Забава
Бредли Купер сакал да се откаже од актерството во 2020 година

Бредли Купер откри дека за малку ќе се откажел од актерството во 2020 година.
Главниот протагонист во „Ѕвездата е родена“ размислувал да стави крај на кариерата кога култниот режисер Пол Томас Андерсон му се јавил и го замолил да глуми во Licorice Pizza.
Во интервјуто Actors on Actors на „Вараети“, Бредли, кој го портретира филмскиот продуцент Џон Питерс во филмот, рече: „Причината што не се откажав од глумата е Пол Томас Андерсон. Кога ме повика да бидам во неговиот филм, сакав да бидам во тој филм, како да ми отвори врата.“
Филмот е снимен во услови на пандемија во летото 2020 година, а 47-годишната холивудска ѕвезда очигледно не сакал да ја пропушти шансата да работи со 51-годишниот режисер на „Буги најтс“, кој го зеде под своја закрила и ја обнови неговата страст за снимање филмови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Канје Вест ја разгорува војната со Ким во новиот сингл

Канје Вест повторно ја разгорува војната со поранешната сопруга Ким Кардшијан за старателството над нивните четири деца во најновиот сингл New Love, кој излезе во четвртокот навечер.
„Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле“ гласи еден стих од песната.
Во песната, со вокал од покојниот XXXTentacion, се појавува Канје (44), изразувајќи го своето незадоволство од распоредот за неговото старателство, додека рапува: „Чекај, кога ќе ги видиш децата? Ќе се видиме утре/ Чекај, кога ќе зајде сонцето? Се гледаме утре“.
Раперот, исто така, тагува поради фактот што неговите деца не се постојано со него: „Кога ќе ги земам, се чувствувам како да ми ги позајмиле/ Кога треба да ги вратам, ги скенирам ги како бар-код“.
Вест, кој ги дели Норт (8), Сент (6), Чикаго (4), и Псалм (3) со реалити-ѕвездата (41), продолжува да се жали на облеката на децата.
„Кој ги облака децата во овие алишта?“/ Зошто не можат да носат ‘Јизи’? прашува тој, алудирајќи на сопствениот бренд.
Забава
Луѓето ја коментираат реакцијата на Херд кога Кејт Мос сведочеше за Деп

Манекенката Кејт Мос, која беше повикана како сведок од адвокатите на Џони Деп, во средата сведочеше преку видеолинк во рамките на спорот помеѓу Амбер Херд и ѕвездата на „Пиратите од Карибите“.
Кејт, која беше во врска со Деп од 1994 до 1997 година, ги демантира шпекулациите дека нејзиниот поранешен партнер Деп еднаш ја турнал по скалите.
А реакцијата на Херд во текот на исказот на манекенката беше повод за многубројни негативни коментари на социјалните мрежи насочени кон поранешната сопруга на Деп.
„Кејт е елегантна и достоинствена. Нешто што Амбер никогаш нема да биде“. „Амбер е лута и сигурно ќе пукне однатре“, „Колку е страшна“. „Така се однесуваше татко ми кога ќе го фатеа во лага – бргу трепка и воздивнува“.
„Лицето на Амбер кажува сè“. „Смешно е да се видат нејзините очи како трепкаат кога е бесна“. „Ги врти очите, не знае каде да гледа поради експлозивниот бес што го држи во себе“.
„Јасно е дека Амбер не сака да слуша дека Кејт и Деп имале долга врска“, „Сликата на Амбер како пука во тишина е веројатно најсмешното нешто што сум го видел“.
„Многу чудно однесување за некој што бил малтретиран,“ напиша друг. „Амбер е нарцисоидна и не може да поднесе што Џони не е нејзина сопственост“, „Ооо, таа полуде. Не може да го поднесе фактот што е фатена во своите лаги и дека Кејт е многу поубава од неа“, ова се само некои од многуте коментари за вчерашното судење.
Забава
Кан 2022: Нина Добрев поробува со својот изглед во црвен фустан

Меѓу многуте гламурозни настани во рамките на Филмскиот фестивал во Кан, на распоредот беше и еден со хуманитарен предзнак – amfAr гала – каде што преку аукции се собираат финансиски средства што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.
Десетици супермодели, актери и други славни личности не го пропуштија овој настан, па го привлекоа вниманието на медиумите во блескави тоалети, а меѓу нив беше и Нина Добрев.
33-годишната актерка блесна на најгламурозниот настан на филмскиот фестивал, галата amfAr, која како и секоја година се одржува во Hotel du Cap-Eden Roc.
Таа се појави во друштво на своето момче, сноубордерот Шон Вајт.
Актерката, која се прослави со филмот The Vampire Diaries („Вампирски дневници“), блеска додека позира како бура во хотелот Du Cap-Eden-Roc.
Елегантниот црвен фустан со смело деколте во форма на солза ја истакнува нејзината фигура нa песочен часовник. Креацијата е без ракав од едната страна, а од другата страна има подигнато рамо и долг ракав закачен на ракавица.
Традиционалниот настан е со хуманитарен предзнак. Преку аукции се собираат финансиски средства, што ќе бидат донирани за потребите на програмите за истражувања во борбата против сидата.