема уапсени, бидејќи истрагата не...

Македонија14 часа

Дураки поднесе оставка: Моето раководење ќе остави траен белег во заштитата на животната средина

Садула Дураки поднесе оставка на функцијата министер за животна средина и просторно планирање од причина што е предложен за министер...

Регион15 часа

Ердоган: Ако е потребно, ќе направиме ревизија на владата, но без надворешни притисоци

Не можеме да ги предвидиме пораките на народот и да се оглушиме на нив, истакна денеска турскиот претседател, Реџеп Таип...

Македонија16 часа

Здравствениот инспекторат побара проверка на стручноста на лекарите за смртта на родилката

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) вчера извршил вонреден инспекциски надзори во сите здравствени установи каде што била лекувана родилката од...

Македонија16 часа

(Видео) Арсовски: Советник од ДУИ незаконски гради бетонска база во Охрид

Безвластието и самоволието на локалните шерифи во Охрид е само слика и прилика од владеењето на Зоран Заев и СДСМ,...

Македонија18 часа

Кавадарчани фалсификувале американски долари, обвинение против 12 лица, меѓу кои и вработени во банка

Основното јавно обвинителство Велес поднесе обвинителен акт за фалсификување американски долари. Од Обинителството информираат дека обвинението се однесува на 12...

Македонија19 часа

Поднесено е обвинение против Ел Чека

Основното јавно обвинителство Кичево поднесе обвинение против Ел Чека за, како што се наведува, продолжено кривично дело – неовластено прислушување...

Македонија19 часа

Финансиската полиција спроведе акција во скопско Љуботен, жителите вознемирени

Финансиската полиција од утрово спроведува акција во скопското село Љуботен, каде што со помош на припадници на МВР се врши...

Свет21 час

Иран: САД го затвори патот на дипломатијата засекогаш

Техеран порача дека со воведувањето на нови американски санкции кон ирански претставници значи постојано затворање на патот на дипломатијата меѓу...

Свет21 час

Русија се враќа во Советот на Европа

Русија доби поддршка од Парламентарното Собрание на Советот на Европа, по неколку години да се врати во тоа тело, пренесе...

Македонија1 ден

Герила акција: Скопските дрвја во синџири

О2 иницијативата во соработка со Институтот за комуникациски студии спроведе герила акција со цел да укаже дека е неопходна слобода на...

Топ2 дена

Две лица се обиделе да запалат кафуле во Лисиче

Синоќа во 22 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред кафе бар на улицата „Горно Лисиче“ во Скопје две...

Македонија2 дена

Тројца стружани со државни пари точеле гориво во своите приватни возила

Полицијата поднесе кривична пријава против три лица од струшко кои се сомничат за злоупотреба на службена положба и овластување. Од МВР...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ: Атанасов направи храбар чекор и ѝ кажа „не“ на неработливата и криминална Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја поздрави одлуката на Петар Атанасов да се повлече од функцијата заменик-министер за образование. „ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува одлуката на...

Македонија2 дена

Јанкулоска не оди во затвор, Врховен ѝ го прифати барањето за одлагање

Врховниот суд ѝ го прифати барањето на поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, за одлагање на извршувањето на казната...

Македонија2 дена

Атанасов до Заев: Поднесувам оставка

Заменик-министерот за образование, Петар Атанасов, на „Фејсбук“ му се обрати на премиерот Заев порачувајќи му дека поднесува оставка од функцијата...

Топ2 дена

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесет и седумгодишен маж од село Скудриње вчера почина кога бил поклопен од неговиот камион ТАМ. Несреќата се случила кога...

Регион2 дена

Напнато на Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски провокативен настап на истокот од Медитеранот, пишува...

Досие