Контакт

Забава

Бред Пит снима сцени од претстојниот филм „Вавилон“

Објавено пред

Тој е ветеран актер со речиси три и полдецениско искуство.

И секако изгледа дека Бред Пит сè уште ужива во тоа чувство на крајот на денот на снимање.

57-годишниот оскаровец изгледа релаксирано откако заврши со работата со камерата, со одврзана вратоврска пеперутка, на снимањето на историската драма „Вавилон“ во Лос Анџелес, во средата.

Останува непознато кого Бред ќе глуми во филмот, но неодамна беше објавено дека тој ќе портретира sвезда на немите филмови, базирано на ликот на Џон Гилберт, кој не успева успешно да премине во „говорник“ во звучните филмови.

Пит во филмот глуми заедно со Маргот Роби (31), која го толкува класичниот холивудски секс-симбол Клара Боу.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава

Елен Деџенерис не очекувала дека нејзиното ТВ-шоу ќе трае 19 години

Објавено пред

Американската комичарка, актерка и водителка Елен Деџенерис никогаш не помислила дека нејзината емисија ќе трае речиси две децении.

63-годишната Елен своето истоимено шоу го почна во 2003 година, а треба да го заврши во 2022 година по 19 сезони – и 19 години – во етерот.

Елен сега откри дека иако се надевала дека шоуто ќе биде нешто во кое секој ќе може да ужива, таа никогаш не очекувала дека ќе има долговечност од неполни две децении.

Кога ѝ се придружи Марио Лопез од Access Hollywood на снимањето емисија на The Ellen DeGeneres Show, таа рече: „Мислам дека дадов совет првиот ден. Сакав да направам шоу што ќе биде навистина забавно за секого и едночасовно бегство на ден. Што и да се случуваше во светот, сакав ова да биде среќно место. Сакав сите овде да се забавуваат работејќи тука и сакав тоа да не го земам здраво за готово, да уживам во тоа.“

„Но, ако ми кажевте дека ќе го правам ова 19 години, никогаш немаше да помислам дека ќе трае толку долго.“

Прикажи повеќе...

Забава

40 години подоцна: Парче од свадбената торта на Чарлс и Дијана продадено на аукција

Објавено пред

Венчавката на принцезата Дијана и принцот Чарлс засекогаш ќе се памети како една од најубавите церемонии во историјата, а од тогаш поминаа 40 години.

Кога ќе се потсетиме на лејди Дијана, првото нешто што ни паѓа на памет е нејзината убавина, скромност и хуманост, поради што до ден денес останува непрежалена принцеза, а многу луѓе сакаат да имаат вистинско парче историја во спомен на најубавата свадба.

Идејата за торта стара 40 години не изгледа како привлечна опција за дегустација, и многумина веројатно нема ни да помислат да ја купат, но тоа не е обично парче торта!

Имено, парче од една од 23-те торти на свадбата на принцот Чарлс и принцезата Дијана (тешко 28 грама) беше продадено на аукција, и иако се очекуваше да се продаде за 500 фунти, тоа достигна цена од дури 2.000 фунти.

Не се знае што ќе прави купувачот со тортата, а медиумите се шегуваат дека сигурно нема намера да ја вкуси. Тој плати прилично убава цена за да стане сопственик на тоа слатко парче кралска историја.

Прикажи повеќе...

Забава

И добра храна и добри филмови: Почна Food Film Festival во Загреб

Објавено пред

Загреб е домаќин на филмско-гастрономски фестивал од 24 септември до 3 октомври, убава вест за љубителите на добра храна и филмска уметност.

Омилениот фестивал на храна и филм Zagreb Food Film Festival by CocaCola се враќа во главниот град на Хрватска на самиот почеток на есента. Во текот на 10-дневниот настан, посетителите можат да уживаат во гледање филмови, улична храна со потпис на омилените локални ресторани и пикник на трева.

Посетителите ќе имаат можност да се опуштат со филмови под ѕвездено небо за време на вечерните проекции, а исто така, ќе има голем избор јадење од најдобрите и најкреативни загрепски ресторани, бистроа, слаткарници и продавници за вино.

Фестивалот ја менува својата стара позната адреса и добива нова локација. Имено, се чини дека по фестивалот Бургер, плоштадот „Д-р Фрањо Туџман“ станува нов градски хотспот за разни забавни настани и фестивали, и многу успешно ја презема титулата центар на градските настани.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Гутереш и Пендаровски разговараа за преспанскиот договор и бугарското вето

Средба на претседателот Пендаровски со генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на учеството на...

