Контакт

Забава

Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор за продажба на заеднички имот

Објавено пред

Некогашниот омилен холивудски пар Бред Пит и Анџелина Џоли постигнаа договор што отвора врата за Џоли да го продаде својот удел во винаријата вредна 164 милиони долари, но некои медиуми предупредуваат дека неодамнешна тужба на Пит става пречки на патот.

Џоли и Пит се согласуваат со одлуката за укинување на „стандардната привремена мерка забрана за пристап“ на нивниот заеднички имот, која беше донесена во текот на бракоразводната постапка.

Ова му овозможува на поранешниот пар да продава имот стекнат во периодот на нивниот двегодишен брак, што навидум ја отвора вратата за Џоли да ги продаде своите 50% од акциите на замокот-винарница Шато Миравал во јужна Франција.

Но, претходно оваа недела Бред поднесе тужба со која ја обвини Џоли за „одмазднички план“ да ги продаде нејзините акции, заобиколувајќи го неговото право на прво одбивање и да профитира од „макотрпната работа, време и пари“ инвестирани од страна на актерот и неговите бизнис-партнери, според ексклузивните правни документи до кои дојде „Дејли мејл“.

Замокот Миравал е проценет на 164 милиони долари (140 милиони евра).

Забава

(Видео) Де Ниро, Фримен и Ли Џонс во урнебесна комедија

Објавено пред

Во последниве години, зборовите „нова комедија со Роберт де Ниро“ предизвикуваа бран разочарување дури и кај неговите најпосветени фанови, бидејќи двократниот оскаровец во неколку наврати, со филмови како Little Fockers и Dirty Grandpa, го валка своето беспрекорно наследство, оценуваат филмски критичари.

Но со најновата комедија, Тhe Comeback Trail, Де Ниро ги поби и критичарите и сите оние кои мислеа дека не треба да глуми во комедии.

Во „Тhe Comeback Trail („Патека на враќање“), неговиот последен обид да измами насмевка, легендарниот актер го глуми филмскиот продуцент од 1970-тите Макс Барбер, кој смислува план да ја убие ѕвездата на својот нов вестерн и да се збогати од исплатата на осигурувањето.

За разлика од неговите неколку понови комедии , Де Ниро овде изгледа ангажирано, ентузијастично и е навистина смешен.

Во новата урнебесна комедија друштво му прават уште двајца холивудски ветерани Томи Ли Џонс и Морган Фримен. Режисер е Џорџ Гало.

The Comeback Trail е римејк на истоимениот филм од 1982 година и станува збор филмски продуцент што ѝ должи пари на мафијата.

Прикажи повеќе...

Забава

Адел ќе одржи концерти во лондонски Хајд парк по пауза од пет години

Објавено пред

Музичката суперѕвезда Адел во вторникот изјави дека следното лето ќе одржи два концерта во лондонскиот Хајд парк, нејзин прв настап во последните пет години.

Најавата, како што пренесоа британски медиуми, предизвикала уривање на нејзината веб-страница бидејќи фановите брзале да се регистрираат за претпродажба на билети.

Ова ќе бидат први настапи на Адел од 2017 година.

Неколку британски портали објавија дека нејзината веб-страница паднала цитирајќи фанови кои велат дека не можеле да се пријават за претпродажба.

Прикажи повеќе...

Забава

Брендан Фрејзер ќе го глуми негативецот во „Бетгрл“

Објавено пред

Брендан Фрејзер, актерот од акционата авантура „Џорџ од џунглата“, е избран за улогата на Фајрфлај, социопат што сака пиротехника во претстојниот проект на „Ди-си“, иако конкретните детали за дејството на филмот – чија премиера ќе биде на „Ејч-би-о макс“ в година – остануваат непознати.

Кристина Ходсон го напиша сценариото, а Кристин Бур треба да биде продуцент.

Многубројни ликови ја играа суперхеројката во универзумот на Бетмен, но Барбара Гордон е најистакната меѓу нив, иако ликот дебитира во стриповите како Бети Кејн во 1961 година.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија20 минути

Италија забрани туристички патувања за нашите државјани, Данска ги олесни ковид-правилата за влез

Со најновата одлука на италијанските власти, Република Северна Македонија се преместува од листа Д во листа Е, со што не...

