Контакт

Естрада

На Боно му се врати гласот, турнејата на „Ју ту“продолжува

Објавено пред

Фронтменот на ирската музичка група „Ју ту“, Боно, кој на концертот во саботата во Берлин го изгуби гласот, на задоволство на обожавателите ќе продолжи до крајот на својата европска турнеја, бидејќи лекарот кој го прегледал утврдил дека гласните жици ќе му заздрават.

„Ме прегледа одличен лекар и со негова помош, мојот глас ќе оздрави и ќе можам да „пеам” на целата турнеја”, се вели во соопштението издадено во неделата на веб-сајтот на ирската музичка група.

„Јас сум пресреќен, и ми олесна затоа што лекарот ја отфрли можноста за големи компликации на гласните жици. На концертот во Берлин атмосферата беше исклучителна. Се чинеше дека ова ќе биде една од оние незаборавни ноќи … но на крај не излезе така. Ние со нетрпение очекуваме таму повторно да запееме на 13 ноември “, напиша Боно.

„Ју ту“ во саботата, по само неколку песни мораше да го прекине концертот во Берлин, на кој присуствуваа неколку илјади луѓе, бидејќи Боно остана без глас.

Медиумите шпекулираа дека губењето на гласот можеби е предизвикано од уредот за димни ефекти.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Тејлор Свифт добива закани по живот

Објавено пред

Од

Познатата пејачка Тејлор Свифт, конечно, издејствува судска забрана за приоѓање обожавател кој ја следи веќе две години и ѝ испраќа заканувачки писма.

Ерик Свабрик (26) во писмата што ги испраќа од 2016 година напиша навистина ужасни работи, пишува „Дејли мејл“.

„Сакам да ја силувам Тејлор Свифт. Јас знам дека таа е мојата сродна душа и тоа е причината зошто ја мразам”, „Научив да го потиснам чудовиштето во себе, но наскоро ќе станам одговорен за себе и не постои друг логичен заклучок освен смртта”, „Јас нема да се двоумам да те убијам, и не постои ништо што ти, адвокатот или полицијата можат да направи во врска со тоа. Запомни кој сум јас”, пишува тој, меѓу другите нешта.

Пејачката овие писма толку ја вознемируваат што таа е во постојан страв и стрес, а нејзините адвокати сметаат дека заканите се многу реални и дека тој ќе се обиде да ги оствари.

Судијата веднаш издаде забрана за приод и контакт со пејачката, а на лудиот обожавател му е забрането да се приближи до нејзината куќа.

Ова не е првпат Тејлор да ја прогонува манијак. Минатиот месец полицијата уапси маж кој се обидел да влезе во нејзината куќа, носејќи маска и гумени ракавици. Тој носел нож, муниција и јаже, додека во неговиот автомобил пронашле уште маски, куршуми, дрога и психијатриска документација.

Прикажи повеќе...

Естрада

Џеј Зи за една година заработил 76,5 милиони долари

Објавено пред

Од

Раперот Џеј Зи е прогласен за најплатен хип-хоп музичар во 2018 година. Во изминатите 12 месеци заработил 76,5 милиони американски долари.

Шон Картер, познат како Џеј Зи, успеал да го помине раперот и продуцент Шон Комб или Паф Деди, кој три години по ред беше на врвот на листата на „Форбс“.

Џеј Зи во втората половина на 2017 година го промовира својот последен албум „4.44“, а оваа година настапуваше со својата сопруга Бијонсе на заедничката турнеја „Он д ран 2“. Двојката во јуни го објави албумот „Евритинг ис лав“.

Паф Деди заработил 64 милиони долари, Кендрик Ламар е трет на листата со годишна заработка од 58 милиони долари. Зад него се наоѓа Дрејк со заработка од 47 милиони долари.

Прикажи повеќе...

Естрада

Оскаровката јавно проговори: Очувот ме силуваше кога бев мала

Објавено пред

Од

Оскаровката Сали Филдс (71) целиот живот го помина под светлата на рефлекторите, но успеа вешто да сокрие еден мрачен дел од својот живот.

Филдс открила неколку шокантни факти од својот живот во својата книга „Во делови“, која наскоро ќе биде објавена. Во мемоарите таа пишувала за злоупотребата што ја трпела со години од нејзиниот очув, но и за тајниот абортус што го имала на 17 години во Мексико.

Во мемоарите, таа пишува дека очувот, додека нејзината мајка не била дома, ја повикувал во спалната соба. „Тогаш знаев“, напишала таа. „Во истиот момент се чувствував како беспомошно дете, а не бев. Моќно. Тоа беше моќ. Сакав да бидам дете“, додала.

Во книгата останало нејасно кога почнала  злоупотребата, но се наведува дека престанала кога таа имала 14 години. Неколку години подоцна, поточно во 1968 година, мајка ѝ се развела од очувот.

