Контакт

Бизарно

Божикни подароци што ги купуваат богатите

Објавено пред

Луксузната стоковна куќа „Ниман Маркус“ е позната по тоа што секоја година објавува божикен каталог во кој предлага најлуксузни и екстравагантни подароци за оние со многу длабоки џебови.

Имајќи предвид дека каталогот е наменет за клиентела која троши стотици илјади долари, особено со оглед на фактот дека каталогот излегува од 1939 година, на досегашните листи на подароци се најдоа навистина интересни нешта – од подморници до вистински мумии. Бидејќи што да му се подари на некој што веќе има сè? Изборот навистина не е лесен.

Еве што е на понуда за оваа година.

Јахта на соларно напојување, цената е седум милиони и сто илјади долари.

Таен агент – за скромни 315 000 долари, можете да им подарите на своите блиски искуство на таен агент.

Патување во Азија во период од еден месец – ако сакате да ги истражувате азиските бисери со вашите најмили и најблиски, тоа ќе ве чини 630 000 долари.

Куќа на пороците – во овој луксузен дом ќе можете безбедно да се препуштите на својот порок, било да станува збор за пушење цигари, пиење некој скап алкохол или нешто помалку мрачно. Ова задоволство ќе ве чини 250 000 долари



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Бизарно

Во обид да направи селфи жена испаднала од автомобил на автопат крај Лондон

Објавено пред

Жена испаднала од автомобил на фреквентен автопат во околината на Лондон додека висела низ прозорецот од сопатничката страна снимајќи видео за „Снепчет“, соопшти локалната полиција, а пренесе Си-ен-ен.

На жената ѝ била укажана лекарска помош на местото на настанот и не претрпела сериозни повреди.

„За среќа, таа не беше сериозно повредена“, објави полицијата на „Твитер“, додавајќи и слика од отворениот прозорец во автомобилот од кој испаднала жената.

Си-ен-ен соопшти и резултати од студија објавена во магазинот„Journal of Family Medicine and Primary Care“, според кои околу 259 луѓе ширум светот починале при обид да направат селфи во периодот меѓу 2011 и 2017 година. Истражувачите откриле дека највеќе вакви смртни случаи се регистрирани во Индија, а потоа следат Русија, САД и Пакистан. Повеќето од жртвите биле мажи (околу 72%) на возраст под 30 години.

Тие исто така потсетуваат дека четири лица од исто семејство се удавија минатата година во Индија откако се лизнале и паднале во вода обидувајќи се да направат селфи.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Два големи питона со должина од 2 и пол метри паднале низ таванот во куќа во Австралија

Објавено пред

Човек од Австралија доживеал прилично голем шок кога се вратил дома и видел дека две големи змии се провлекле низ неговиот таван и продолжиле да ползат низ собите во неговата куќа во Квинсленд.

Дејвид Тејт во понеделникот пронашол една змија во спалната соба и друга во дневната. Заедно имале околу 22 килограма. Експертот за фаќање змии Стивен Браун изјави дека змиите што се појавиле во домот на Тејт биле со исклучителна големина.

Received a call to Laceys Creek after customer found 2 very large Coastal Carpet Pythons (Morelia spilota mcdowelli) in…

Posted by Brisbane North Snake Catchers and Relocation 24hrs 7days 0449922341 on Недела, 30 август 2020

Се верува дека се работи за два мажјаци кои се бореле за женка и така пропаднале низ таванот. Женката сè уште не е лоцирана. Едниот питон пронајден во куќата бил долг 2,8 метри, а другиот 2,5 метри.

Тејт раскажал дека претходно ги видел змиите како се сончаат на неговиот покрив.

Прикажи повеќе...

Бизарно

Французинка уапсена во Индија, се сликала гола на свет мост

Објавено пред

Една 27-годишна Французинка е уапсена затоа што се снимила гола на мост кој се смета за свет, а е изграден над реката Ганг во Индија.

Жената, позната само како Мари-Елен, била приведена на 27 август во индиската држава Утараканд. Полицаецот Р. К. Саклани за Си-ен-ен изјави дека обвинетата го снимала видеото за да го промовира својот бизнис за продажба на накит.