Македонија1 час

Активист на ВМРО-ДПМНЕ попречувал прес-конференција пред сала „Расадник“, тврди СДСМ

На вчерашното снимање на едно видео обраќање на кандидатката за советничка Дина Спировска за скандалите околу салата Расадник и Данела...

Свет2 часа

Два проценти од богатството на Илон Маск ќе го реши гладот ​​во светот

Мала група на исклучително богати поединци може да помогне во справувањето со гладот ​​во светот само со мал дел од...

Регион2 часа

САД размислуваат за укинување на визите за Бугарија

Бугарија е една од земјите за кои американскиот министер за внатрешна  безбедност, Алехандро Мајоркас изјави дека САД размислуваат да ги...

Македонија3 часа

Бројот на заразени од коронавирус од почетокот на пандeмијата во Македонија надмина 200.000 лица

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата веќе изнесува 200.412 по вчерашните потврдени нови 511...

Македонија3 часа

Заев: Куманово повторно ќе држи лекции, сочувајте го социјалдемократскиот дух на Куманово

„Куманово и на овие избори ќе одржи лекција по социјалдемократија, по прогресивност и секако по обединување и ќе даде пример...

Свет3 часа

Вакцината на „Фајзер“ за деца од 5 до 11 години одобрена од експерти на американската агенција за лекови

Советодавниот одбор на американската Администрација за храна и лекови (ФДА), составен од реномирани американски здравствени експерти, ја одобри употребата на...

Македонија14 часа

Од 15 ноември во ресторани, молови и клубови со потврда за примени две дози вакцина

Владата донесе одлука со која се дозволува влез во секаков вид објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти (кафетерии,...

Македонија14 часа

Дозволено организирање настани во затворено до 50 проценти исполнетост

Владата на денешната редовна 115-та седница, на предлог на Комисијата за заразни болести донесе одлука со која се дозволува организирање...

Македонија14 часа

Шилегов: Во моментов Скопје работи на три најсложени инфраструктурни проекти во својата историја

Скопје по повеќе децении добива нов мост кој овозможува брза врска на најнаселената општина во Скопје, Аеродром, со Гази Баба,...

Македонија14 часа

(Видео) Мицкоски: Кај Шилегов единствено нешто што му се гледа повеќе од ароганцијата е стравот дека ќе загуби

Одговорот на Заев и Шилегов на дебаклот што им се случи во првиот круг од изборите било да донесат струмичка...

Свет15 часа

Меркел формално разрешена од должноста канцелар

Официјално заврши мандатот на Ангела Меркел како канцелар на Германија, а претседателот на Републиката Франк-Валтер Штајнмаер ѝ се заблагодари за...

Македонија16 часа

(Видео) Шилегов: Со брзата реакција на хероите на градот се спречи поголема материјална штета од пожарот

Денес имаше пожар кај старите бараки на Основен суд Скопје 1 и благодарение на брзата и навремена интервенција на противпожарната...

Македонија19 часа

Владата ја стопира изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци

Владата на денешната седница донесе одлука за стопирање на изградбата на прифатниот центар за странци во Бардовци и негово преместување...

Македонија21 час

За една недела починале 124 лица од коронавирус, 97 од нив не биле вакцинирани

Во периодот од 15 до 21 октомври починале 124 пациенти од Ковид-19, од нив над 78 % биле невакцинирани. Од...

Македонија22 часа

Регистрирани 511 нови случаи на Ковид-19, пријавени 10 починати лица

Министерството за здравство информира, во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, дека во последните 24 часа направени се...

Економија23 часа

Бектеши: Нема зголемување на цената на струјата до крајот на годината

До крајот на годината ќе има доволно количина електрична енергија и сакам да ги уверам сите граѓани дека до крајот...

Македонија24 часа

Кај нас има 400 Авганистанци со привремен претстој, седуммина заминаа во Португалија

Северна Македонија во моментот им дава прибежиште на 400 граѓани од Авганистан, информираат од Владата. Oд таму додаваат дека Авганистанците...

Македонија1 ден

Шилегов: Мерките што ги преземаме против загадувањето во Скопје даваат резултати

Загадувањето веќе не е топ-тема во Скопје како што беше во изминатите неколку години. Тоа е факт и тоа е...

Македонија1 ден

Зимското сметање на времето почнува в недела, вечерта пред локалните избори

Зимското сметање на времето почнува в недела на 31 октомври во 3 часот по полноќ со поместување на времето за...

Досие