Контакт

Забава

Бред Пит ја одбил улогата на Нео во „Матрикс“

Објавено пред

Иконската акциона улога на Кијану Ривс, Нео во „Матрикс“, претходно му била понудена на Бред Пит.

„Ја испив црвената пилула!“ – Бред Пит откри дека ја одбил најпознатата улога на Кијану Ривс како Нео во блокбастер-трилогијата „Матрикс“.

„Јас навистина верувам дека таа улога не беше за мене“, рече Бред во интервју на маргините на Меѓународниот филмски фестивал во Санта Барбара неделава.

„Не е моја. Ова е за некој друг“, рече холивудскиот актер, пренесува Пипл“.

„Ја вратив улогата. Ја испив црвената пилула“, се пошегува тој алудирајќи на пилулата во филмот што му овозможува на Нео (главниот протагонист) да излезе од илузорната матрица и да се соочи со реалниот свет.

„Матрикс“ се снимаше од март до август 1998, така што можеше да дојде до преклопување со филмот Fight Club во кој глуми Бред, а кој почна да се снима на крајот на летото таа година.

Бред во средата ја доби наградата Maltin Modern Master Award и потоа продолжи да разговара со Малтин за својата кариера. Во еден момент од разговорот Малтин го натера Пит да открие дали имало улога или улоги што не ги прифатил.

 

 

 

Забава

Наоми Кембел, Селма Хејк, Аријана Гранде први меѓу славните упатија порака со сочувство до семејствата на загинатите во експлозијата во Бејрут

Објавено пред

Во вторникот Наоми Кембел, една од најпознатите светски супермодели, реагираше на веста за разорната експлозија во Бејрут, Либан, споделувајќи фотографија од модна снимка направена во градот.

Покрај фотографијата, британската убавица (50) напиша: „Моите мисли, молитви и љубов се со луѓето во Либан и нивните семејства“, и додаде емотикон скршено срце.

Актерката Селма Хејк исто така се појави на Инстаграм за да испрати сочувство по разорната експлозија во која загинаа најмалку 78 луѓе и 4.000 се повредени.

Таа објави фотографија од експлозијата што се случи на пристаништето во Бејрут и сподели: „Денес две експлозии го уништија главниот град на веќе повредениот Либан.

„Моето срце е скршено, сучувство за сите луѓе што ги загубија најблиските и кои се наоѓаат во погодените области на мојот сакан Бејрут“, напиша Хејк.

Пејачката Арјана Гранде (27) објави на својот Инстаграм дека донира во добротворната организација „Импакт Либан“ и ги повика своите следачи на социјалните мрежи да го сторат истото, доколку се во можност.

„Моето срце искрено жали, сочувство до сите кои ги изгубија своите блиски во оваа трагедија“, напиша таа.

Прикажи повеќе...

Забава

По Дуа Липа, нова провокација: албанска манекенка малтретирала возач од Србија

Објавено пред

Албанската манекенка Лорена Халити се пофали на својот твитер-профил дека му пуштала албански песни на српски возач додека се возела со „Убер“ во Америка.

Тој им се пожалил на нејзините работодавци за директната провокација на манекенката објаснувајќи дека тоа не е во ред од нејзина страна затоа што тој си ја вршел својата работа професионално и коректно, а таа препознала по име и презиме дека тој е Србин.

Тој исто така во имејлот на жалбата навел дека односот меѓу Албанија и Србија е сè уште многу чувствителна тема и дека го загубил својот татко во војната и оти е сигурен дека во спротивна ситуација, ако тој ѝ пуштал српски песни, таа уште побргу ќе испратела жалба до компанијата „Убер“.

„Замислете свет каде што еден Германец му пушта нацистичка музика на еврејски возач? Или каде што човек од Турција му пушта турска музика на возач од Ерменија“, напиша тој, меѓу другото.

Кога работата почнала да се шири и кога „Убер“ го избришал нејзиниот налог на нивната платформа, таа го избришала твитот во кој се фали за своите постапки и во кој тврди дека „Убер ги поддржува ксенофобијата и етничката дискриминација“, па затоа ја забраниле.

„Јас веќе нема да молчам. Вашиот српски возач поднел тужба до мојот работодавец затоа што слушав албанска музика додека возам. Вие продолживте да ги поддржувате ксенофобијата и етничката дискриминација забранувајќи ме без никаква истрага. Ова е одвратно и неподносливо“, напиша таа.

 

Прикажи повеќе...

Забава

Родена за трчање: Кели Бенсимон

Објавено пред

Поранешниот супермодел Кели Бенсимон не дозволува ситница, како, на пример, топлотен бран, да ѝ попречи во нејзината утринска рутина за одржување на витата линија.

Во вторникот ѕвездата од ТВ-серијата „Вистински домаќинки од Њујорк Сити“ беше забележана додека џогира низ Сохо во текот на најголем сообраќаен метеж во Менхетн.

„Најдобриот начин да ја предвидите вашата иднина е да ја создадете“, вели Кели, која лесно им се спротивставува на своите 52 години.

Таа ја почна својата утринска рутина облечена во спортски градник и микро шорцови покажувајќи ја својата совршено обликувана фигура – рамен стомак и цврсти и тонирани раце.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет4 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет4 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион5 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет6 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија10 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија10 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ10 часа

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет11 час

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија11 час

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет13 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет14 часа

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија14 часа

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет14 часа

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија14 часа

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет15 часа

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет15 часа

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Македонија1 ден

Експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски, осуден на три ипол години затвор

Поранешниот претседател на скопскиот кривичен суд, Владимир Панчевски, е осуден на три години и шест месеци затворска казна за злоупотреби...

Свет1 ден

Вознемирувачки видеа од Бејрут, за секунда срамнети со земја огромни згради

Стравотни снимки од експлозијата што попладнево се случи во Бејрут се споделуваат во јавноста, а очевидци раскажуваат за драматични сцени...

Македонија1 ден

ДИК не го тестирала софтверот пред изборите, направила и други пропусти за заштита на личните податоци

Агенцијата за заштита на личните податоци утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна...

Досие