Контакт

Забава

Боб Дилан за првпат на врвот на Билбордовата листа

Објавено пред

Боб Дилан е првиот рокер кој ја доби Нобеловата награда за литература, но тој никогаш досега не постигнал еден од успесите што ги имаат постигнато многумина пред него, а тоа е сопствеништво на хит бр. 1 на Билбордовата топ-листа.

Но, тоа се смени сега, и тоа по малку неочекувано со песната „Murder Most Foul“, која трае 17 минути и зборува за атентатот на американскиот претседател Џон Кенеди, а која за неколку дена стана најпродаваниот дигитален рок-сингл. Верувале или не, Дилан под свое име никогаш не постигнал такво нешто.

Дилан ја објави песната на 27 март, а до 2 април е преземена 10.000 пати. Ова е прва авторска песна на Дилан што ја има издадено по албумот „Tempest“ во 2012 година.

Забава

Хилари Даф со мрсна коса, пунџа на главата и бројни модринки на нозете

Објавено пред

Американската актерка и пејачка Хилари Даф (32)  беше фотографирана на улиците на Лос Анџелес, со мрсна коса и бројни модринки на нозете.

Актерката, која стана позната во 2001 година во серијалот „Лизи Мекгвајер“, носеше тексас шорц и бела маица со кратки ракави, а озгора бел кардиган и црвена чанта на рамо,  додека на нозете имаше влечки во бежова боја.

На лицето имаше цветна заштитна маска, со оглед дека заштитната опрема е задолжителна во Калифорнија при излегување од дома, поради пандемијата на коронавирус.

Иако носеше пунџа, можеше да се забележи дека нејзината коса е многу мрсна и валкана.

Таа во раката држеше таблет и мобилен телефон, а она што го привлече вниманието беа бројните модринки на нозете, кои не ги криеше од холивудските папараци.

Хилари се почесто е фотографирана како шета со замислен поглед, изгледа како да е тажна и честопати ја врзува косата во пунџа.

Пред помалку од 6 месеци таа се омажи за својот свршеник Метју Кома (32), со кого ја има ќерката Банкс Вајолет Бер.

Прикажи повеќе...

Забава

Шварценегер не пропушта ден без своето омилено хоби

Објавено пред

Останува активен за време на пандемијата со секојдневно возење велосипед низ соседството.

Арнолд Шварценегер (72) го почна својот ден со уште едно релаксирачко возење велосипед во Брентвуд во средата.

Ѕвездата на „Терминатор“ со насмевка на лицето ужива во утринската рута низ Брентвуд со неговиот пријател, поранешен бодибилдер Ралф Мелер.

Во меѓувреме, Арнолд на социјалните мрежи го искажа својот став за смртта на Флојд и последователните протести.

Иако фановите се навикнати да гледаат смешни видеа на акаунтот на Арнолд во последно време, поранешниот гувернер на Калифорнија овој пат проговори со поинаков тон во врска со граѓанските немири.

„Демонстрантите кои ги гледаме на улиците не ја мразат Америка. Тие бараат од нас да бидеме подобри. Тие зборуваат во име на нашите сограѓани Американци кои повеќе немаат глас: Ахмуд Арбери, Бриона Тејлор, Џорџ Флојд и многу други“, напиша тој на Инстаграм, каде ги повика луѓето да ги прочитаат неговите размислувања за ова прашање во статијата во „Атлантик“.

Арнолд беше еден од бројните познати личности кои постираа црн квадрат на нивните профили на Инстаграм во знак на солидарност со протестите како дел од колективната акција „црн вторник во музичката индустрија“ или ден без емитување музички содржини.

Иницијативата, која потекна од „Атланата рекодс“, ги охрабри сите музички платформи и бизниси поврзани со музика да ја запрат програмата и да се воздржат од објавување содржини во знак на протест против полициската бруталност.

Прикажи повеќе...

Забава

Новиот „Самсунг галакси Ес 20“ се очекува на 9 јули

Објавено пред

Според објава на Твитер на „Самсунг мобајл“, корејскиот производител на  андроид-телефони ќе лансира нешто ново на 9 јули, со преднарачки од 19 јуни до 5 јули.

Она што може да се види од клипот е дека станува збор за соработка помеѓу „Самсунг“ и јужнокорејскиот машки бенд „Би-ти-ес“ (BTS) со кој компанијата официјално се здружи од февруари за да биде нејзин портпарол-група на производите.

Hardware Zone („Хардвер-зона“), интернет-портал ориентиран кон ИТ со седиште во Сингапур, којшто ја пренесе твитер-објавата на „Самсунг мобајл“, пишува дека знаците ги има на кутијата: Седумте виолетови срца и виолетовото лого на Би-ти-ес.

