Контакт

Забава

Битка за наследството на Арета Френклин

Објавено пред

Неодамна починатата кралица на соул музиката, Арета Френклин, не оставила тестамент
за своето богатство, кое се проценува на 80 милиони долари. Според медиумите, тоа ќе остане во наследство на нејзините четири сина, но кругот на наследници лесно би можел да се зголеми откако и други подалечни роднини пројавиле интерес да земат дел од колачот.

Нејзиното богатство, според законите во Мичиген, рамномерно треба да го поделат нејзините синови.  Со оглед на тоа што нема тестамент, вредноста на имотот може да стане јавна и да резултира со долготрајна правна битка, во која право на наследството ќе добијат и членови на поширокото семејство.

Внуката на Арета Френклин, Сабрина Овенс, веќе побара да биде именувана за личен застапник за имотот.

Френклин ќе биде погребана во својот роден град Детроит на 31 август. Погребот ќе биде затворен за јавноста. Ќе присуствуваат само членови на семејството и пријатели на „кралицата на соулот“. Френклин ќе биде погребана покрај својот татко, сестри и брат.

Славната пејачка почина на 16 август во својот дом во Детроит од рак на панкреас. Имаше 76 години.Во 2010 години таа дозна дека боледува од рак, а минатата година сосема се повлече од музиката.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Бибер бара предбрачен договор од моделката

Објавено пред

Од

Поп-ѕвездата Џастин Бибер и неговата убава свршеница, моделката Хејли Болдвин, нема да застанат пред олтарот и да се заколнат меѓусебно за вечна љубов без да потпишат предбрачен договор.

Иако не беше планирано претходно, бидејќи Бибер верува во љубовта со Хејли до крајот на својот живот, во консултација со неговиот ПР-тим и пријателите, тој се согласи да го потпише договорот.

Хејли и Џастин веќе ја извадија неопходната документација за склопување брак, ги ангажираа своите адвокати и се подготвени да преговараат, како што тврди ТМЗ, во договорот ќе стои дека во случај на развод секој си го задржува својот дел од имотот.

Богатството на Бибер се проценува на 265 милиони долари, а Хејли има околу 6 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Забава

До 2043 година, дебелината ќе го надмине пушењето како причина за рак

Објавено пред

Од

Дебелината ќе го надмине пушењето како најголема причина за рак која може да се спречи кај жените во Велика Британија до 2043 година, според извештајот на британскиот Центар за истражување на рак.

Во моментов, 12 проценти од случаите на рак кај жените се поврзани со пушењето, а 7 проценти со дебелина и прекумерна телесна тежина.

Сепак, како што бројот на пушачи се намалува и се очекува раст на бројот на луѓето со прекумерна тежина, Центарот предвидува дека во следните 25 години тој однос ќе се промени.

Според пресметките на Центарот,  10 проценти од случаите на рак кај жените, што е околу 25 000 лица, може да се поврзани со пушењето, а девет отсто, околу 23 000 случаи, со дебелината.

Ако овој тренд продолжи, до 2043 година дебелината ќе предизвика повеќе случаи на рак отколку пушењето кај жените, пренесува Би-би-си.

Што се однесува до мажите, засега нема такви предвидувања, бидејќи сега повеќе мажи се пушачи отколку жените.

Иако дебелината е сè поголем проблем кај мажите, се верува дека дебелината кај жените е почест предизвикувач на рак кај оваа популација.

 

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Индонезиско момче преживеало 49 дена на море во сплав

Објавено пред

Од

Индонезиски тинејџер преживеа 49 дена на море, пиејќи морска вода и јадејќи риба, која ја приготвувал на дрва кои ги кршел од оградата на бородот, објави Би-Би-Си.

Во средината на јули, 19-годишниот Алди Новел Адиланг се наоѓал во колиба оддалечена 125 километри од индонезискиот брег, кога силните ветришта го исфрлиле. Завршил илјадници километри во близина на Гуам, каде што на крајот бил спасен од панамски брод.

19-годишниот, од индонезискиот остров Сулавеси, работел на “ромпонг” – пловечка стапица за риби, без никакви педали или мотор.

Неговата работа била да ги запали светилките на пловилото, кои се дизајнирани да привлечат риби, пишува весникот “Џакарта пост”.

Стапицата, која е обликувана како колиба, лебди во средината на морето, но е закотвена со дното на морското дно.

Секоја недела, на тинејџерот му носеле свежи резерви на храна, вода и гориво од некој од неговата компанија, кои ги собирале рибите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Масовно труење во Виница, за една недела затруени 170 лица

Дури 120 лица вчера во текот на ноќта побарале итна медицинска помош во здравствената установа во Виница откако почувствувале симптоми...

