Контакт

Hitech

Бил Гејтс: Најголемиот страв ми е дека мозокот ќе престане да ми работи

Објавено пред

Најголем страв на американскиот милијардер, Бил Гејтс, е дека мозокот ќе престане да му работи.

Гејтс ова го кажа во новиот документарец на „Нетфликс“ во три дела, наречен „Во мозокот на Бил: Декодирање на Бил Гејтс“.

Во неодамна објавената најава за овој филм, чиј режисер и извршен продуцент е Дејвис Гугенхајм, се обелоденува дека неговата тематиката е да открие што се случува во главата на вториот најбогат човек во светот, која неговата сопруга Мелинда Гејтс ја нарекува мултипроцесор.

Мелинда вели дека Гејтс цвета во комплексни ситуации.

„Тој прави рамка во својот ум и тогаш почнува да ги сортира информациите. Ако нешто не се вклопува, навистина се фрустрира“, објаснува госпоѓа Гејтс.

Hitech

Порталот за популарна технологија USB.mk доби нов и модерен дизајн

Објавено пред

Порталот за популарна технологија USB.mk по три години од своето основање доби нов и помодерен дизајн, кој на читателите ќе им овозможи подобра прегледност при пребарувањето на содржините од областа на технологијата и науката. Сајтот е редизајниран по теркот на современите светски трендови и нуди минималистички и визуелно почист изглед, при што е целосно прилагоден за смартфоните, таблет-уредите и компјутерите.

USB.mk е креиран од ентузијасти и љубители на најновите технолошки достигнувања, кои на дневно ниво ги информираат, едуцираат и советуваат посетителите со мноштво нови содржини покривајќи ги глобалните трендови, но и локалниот пазар.

Се работи за динамичен и атрактивен „all-in-one“ портал кој ги опфаќа сите области на ИТ-индустријата и телекомуникациите, при што им се обраќа на најразличните профили на корисници: од средношколци и студенти, преку љубители на технологијата и крајните купувачи, до менаџерите и бизнис-клиентите.

Основната идеја е секој да може да пронајде информација за себе, врз основа на своите интереси, потреби и ниво на знаење, при тоа уживајќи во модерниот изглед и напредната навигација, создадени според најновите веб-стандарди. USB.mk е насочен кон секоја модерна личност свесна дека технологијата е составен дел од секојдневниот живот, работа и забава.

 

Прикажи повеќе...

Hitech

Популарна игра забранета за корисниците на Ајфон во Кина поради коронавирусот

Објавено пред

Корисниците на Ајфон во Кина повеќе не ќе можат да ја симнат популарната игра за епидемија на смартфоните, поради ширењето на смртоносниот коронавирус. Американските производители на играта „Plague Inc“ велат дека биле известени дека таа вклучува содржина што е нелегална во Кина, како што е утврдено од Кинеската управа за сајбер простор.
        
Креаторите на играта велат дека таа е најпопуларна платена игра во Кина долги години и не е дизајнирана да го сензационализира избувнувањето на болестите.
        
„Plague Inc. е интелигентна и софистицирана симулација што ги охрабрува играчите да размислуваат и да учат за сериозни проблеми со здравјето. Имаме голема почит кон нашите кинески играчи и разочарани сме што веќе не ќе можат да пристапат и да ја играат играта“, велат од компанијата.

Прикажи повеќе...

Hitech

Почина информатичарот кој измисли копи-пејст

Објавено пред

Информатичарот кој ја измисли командата копи-пејст почина на 74 години. Едноставната команда за сечење, копирање и лепење секому му го олеснува работниот ден и заштедува милиони часови работа. Зад тој концепт стои Лери Теслер, еден од пионерите на силициумската долина.

Теслер почнал да работи во силициумската долина во раните 60-ти по студирањето компјутерски науки на Стенфорд. Во време кога компјутерите беа недостапни за повеќето луѓе, Теслер се вработил во истражувачкиот оддел (PARC) во Xerox во 1973 година. Тој специјализирал за развој на кориснички интерфејс, или како да ги направи ИТ-системите полесни за употреба.

Тогаш тој го развил системот за сечење, копирање и лепење, кој со екот на годините на многумина им заштеди милиони и милиони часови работа. Овој концепт на команди е познат до ден-денес и практично е составен дел на која било канцелариска алатка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 минути

Во Битола 55 сантиметри снег, во Крушево – 47

Снежната покривка во Битола сотигна до 55 сантиметри, додека во Крушево има 47 сантиметри снег. Во Маврови Анови има 40...

