Забава
Бонд-девојка! Бела Хадид позира за колекцијата 007 на Мајкл Корс

Бела Хадид оваа есен донесе многу заводлива кампања.
Во четвртокот беше откриено дека Мајкл Корс, кој неодамна лансира ексклузивна капсула-колекција инспирирана од Џејмс Бонд, ја избрал 25-годишната сестра на Џиџи Хадид за заштитно лице на новата колекција костими за капење „Мајкл Корс 007“.
Хадид глуми секси Бонд-девојка додека рекламира едноделни и дводелни костими за капење од новата линија, што се совпаѓа со објавувањето на филмот No Time To Die со Даниел Крег, Леа Сејду и Ана де Армас.
„Ги сакам независноста и повеќестраниот карактер на секоја Бонд-девојка. Таа може да биде сè и сешто. Каде било или никаде. Класична, кул и независна“, рече Бела.
Со Хадид и Синди Бруна видеото од кампањата ги доловува интригата и неодоливоста на Бонд-тематиката. Спотот е снимен во познатиот „Оушн клаб“ на Бахамите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Хју Грант го доби својот ден на суд против весникот на Мардок

Тврдењата на британскиот актер Хју Грант дека новинари на „Сан“ користеле приватни истражители за да го прислушуваат неговиот телефон и да ја ограбат неговата куќа може да одат на судење, но неговите наводи за пресретнување на говорната пошта се изнесени предоцна, пресуди Високиот суд во Лондон.
Грант, заедно со синот на кралот Чарлс, принцот Хари, го тужи „Њуз груп нузпејперс“ (НГН) на Руперт Мардок за широко распространето наводно незаконско собирање информации за кои Грант тврди дека биле извршени во име на неговиот таблоид, „Сан“.
Судијата Тимоти Фенкорт во писмената одлука прецизира дека наводите на Грант за следење на говорната пошта, односно хакирање на телефонот, се надвор од шестгодишното временско ограничување за правна постапка.
Но, судијата нагласи дека прашањето дали наводите на Грант за прислушување фиксни телефони, благирање, кражба и инструкции до приватни истражители да направат нешто од ова биле донесени предоцна мора да се утврди на судење што треба да се одржи во јануари 2024 година.
А Грант рече: „Задоволен сум што на мојот случај ќе му биде дозволено да оди на судење и тоа е она што отсекогаш сум го сакал – затоа што е неопходно вистината да излезе на виделина за активностите на ‘Сан’“.
„Како што јасно покажува мојот случај, наводите одат многу пошироко и подлабоко од пресретнување говорна пошта“, додаде тој.
Повеќето медиуми ја објавија веста со наслов „Всушност, судење“ алудирајќи на божиќниот класик „Всушност, љубов“ (Love Actually) во кој глуми Грант.
Забава
Готвач мавтал со нож дома кај Бенедикт Камбербеч

Британскиот актер Бенедикт Камбербеч и неговото семејство биле изложени на закана од готвач со нож додека биле дома.
Џек Бисел, поранешен главен готвач во луксузен хотел, упатил серија закани кон актерот откога упаднал во неговиот дом во северен Лондон.
Бисел (35), кој во судот не понуди никакво објаснување за своето однесување, му кажал на актерот: „Знам дека се пресели овде – се надевам дека ова место ќе изгори до темел“.
Бенедикт, неговата сопруга Софи Хантер и нивните три деца – Кристофер, Хал и Фин – биле дома кога Бисел упаднал во нивниот имот и го откорнал домофонот од ѕидот пред да почне со заканите кон филмската ѕвезда.
Тој на крајот побегнал, но полицијата успеала да го пронајде со помош на ДНК-докази.
Бисел се појави во судот „Вуд грин крун“ во Лондон претходно месецов, каде што призна дека извршил казниво дело. Поранешниот готвач е казнет со 250 фунти и тригодишна забрана за приоѓање.
Забава
Џони Деп ги презакажа концертите поради фрактура на глуждот

Џони Деп презакажа серија концерти откога претрпе фрактура на глуждот.
Холивудската ѕвезда (59) се огласи на социјалните мрежи за да ги открие вестите за својата повреда и да ги потврди презакажаните датуми за турнејата на својот бенд „Холивуд вампајрс“ во САД.
Џони, кој свири во бендот заедно со Алис Купер и Џо Пери, напиша на „Инстаграм“: „Драги мои пријатели, жал ми е што морам да кажам дека го скршив глуждот и многу е тешко!!! Сè почна како мала повреда, но некаде помеѓу Кан и ‘Ројал Алберт хол’ стануваше полошо отколку подобро. Неколку медицински експерти препорачаа да избегнувам секаква активност во моментот и затоа, за жал, не можам да патувам“.
„Поради ова, на момците и на мене многу ни е жал што нема да се видиме во Њу Хемпшир, Бостон и во Њујорк, но ветувам дека ќе ви донесеме неверојатно шоу на сите во Европа, а подоцна ова лето ќе го донесеме нашето апсолутно најдобро на источниот брег и ќе им надоместиме на оние што платиле за овие настапи!!!“
Џони потоа ги потврди презакажаните датуми на турнејата за крајот на јули.