„Таа снимила видео на мостот Лаксман Џула, кој се смета за свет. После тоа, правела неморални фотографии и во хотелот. Таа е гола на фотографиите, кои подоцна ги објавила и на Инстаграм”, рече Саклани.

Полицијата добила дојава за фотографиите кога некои верници го препознале мостот на фотографиите и видеата, а локален советник исто така поднел кривична пријава против жената.

Лаксман Џула е висечки мост кој се наоѓа на околу пет километри северно од градот Ришикеш.

Мари-Елен во моментов е на слобода откако платила кауција, а е обвинета за недолично однесување на јавно место. Таа, наводно, дала изјава за француската новинска агенција АФП, велејќи дека делумно се соблекла на мостот затоа што секогаш кога ќе го преминала се чувствувала лошо поради прекорните погледи, како да била малтретирана.

„Жал ми е што со своите постапки и наштетив на локалната заедница. Не ги зедов доволно предвид локалните специфики“, објаснила таа.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа24 минути

Жестоки реакции против новите мерки во Британија, можно е да се вмеша и војската

Новите рестриктивни мерки што ги објави премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, против ширењето на коронавирусот, наидоа на жестоки реакции...

Свет1 час

Jапонска компанија тврди дека има лек кој го скратува времето на закрепнување од Ковид-19

Jапонската компанија „Фуџифилм“ објави дека нејзиниот лек „Авиган“, веќе одобрен за потешките групи, обезбедил статистички значајно намалување на времето за...

Македонија1 час

Анализа: Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на вработувањата во министерствата и општините во последните...

Македонија2 часа

Заев со писмо до Вартоломеј побара писмена одлука за автокефална Македонска православна црква

Премиерот Зоран Заев испратил писмо до патријархот Вартоломеј, поглавар на Цариградската патријаршија, во кое се навраќа на средбата во Истанбул...

Македонија15 часа

Во 169 основни и 4 средни училишта ќе се следи настава со физичко присуство

Во 169 основни и четири средни училишта ќе се одвива настава со физичко присуство. Ваквата одлука доаѓа откако попладнево Владата...

Македонија16 часа

Јанакиески ќе бара да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“

Миле Јанакиески ќе достави барање до Кривичниот суд за да биде додаден во листата на оштетени во предметот „Таргет-Тврдина“ за...

Македонија16 часа

„Водовод“ не најде бактерии во градската мрежа во Скопје по паниката што се прошири на социјалните мрежи

Водата од градскиот водовод во скопски Бутел нема бактерии и исправна е за пиење, а веста што се прошири на...

Свет17 часа

Одложен самитот на ЕУ – претседателот на Европскиот совет ставен во карантин

Состанокот на ЕУ, кој требаше да се одржи на 24 и 25 септември, е одложен за 1 и 2 октомври,...

Македонија21 час

Пет лица починаа од коронавирус, потврдени се 88 нови случаи во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.618 тестирања, а регистрирани се 88 нови случаи на...

Македонија21 час

(Видео) Филипче: Состојбата со вирусот повторно се влошува, ако е потребно ќе има рестрикции

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека за есенва се размислува за воведување на повеќе мерки како...

Македонија23 часа

Мицкоски ги повика граѓаните утре да излезат на протест против неправдата и мафијата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, повика на нов протест што ќе се одржи утре во 18.30 часот. Како што порача...

Економија23 часа

(Видео) Бектеши: Субвенциите за етнички вработувања се дел од изгласаната владина програма

Вработувањата кои ќе поттикнат добри меѓуетнички односи се вметнати во Владината програма која е изгласана од Собранието, изјави министерот за...

Свет24 часа

Русија очекува до 15 октомври да регистрира втора вакцина против коронавирус

Русија очекува до 15 октомври да регистрира уште една, втора по ред, потенцијална вакцина против коронавирус, јави агенцијата ТАСС повикувајќи...

Европа1 ден

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Спорт1 ден

Италијански судија убиен во својот дом

Италијанскиот фудбалски судија Даниеле Де Сантис (33) и неговата девојка Елеонора Манта (30) биле убиени во домот на судијата во...

Македонија1 ден

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 ден

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет1 ден

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија1 ден

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија1 ден

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Досие