Титаник, СЈО Титаник, СЈО
Македонија1 час

ДУИ во 2013 година забележала дека на седница на владата ВМРО-ДПМНЕ протнала 400 државјанства на луѓе од Кичево

Во разговор од 9 јануари 2013 година во предметот „Титаник“ меѓу ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешната министерка за...

Свет2 часа

Две лица загинаа во Полска кога камион удри во училиштен автобус

Во сообраќајна несреќа, која утринава се случи во Полска, загинаа две лица. Несреќата се случила помеѓу камион и училиштен автобус....

Македонија3 часа

Вртиме на списоците што ги собираше ти, му вели обвинета на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд продолжи рочиштето за предметот на СЈО со кодно име „Титаник“ со репродукција на бомбите. Во разговор од...

Топ3 часа

67-годишен маж пронајден мртов во река во близина на Прилеп

67-годишен маж е пронајден мртов во река во близина на Прилеп. Според полицијата, вчера околу 16 часот било пријавено дека...

Вести4 часа

Јапонските ровери испратија први фотографии од астероид

Двата мали ровери кои јапонското вселенско летало „Хајабуса 2“ во петокот успешно ги спушти на астероидот Рјугу, ги испратија првите...

Европа4 часа

Веднаш по излегувањето од притвор, Алексеј Навални повторно уапсен

Полицијата денеска повторно го уапси активистот за борба против корупцијата и противник на рускиот претседател Владимир Путин, опозицискиот лидер Алексеј...

Свет4 часа

Пирати киднапирале 12 членови на екипаж на брод во близина на Нигерија, меѓу нив има и Хрват

Пирати од Нигерија киднапирале 12 членови на швајцарски товарен брод, а меѓу киднапираните има и еден Хрват. Товарниот брод бил...

Македонија21 час

Договорот со Грција е диво месо вметнато во здрав организам, порача Мицкоски од Охрид

Овие месеци се пишува историја, а јас Христијан Мицкоски, заедно со огромното мнозинство од народот, со разум, мудрост, но и...

Култура23 часа

Клаудија Кардинале: Не останав во Америка, зашто Холивуд многу манипулира

Малата сала на Центарот на култура во Битола беше претесна да ги прими сите заинтересирани новинари, фоторепортери и обожаватели на...

Македонија23 часа

Видео порака на Столтенберг: Вратата е отворена, ве чекаме во НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг преку видео порака се обрати до македонската јавност и ја повика да одлучи дали...

Македонија24 часа

16 лица се затруле од сендвичи во Виница, петмина се во болница

Од минатата сабота до денеска, околу 50 лица од Виница се затруле од храна во различни угостителски објекти во градот....

Македонија24 часа

Бујар Османи со 40 претставници од Македонија в четврток на скрининг во Брисел  

Со досега најголема делегација од над 40 претставници в четврток, главниот политички преговарач Бујар Османи заминува во Брисел. Европската комисија...

Македонија1 ден

(Видео) МВР ќе казнува и за активности на интернет за спречување на правото на глас

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во рамки на подготовките за одржување на референдумот денес соопшти дека полицијата е на...

Македонија1 ден

Трка на бизнис секторот, најбрзи и годинава Министерство за финансии

Тимот од Министерството за финансии на чело со министерот Драган Тевдовски и годинава беше најбрз на бизнис трката покрај Вардар во...

Топ1 ден

Кај Лојане за неколку дена откриени над 120 мигранти

Полицијата за неколку дена открила 13 случаи со мигранти кои се обиделе илегално да ја преминат границата кон Србија. Како...

Свет1 ден

Кина ги откажа трговските преговори со САД

Кина ги откажа планираните трговски преговори со САД и наредната недела нема да го прати вицепремиерот Лиу Хе во Вашингтон....

Европа1 ден

Протести во Полска: ,Не се живее од плата до плата. Ние гладуваме”

Неколку илјади Полјаци вработени во јавниот сектор, меѓу кои вработените во образованието и здравството, како и пожарникарите, излегоа на протест...

Македонија1 ден

(Видео) Иванов од САД: Нема да гласам на референдумот

Претседателот Ѓорге Иванов од САД порача дека дека да отстапи од својата одлука и дека на 30 септември нема да...

Забава1 ден

СЗО: Поради консумација на алкохол годишно умираат три милиони луѓе

Алкохолот годишно убива околу три милиони луѓе низ целиот свет, односно прекумерната консумација на алкохол убива повеќе луѓе отколку сидата,...

Досие