Свет2 часа

Напад во САД, еден загинат и 14 повредени во маркет

Едно лице загина, а 14 се повредени во напад што се случи во градот Колиервил, недалеку од Мемфис во американската...

Македонија14 часа

Регистрирани 526 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во согласност со податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.632 тестирања, а регистрирани се...

Свет15 часа

Гутереш предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и САД: „Мора да ја избегнеме“

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, предупреди на потенцијална нова студена војна помеѓу Кина и Соединетите Американски Држави и...

Топ18 часа

Ограбена аптека во Чаир, на сопственикот му се слошило и починал

Сопственик на аптека на улицата Џон Кенеди починал набргу откако објектот бил ограбен, јави МВР. Тој не бил во аптеката...

Македонија20 часа

Ќе се воведуваат брзи тестови во училиштата

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека ќе се воведат брзи антигенски тестови во училиштата. Според него, најголем дел од...

Македонија22 часа

Трета доза вакцина за граѓаните над 60 години, здравствените работници и тие со имунокомпромитирани состојби

Министерот за здравство, Венко Филипче, најави дека во земјава ќе се воведува трета доза вакцина. Станува збро за вакцината „Фајзер“,...

Свет22 часа

СЗО: Загадувањето на воздухот е поопасно отколку што мислевме

Светската здравствена организација предупредува дека загадувањето на воздухот е уште поопасно отколку што се мислеше – бидејќи концентрацијата на опасни...

Европа23 часа

Директорот на „Модерна“ очекува крај на пандемијата за една година

Извршниот директор на компанијата „Модерна“, Стефан Бансел верува дека пандемијата на коронавирус ќе заврши за една година, бидејќи зголеменото производство...

Спорт1 ден

(Видео) Хулиганите дивеат на стадионите во Франција

Нови навивачки инциденти го обележаа колото во Лига 1. Навивачи на Монпелје и Бордо се тепале пред натпреварот на двата...

Свет1 ден

Шестчасовни разговори меѓу руските и американските воени челници

Највисоките американски и руски воени претставници вчера одржаа шестчасовни разговори во Хелсинки, што беше нивна прва директна средба од 2019...

Македонија1 ден

Пендаровски ќе се обрати на 76. Генерално собрание на ОН

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк ќе се обрати на Генералната дебата на 76. Сесија на Генералното собрание на Обединетите...

Свет1 ден

Рендгенски снимки покажуваат како вакцината ги штити белите дробови од Ковид-19

Во целиот свет, бранот на делта варијантата доведе до зголемување на бројот на заразени со коронавирус. Истата ситуација беше забележана...

Македонија2 дена

Приведена очна лекарка од Куманово, која преку поткуп собрала 116.000 денари

Полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР Куманово, утрово, во 7 часот, извршиле претрес во просториите на очното...

Македонија2 дена

Филипче: Пристигнаа 110.612 вакцини од „Фајзер“ за кои има голем интерес

Денеска, во земјата пристигнаа 110.612 вакцини од производителот „Фајзер“/„Бионтек“, објави на социјалните мрежи министерот Венко Филипче. Како што посочува тој,...

Македонија2 дена

Законот за употребата на јазиците нема да се менува во зависност од пописот, рече Заев

Пописот нема ретроградно да влијае на Законот за употреба на јазиците, туку целта е да се знае колку граѓани има...

Економија2 дена

Имот над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже ќе биде конфискуван

Ќе се конфискува имотот од над 30 илјади евра чие потекло нема да може да се докаже, предвидува драфт верзијата...

Македонија2 дена

Наставата продолжува со физичко присуство, состојбата со ковид во училиштата засега е стабилна

Состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, се следи на дневно ниво и според проценките на Главниот координативен кризен штаб,...

Македонија2 дена

Софијанова: Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика, но може да предизвика сериозен синдром

Коронавирусот кај децата најчесто дава полесна клиничка слика која се третира само со симптоматска терапија. Но неопходно е секој случај...

Регион2 дена

„Еуроактив“: Вашингтон го зголемува притисокот врз Софија за евроинтеграцијата на Скопје

Вашингтон го зголемува притисокот врз Бугарија, барајќи од неа да се откаже од ветото за интеграција на Северна Македонија во...

Досие