Дури и датумот 9 јули, кога „Самсунг“ планира да ја лансира новата серија смартфони Galaxy S20, е избран со причина, тоа е датумот кога Би-ти-ес го објави името на својот фан-клуб уште во 2013 година (A.R.M.Y (아미). Очигледно, „Самсунг“ се надева дека фановие на бендот ќе јурнат во потрага по лимитираното издание смартфони.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија40 минути

Велешкото Обвинителство отвори предмет по повикот на Агатангел за масовно одење во верските храмови

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите во медиумите и јавното соопштение на митрополитот Агатангел и...

Топ2 часа

Пријава за охриѓанец кој со лажна полициска палка запирал возила на патот Охрид – Кичево

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А. И. (44) од Охрид поради лажно претставување. На 15.3.2020, на социјалната мрежа „Фејсбук“,...

Македонија3 часа

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на Љубе Бошкоски за случајот „Кампања“

Судот во Стразбур донесе пресуда во корист на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, за случајот „Кампања“. Како што...

Македонија4 часа

Филипче: Епископот да го повлече повикот да се посетуваат верските храмови

Министерот за здравство, доц. д-р Венко Филипче, одговорајќи на новинарско прашање за повикот на епископот верниците да ги посетуваат храмовите...

Македонија5 часа

Заев: Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши мерките

Ако Мицкоски се грижеше за здравјето на граѓаните, немаше да ги крши здравствените мерки, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев,...

Регион6 часа

Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

Во Словенија во последните 24 часа се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката...

Македонија6 часа

Отфрлена кривичната пријава против кумановскиот градоначалник за непочитување на мерките за заштита

Кумановското основно јавно обвинителство донесе решение за отфрлање на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, и раководителот на...

Македонија7 часа

Двајца починати и 120 нови случаи на коронавирус во Македонија

Две лица починаа од коронавирус во последните 24 часа во Македонија, а регистрирани се 120 нови случаи, што е една...

Топ7 часа

Пукање на улицата Џон Кенеди во Чаир, полицијата го истражува случајот

Истрели од огнено оружје се слушале утрово во скопски Чаир, што ги вознемирило жителите, кои подоцна настанот го пријавиле во...

Македонија7 часа

Поради полицискиот час се поместуваат термините за аплицирање за лични документи

Граѓаните кои имаат закажано термини за аплицирање за лични документи во деновите кога во дел од општините на сила ќе...

Регион10 часа

(Видео) Нереди на протест во Атина за смртта на Џорџ Флојд – употребени молотови коктели и солзавец

Грчката полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои фрлале молотови коктели за време на протестот што се одржа...

Свет10 часа

СЗО продолжува со тестирање на лекот против маларија кај пациенти со Ковид-19

Светската здравствена организација ќе продолжи со тестирање на хидроксихлорокинот како потенцијален лек против коронавирусот, изјави директорот на СЗО, Тедрос Аданом...

Свет11 час

(Видео) Чувар прободел 37 деца и тројца возрасни во градинка во Кина

Најмалку 40 лица се повредени во напад со нож на југот на Кина, јавуваат кинеските државни медиуми. АП наведува дека...

Свет11 час

Џорџ Флојд имал коронавирус

Обдукцијата покажала дека убиениот Афроамериканец Џорџ Флојд бил позитивен на коронавирус, објави Си-ен-ен. Главниот медицински инспектор Ендру Бејкер изјавил дека...

Македонија12 часа

Мицкоски призна дека бил во кафеaна, не знаел дека е забрането да се седи внатре

Откако Државниот пазарен инспекторат вчера објави дека инспекторите биле спречени да извршат надзор во кафеана во Дебар маало, а после...

Македонија22 часа

(Видео) Инспектори биле спречени да направат надзор во кафеана, внатре бил лидер на политичка партија

Вработени во угостителски објект на Боемската улица во Дебар Маало не им дозволиле на инспекторите од Пазарниот инспекторат да извршат...

Македонија22 часа

Филипче: Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега

Се надевам дека, конечно, и на последните скептици ќе им стане јасно дека вирусот не е шега. Вирусот нема да...

Македонија24 часа

Владата донесе одлука за повторно воведување полициски час

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести за повторно воведување полициски час за време на претстојниот продолжен викенд...

Топ1 ден

Приведени седум полицајци во Куклица, правеле забава без да ги почитуваат мерките

Седум полициски службеници, кои не биле на должност, биле приведени затоа што правеле забава, без да ги почитуваат мерките против...

Македонија1 ден

И со негативен тест задолжителен е 14-дневен карантин по влез во земјата

Министерството за внатрешни работи соопшти дека при влез на наши граѓани во земјата, како и на странци, но само со...

Досие