Контакт

Забава

Бијонсе ги покажа тонираните стомачни мускули во елегантна спортска облека

Објавено пред

Музичката дива со фотосесија ги презентира најновите модели од колекцијата „Ајви Парк х Адидас“.

Новата колекција од соработката на „Ајви Парк“, брендот на Бијонсе, и гигантот „Адидас“, поттикна огромна љубопитност кај фановите.

Таа почна да споделува некои од своите пастелни комплети заедно со своите славни пријатели кон крајот на минатиот месец.

А во вторникот Бијонсе покажа поинаква страна на нејзината соработка со спортскиот бренд „Адидас“ позирајќи во елегантен сет од претежно црни парчиња.

Урбана и комфорна – поп-дивата (39) ги истакна своите облини во микс од спортски и лежерни парчиња во повеќе објави на својот профил на „Инстаграм“.

Странските клиенти ќе добијат пристап до облеките на 18 ноември, а фановите ќе може да ја најдат облеката во продавниците во целиот свет почнувајќи од следниот ден.

Забава

(Видео) Поставена новогодишната елка во „Галери Лафает“ во Париз

Објавено пред

Иако Франција е во делумен карантин, па сите не толку важни продавници се затворени – „Галери Лафает“ и оваа година ја претстави својата елка со придружните празнични украси, дури и пропишаните ограничувања ги инспирирале за украсувањето.

Божикната елка годинава е украсена со десетици  подароци донесени во Париз од девојчето Селест и со трепкачки лампиони што светат на секој половина час.

Бидејќи патувањето во моментот не е можно, ниту е препорачливо, белгискиот уметник Том Шамп ги однел сите заинтересирани на виртуелно патување со девојчето Селест. Тој украсил 11 излози на стоковни куќи со мотиви од нејзините авантури и прикажал сè – од северните села со поларни мечки преку пустините до дождовните шуми со загрозени снежни леопарди.

Сопствениците се надеваат дека стоковната куќа ќе се отвори набргу. Дотогаш празничните украси може да се уживаат преку социјалните мрежи или ѕиркајќи од улица во накитените излози.

Прикажи повеќе...

Забава

Дејвид Бекам заработува 70 милиони долари од видеоигра

Објавено пред

Дејвид Бекам наводно заработува повеќе од фудбалска видеоигра отколку што некогаш заработил во текот на својата кариера на професионален фудбалер.

Фудбалкската легенда (43), кој се повлече од спортот во 2013 година, потпиша тригодишен договор вреден 40 милиони фунти (70 милиони долари) за да се појави како играч икона во видеоиграта „ФИФА 21“.

Извор за весникот „Сандеј мирор“ изјави: Авторите на „ФИФА ЕА спортс“ му понудија 30 милиони фунти за три години, но тој успеа да постигне подобра спогодба.

„Тоа е голем додаток на брендот Бекам и најлесните пари што некогаш ги заработил“, рекол истиот извор.

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Роби Вилијамс објави божикна песна со тема за Ковид-19

Објавено пред

Новата песна на 46-годишниот пејач и текстописец Роби Вилијамс, Can’t Stop Christmas („Не можам да го запрам Божик“), се однесува на пандемијата во 2020 година, но вели дека ништо нема да ги спречи празничните прослави оваа година.

Текстот на песната има стихови: …каква мизерна година… какво време да се биде жив. За жал, некои пријатели исчезнаа… никогаш порано не било вака… како да сме во војна.

„Ништо нема да го запре Божик, нема шанси“.

„Дедо Мраз е на санка, но сега тој е на два метра растијание. На луѓето ќе им треба нешто во што ќе веруваат по една ваква година“.

Синглот е преземен од новиот двоен албум на Роби, The Christmas Present („Божикен подарок)“, во кој се појавуваат и сер Род Стјуарт, Брајан Адамс, Џејми Калум и Тајсон Фјури.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет47 минути

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет1 час

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија3 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија5 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион7 часа

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа7 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија8 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион8 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија8 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа9 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион9 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа10 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија10 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет11 час

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет11 час

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет11 час

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет22 часа

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија23 часа

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Македонија23 часа

Старата „Систина“ ќе биде ковид-центар, лекувањето на трошок на државата

Министерот за здравство, Венко Филипче, вечерва по состанокот со сопствениците на приватните болници на „Жан Митрев“, „Систина“ и „Ремедика“, истакна...

Досие