Контакт

Забава

Брајан Адамс се извини за коментарот во врска со коронавирусот

Објавено пред

Канадскиот пејач Брајан Адамс во вторникот се извини за својата објава на социјалните мрежи, во која тој за ширењето на новиот коронавирус ги обвини „лошата исхрана, продажбата на животни на пазарите за морска храна и алчните копилиња што го создадоа вирусот“, пренесува „Ројтерс“.

Адамс коментарите ги објави на „Инстаграм“ во понеделникот кога напиша објава во врска со откажувањето на неговите концерти во лондонскиот „Ројал Алберт хол“ поради Ковид-19.

Роден во Кингстон, Онтарио, Адамс моментно живее во Лондон и е веган.

Неговата објава наиде на остри критики и осуда во социјалните мрежи, а претседателката на Кинеско-канадскиот национален совет за општествена справедливост, Ејми Го, ѝ кажа на канадската корпорација за радиодифузија дека коментарите на пејачот се многу, многу расистички.

Во своето извинување, исто така објавено на „Инстаграм“, Адамс вели дека единствено сакал да го сврти вниманието за ужасната суровост кон животните што се продаваат на пазарите за морска храна како можен извор на вирусот, а исто така сакал и да го промовира веганството како начин на исхрана.

Многу истражувачи веруваат дека новиот тип на коронавирис (Ковид-19) потекнува од лилјак и дека извор на вирусот е пазар за морска храна во Вухан, Кина. Но, теоријата дека излезна точка на вирусот е лабораторија во Вухан станува многу веројатна во последните неколку недели, пишува „Ројтерс“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли најдоа заеднички јазик по долгата судска битка

Објавено пред

Веќе четири години поранешните сопружници Бред Пит и Анџелина Џоли ги полнат весниците со нивните проблеми поврзани со разводот. До неодамна тие не можеа да се договорат како би изгледал нивниот конечен договор за поделба на старателството над шесте заеднички деца.

Но, по сè изгледа, актерката и актерот успеаја да се договорат за одредени точки во судскиот процес. Тоа го тврди добро информиран извор за американските таблоиди велејќи:

„На Бред на прво место му се децата. Тие се многу важни за него и тој постојано им кажува на пријателите колку научил од нив. Тој и Анџелина се во многу подобри односи од порано. Уште од кога се согласија за некои правила за старателството и се држеа до тој план, тие некако се смирија“.

Фактот дека родителите се во коректни односи најмногу ја радува нивната ќерка Шајло, која за неколку дена ќе го прослави својот 14. роденден. „Шајло е многу блиска со двајцата родители цело време. Затоа е особено среќна за овој мир што го има и не може да дочека да го прослави роденденот, што веќе го испланирала со торта, балони и пријатели. Бред многу се гордее со Шајло до каде таа стаса. Тој е исклучително среќен што таа остана своја и што толку убаво се однесува кон своите браќа и сестри“.

Многу заеднички пријатели на поранешната брачна двојка се пријатно изненадени од ситуацијата помеѓу Бред и Анџелина.

„Нивната комуникација значително се подобри, и двајцата сфатија дека е време да учествуваат заедно во воспитувањето на своите деца. Бред, конечно, може да ги види децата на неколку дена и тие се среќни за тоа исто така. Фактот дека тие живеат многу блиску едни до други, само им помага“, тврди неименуваниот извор за списанието „Ју-ес викли“.

Прикажи повеќе...

Забава

Совршено сочуван римски мозаик откриен под лозје во Италија

Објавено пред

Римски мозаик, по кој археолозите трагаа повеќе децении, е откриен под лозје во Италија, јави Би-би-си.

Истражувачите од општината Неграр ди Валполичела, северно од Верона, објавија фотографии од добро сочуван мозаик на длабочина од еден метар.

Експертите уште пред сто години на место во близина откриле делови од римска вила, пренесе Би-би-си.

Археолозите внимателно ја отстрануваат земјата со цел да го утврдат севкупниот размер на античката градба.

Истражувачите ќе соработуваат со сопствениците на лозјето и локалните власти со цел да изнајдат начин ова скриено археолошко богатство да го направат достапно за јавноста.

На техничарите ќе им требаат значителни ресурси, а локалните власти ветија секаква потребна помош за да продолжат ископувањата.

Прикажи повеќе...

Екологија

Најавен пробен лет на најголемиот авион на електричен погон

Објавено пред

Најголемиот авион на електричен погон треба денеска да полета на пробен лет, кој се очекува да трае 30-ина минути над американската сојузна држава Вашингтон, објави лондонскиот „Гардијан“.

Авионот „цесна“, тип карван, кој прима 9 патници, е опремен со електричен мотор, а денеска ќе се вивне на небото само со пилот, на пробниот лет со просечна брзина од речиси 180 километри на час.

Користењето електрични мотори во авионите би била револуција во воздушниот сообраќај, кој е смета за еден од најголемите загадувачи поради емисиите на јаглерод во атмосферата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

АД „Водостопанство“ и еден раководител ќе одговараат за смртта на 15-годишното момче што се удави во Пчиња

Полицијата поднесе кривична пријава против АД „Водостопанство“ на Македонија и раководител на сектор за речен слив и речни корита поради...

Македонија2 часа

Филипче: ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирус

ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да...

Македонија2 часа

Пријава за фирма од Скопје – продавала производ за кој лажела дека нема глутен

Полицијата поднесе пријава против фирма во Скопје и нејзиниот сопственик поради измама на купувачи – односно продажба на производ на...

Македонија4 часа

Хрватските граници нема да бидат отворени за туристи од Македонија

Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ, најави денеска отворање на границите за туристи од 10 земји, меѓу кои не е Македонија. „Успеавме...

Македонија5 часа

При влез во ресторан ќе се покажува лична карта, а следните 10 дена се период за едукација на угостителите

Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот...

Македонија5 часа

Потврдени 38 нови случаи на Ковид-19, од кои над 20 се од Скопје, починаа уште 3 лица

Денеска, потврдени се 38 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка на дијагностицирани е 2.077 лица, oздравени се 16...

Македонија5 часа

Чулев: На литијата во Струга имаше затајување на функцијата на полицијата, истрагата е во тек

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата што учествувале на...

Македонија6 часа

Регистриран првиот случај на починат здравствен работник од Ковид-19

Во земјата е регистрирана првата смрт на здравстветен работник како последица од коронавирусот. Станува забор за дипломираниот фармацевт Петар Мојсоски,...

Македонија7 часа

Игротеките бараат финансиска поддршка и датум за почеток со работа

Групацијата на забавни и рекреативни дејности во рамките на Услужната комора при Сојузот на стопанските комори на Македонија достави четири...

Македонија7 часа

Независниот синдикат на полицијата: Наградата за полицајците да се исплати во платата во јуни

Независниот синдикат на полицијата побара техничкиот премиер и министерот за внатрешни работи итно да се договорат за наградата за полицајците...

Македонија9 часа

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање свадби и родендени

Со одлука на Владата, од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија9 часа

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство, Венко Филипче, изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија9 часа

Парична помош за оние што останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците што поради корона-кризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе може бргу да дојдат до...

Регион9 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија24 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа1 ден

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа1 ден

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион1 ден

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија1 ден

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија1 ден

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Досие