Сали ѝ признала на мајка ѝ дека очувот ја злоупотребувал дури кога имала 66 години во 2012 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ8 минути

Почина пожарникар во Скопје, му се слошило додека гасел пожар

Пожарникар кој учествувал во гасење пожар во близина на транзитниот центар за странци во Скопје починал неколку часа по интервенцијата....

Крвав четврток16 минути

„Излезете комуњари, отворете“ викаа по нас, а ние стоевме зад регал за да не се одбие куршум, рече сведок за 27 април

Во кривичниот суд во Скопје со сослушување на четворица сведоци продолжи судското рочиште за 27 април, познат како крвавиот четврток....

Македонија25 минути

Мнозинството уставни судии не се согласуваат дека одлуката за референдум е неуставна

Мнозинството од судиите не се согласуваат со предлогот на судијката Елена Гошева, Уставниот суд да поведе постапка и да изрече...

Македонија42 минути

За Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага Уставниот суд да поведе постапка

За Елена Гошева, одлуката за референдум е неуставна, предлага да стопираат сите активности и Уставниот суд да поведе постапка. Таа...

Вести2 часа

Ким Џонг-ун наскоро ќе отпатува во Сеул

Севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, по состанокот со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае-ин, изјави дека во наскоро планира да го...

Македонија2 часа

Ристиќ: Против полицајците кои ме приведоа ќе бидат преземени сите правни мерки

Актерката Ирена Ристиќ и нејзиниот адвокат Јанаки Митровски најавија дека против полицајците кои во саботата ја приведоа и ја одведоа...

Македонија3 часа

Заев во Вашингтон на покана од потпретседателот Пенс

Премиерот Зоран Заев патува за Вашингтон каде утре (20 септември) ќе има билатерална средба со американскиот потпретседател, Мајк Пенс. Како...

Македонија22 часа

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава против Заев поради поткуп при избори

ВМРО-ДПМНЕ  достави кривична пријава во Јавното обвинителство против премиерот Зоран Заев, поради јавен повик на поткуп при избори. Димитар Димовски,...

Култура23 часа

(Видеоинтервју) Адеми: Нулта толеранција за корупцијата во културата, нови комисии на претстојниот конкурс

Строги и јасни критериуми по кои ќе одлучуваат новооформените комисии на претстојниот конкурс за проекти во културата, нулта толеранција за...

Топ1 ден

Камион удри во баба и внуче на пешачки премин на булевар Србија

Почина бабата која со внучето вчера беше прегазена на пешачки премин на булеварот Србија во скопската населба Аеродром, информира полицијата....

Македонија1 ден

,,Море Миле, нити е сечено, нити е лепено”, му рече обвинителката на Миле Јанакиески

Во кривичниот суд во Скопје продолжува рочиштето за предметот на СЈО со кодно име ,,Траекторија”, за провизиите за кинеските автопатишта....

Македонија1 ден

Хан до Мицкоски: Референдумот не е момент за политички игри

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, му кажал дека референдумот не е партиски...

Свет1 ден

Флоренс направи невидена катастрофа, а допрва следат најголемите поплави во историјата

Ураганот Флоренс, и покрај тоа што ослабна, и натаму предизвикува огромни штети во американските сојузни држави Јужна и Северна Каролина,...

Економија1 ден

Државата ќе позaјми 50 милиони евра – утре со нив ќе врати стари долгови

Министерството за финансии објави дека денеска на домашниот пазар од банки и осигурителни друштва ќе побара заем од над 50...

Свет1 ден

(Видео) Јужнокорејскиот претседател пристигна на третиот самит со севернокорејскиот лидер во Пјонгјанг

Јужнокорејскиот претседател, Мун Џае-ин, пристигна во Пјонгјанг на третиот состанок оваа година со севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. На меѓународниот аеродром...

Европа2 дена

Орбан: ЕУ сака да дозволи влез на мигрантите и да управува со нив

Европската Унија сака да ја преземе одбраната на надворешните граници на одделни земји за да овозможи влез на мигранти, изјави...

Свет2 дена

(Видео) Пожар на паркинг пред шопинг-центар во Њујорк, над 20 повредени

Најмалку 21 лице се повредени во пожар што избувнал пред паркинг на шопинг-центарот „Кингс плаза“ во Њујорк. Локалните медиуми пренесуваат...

Свет2 дена

Русија и Турција се договорија да формираат тампон-зона во Идлиб

Русија и Турција се договорија да создадат демилитаризирана тампон-зона во сириската провинција Идлиб за да ги разделат владините сили од...

Daily news2 дена

(Видео) Техничкиот директор на ЈСП: Старите автобуси ќе возат до идното лето

Поради недоволен број возила, ЈСП мора во сообраќај да ги пушта старите автобуси „санос“. Техничкиот директор, Васил Толевски, вели за...

Македонија2 дена

Актерката Ирена Ристиќ приведена па однесена во болницата во Бардовци оти чистела ѓубре пред Влада

Актерката и активистка Ирена Ристиќ со полициско комбе била приведена во полициска станица „Беко“ бидејќи, како што вели, чистела догорчиња...

Досие