Свет24 минути

Руски воен транспортер со медицинска опрема пристигна во САД

Руски воен транспортен авион пристигна во Њујорк, носејќи медицинска опрема и маски, како помош за САД во борбтата против коронавирусот....

Забава29 минути

Во НАСА пристигнале 12 000 апликации за идни астронаути

Американската вселенска агенција (НАСА) објави дека примила 12 000 апликации за идната генерација астронаути, за околу десетина слободни места, а...

Свет2 часа

„Ламборгини“ ќе произведе хируршки маски за да помогне во борбата против Ковид-19

Италијанскиот производител на луксузни автомобили „Ламборгини“ претвори некои оддели во својата фабрика „Сант’Агата болоњезе“ во погони за производство на хируршки...

Македонија13 часа

Се забрануваат нови вработувања во јавниот сектор

Во јавниот сектор времено се забрануваат новите вработувања, нови ангажирања преку агенции за привремени вработување и нови договори на дело,...

Македонија14 часа

Починатата родилка од Охрид немала коронавирус

Министерството за здравство информира дека се негативни резултатите на битолчанецот кој беше пронајден починат во својот стан и кај родилката...

Македонија16 часа

Бројот на излекувани пациенти со коронавирус во Македонија се искачи на 17

Министерот за здравство, Венко Филипче, информираше дека од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, денеска се испишани пет пациенти....

Македонија17 часа

ЕУ дозволи пристап за земјава до Европскиот солидарен фонд

Северна Македонија доби пристап и до Европскиот солидарен фонд, од каде заедно со земјите – членки на ЕУ ќе бидат...

Македонија18 часа

Се продолжува породилното отсуство додека трае вонредната состојба

Родилките чие породилно отсуство од работа истекува за време на вонредната состојба, ќе може да останат дома цело време додека...

Македонија19 часа

Со Ковид-19 заразена медицинска сестра од Клиниката за пулмологија

Во Куманово медицинска сестра, вработена на Клиниката за пулмологија, дошла на работа без симптоми, но вчера ѝ се појавила зголемена температура...

Економија19 часа

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата...

Македонија19 часа

Нов смртен случај на коронавирус во земјата, позитивна и починатата пациентка од Струга

Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести во Скопје починала една пациентка од Лабуништа на возраст...

Економија19 часа

Ангеловска: Каматите на кредитите не може да бидат укинати, банкарскиот сектор треба да биде стабилен

Банките ќе пресметуваат камати на одложените кредити за да се овозможи нормално функционирање на банкарскиот сектор. Министерката за финансии, Нина...

Свет20 часа

Речиси 2.500 туристи ќе тужат скијачки центар во Австрија поради коронавирусот

Речиси 2.500 туристи спремаат тужба против ски-центарот Ишгл во Австрија поради лошо постапување за време на епидемијата на коронавирусот и...

Свет20 часа

(Видео) Во Лондон за пет дена направена болница за 4.000 пациенти

Британската агенција за јавно здравје со помош на војската за пет дена ја претвори конференциската сала „Ексел“ во Лондон во...

Македонија21 час

Министерството за здравство со совети како да го заштитиме менталното здравје во време на коронавирус

Карантинот, изолацијата и социјалното дистанцирање се мерки што докажано го забавуваат ширењето на Ковид-19 и ни помагаат да го заштитиме...

Македонија21 час

Починаа родилката од Охрид и нејзиното бебе

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје доцна синоќа почина пациентка на возраст од 37 години од Охрид, која...

Свет22 часа

За еден ден во Москва излекувани 45 луѓе од коронавирусот

Нови 45 луѓе, кои се излекувале од коронавирусот, се пуштени од болница во Москва изминатите 24 часа, соопштија градските власти....

Европа23 часа

Бројот на починати од Ковид-19 во Европа се искачи над 30.000

Европа изгуби над 30.000 животи во пандемијата на новиот коронавирус Ковид-19, од кои повеќе од една третина се во Италија,...

Европа23 часа

Уапсен терорист во Виена, се криел во старски дом

Во Виена е уапсен терористот што го барале руските власти, а кој се криел во старски дом. Руските власти издале...

Досие