Забава
Би-би-си: Дали токсичниот случај Деп-Херд може да има застрашувачки ефект врз идните обвинувачи?

Амбер Херд беше цел на потсмев на социјалните мрежи во текот на судската битка за клевета со Џони Деп, во која беа вклучени и наводите за насилство од интимен партнер, коментира Би-би-си и го поставува прашањето дали случајот може да има застрашувачки ефект врз други обвинувачи во иднина.
Поротата во Вирџинија во средата потврди дека Деп бил клеветен од Амбер Херд во авторски текст од 2018 година во кој таа се опишала себеси како „јавна личност која застапува семејна злоупотреба“, иако не го именува него во текстот.
Според британскиот јавен сервис, пресудата изненади некои правни експерти, особено што уследи по поразот на Деп во сличен случај во Обединетото Кралство пред речиси две години.
„А за госпоѓа Херд, тоа беше речиси целосно отфрлање на нејзиното сведочење. Деп жестоко ги негираше наводите на неговата поранешна сопруга за емоционална, физичка и сексуална злоупотреба, за која таа тврдеше дека се случила во неколку наврати во текот на нивната петгодишна врска. Оваа недела поротата застана на страната на господин Деп и утврди дека наводите се лажни.“
Херд рече дека пресудата ѝ го скршила срцето. Нејзиниот тим соопшти дека ќе поднесе жалба.
„Но, во судот на јавното мислење, се чинеше дека госпоѓа Херд изгуби уште пред да биде донесена пресудата.“
Во текот на судењето, кое траеше шест недели, пред поротата да ја изрече својата пресуда беше воспоставен консензус на интернет дека Херд лаже. Нејзиното сведочење беше нашироко исмејувано, а хаштаговите кои ја нарекуваат социопат беа тренд на „Твитер“.
Петицијата за нејзино отстранување од претстојниот „Аквамен 2“ доби повеќе од 4,4 милиони потписи. На „Тик-ток“, парови глумеа експлицитни акти на насилство (користејќи го гласот на Херд) во очигледен обид да покажат дека се фабрикувани.
Вистината е дека без разлика на исходот на судењето, Деп излезе херој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Бред Пит најави крај на актерската кариера

Мега популарниот актер – Бред Пит во интервју за британски „GQ“ најави крај на неговата кариера со образложение дека улогите кои ги добива не ги задолуваат неговите стандарди и афинитети.
„Се сметам дека стојам на последната нога. Во последниот семестар. Што ќе биде овој дел? И како сакам да го дизајнирам? – рече Пит.
По разводот со Анџелина Џоли тој се приклучил на групата „Анонимни алкохоличари“.
„Имав навистина кул машка група овде, која беше навистина приватна и селективна, така што беше безбедно, бидејќи сум гледал работи на други луѓе, како Филип Сејмур Хофман, кој беше снимен додека си ги истура црева и тоа беше неприфатливо за мене“ рече актерот.
Забава
Питон од 100 килограми проголтал елен

Во стомакот на бурмански питон тежок над 100 килограми и со должина од 5,5 метри биле пронајдени остатоци од елен. Најверојатно тоа бил последниот оброк за змијата која била уловена уште во декември минатата година, а која беше во замрзнувач до април годинава, ловците се бореле половина час.
Бурманскиот питон е една од шесте најголеми змии во светот.
Најголемиот примерок досега уловен е од 2005 година, змија тешка 183 килограми и долга 8,2 метри.
Забава
Бил Козби осуден за сексуален напад на тинејџерка пред 47 години

Судот во Калифорнија ја осуди поранешната телевизиска ѕвезда Бил Козби за сексуален напад на тинејџерка уште во далечната 1975 година.
Џуди Хут, сега 64-годишна жена, ќе добие 500.000 долари отштета. Одлуката на поротата е засега единствената правосилна против 84-годишниот поранешен актер, кој досега беше обвинет од десетина жени за сексуални напади.
Пред помалку од една година Козби беше пуштен од затвор затоа што Врховниот суд во Пенсилванија му ја укина пресудата за сексуално матретирање на Андреа Констанд, поранешна директорка на кошаркарски клуб.
Козби е познат по своето хумористично шоу „Козби шоу“.