Забава
Брза и здрава пица по рецепт на Марта Стјуарт, вистински хит на интернет

Брзи, здрави и вкусни: ваквите јадења се секогаш популарни. Овој рецепт на Марта Стјуарт е токму тоа. Идеален е за задоволување на гладот и е многу вкусен.
Ако чувствувате глад помеѓу два оброка, потребно ви е засилување. Гуруто за животен сил, Марта Стјуарт, го има вистинскиот рецепт само за вакви случаи.
Тоа е брза пица, односно лепиња наполнета со многу зеленчук по ваш избор. Сѐ е полеано со моцарела и сино сирење и збогатено со прелив од сенф наместо сос од домати типичен за пица. Овој рецепт не бара многу подготовка. Коментарот на Марта за здрава пица од лепиња: „Никој нема да забележи дека всушност имате салата за вечера!“
Овој рецепт стана вистински мал хит на интернет, а оние што го пробале велат дека брзата пица излегува одлична и многу вкусна.
Пица со печен зеленчук
Состојки
3 лажици црвен вински оцет, 2 лажички дижон-сенф, 2 лажички свежо сечкано оригано, сол, бибер, 2 лажици маслиново масло, зеленчук по избор (на пример, печурки, тиквички, кељ, модар патлиџан, црвен кромид), 4 лепињи (или наан), 2 топчиња моцарела, 80 гр сино сирење, по избор: мелено чили.
Подготовка:
1. Во сад измешајте оцет, сенф и оригано. Зачинете со сол и бибер и полека мешајте го маслото. 2. Исечете парчиња зеленчук со големина по избор и премачкајте ги со малку масло. Потоа печете го зеленчукот на скара или во рерна на 180 степени додека не омекне. 3. Наредете околу 2/3 од моцарелата на лепињите, а потоа рамномерно распоредете го печениот зеленчук. Посипете со преостанатата моцарела и сино сирење и ставете ги лепињите за пица во рерна. Печете додека сирењето не се стопи и рабовите станат убави и крцкави. 4. По печењето, истурете го подготвениот сос (прв чекор) врз пиците и послужете веднаш. Ако сакате, можете да посипете со чили.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Шерон Стоун: Глумев со големи ѕвезди, но тие мразат жени, само двајца актери не се такви

Легендарната актерка Шерон Стоун (64) откри дека се соочила со мизогинија на филмските сетови од најголемите ѕвезди во бизнисот.
Ѕвездата на „Ниска страст“ во интервју за „Варајети“ нагласи дека само двајца легендарни актери не се мизогини – Џо Пеши (79) и Роберт Де Ниро (79), со кои работеше на филмот „Казино“ од 1995 година.
„Работев со голем број актерски ѕвезди и речиси сите ме корегираа и ми кажуваа како треба да постапам и што да правам. Тие луѓе беа толку мизогини. Скоро сите, освен Роберт Де Ниро и Џо Пеши. Глумев со големи ѕвезди кои требаше да ми го објаснат целиот текст и постојано ми кажуваа што да правам. Притоа не слушаа што зборувам и воопшто не ми дозволуваа да влијаам на нивниот настап“ рече Стоун.
Актерката се пожалила и дека сите ја гледаат со презир.
„Мислам, разбирам дека се одлични и дека сите мислат дека се прекрасни и одлични. Но, ако барем малку се трудеа да ме слушнат и да бидат присутни, ќе беше хумано од нивна страна. Знам дека не сум најпопуларната актерка во градот и дека луѓето можеби нема да сакаат да го слушнат моето мислење, но јас само сакав да бидам присутна во моментот“ – вели актерката.
Естрада
Брус Вилис блед и уморен, актерот „уловен“ на улиците во Лос Анџелес

Холивудската легенда, актерот Брус Вилис (68) е „уловен“ при прошетка во Лос Анџелес, додека ужива во зелено смути.
Најновите папарацо фотографии на познатиот актер ги загрижија фановите, бидејќи Брус на нив изгледа многу бледо и уморно, а на неговото лице се забележуваат и големи темни кругови.
Вилис минатата година откри дека боледува од афазија – тешко пореметување кое влијае на говорните способности, а откако се дозна за неговата дијагноза, актерот ретко се појавува во јавноста, а неговата состојба се влошува.
Откако му беше дијагностицирана афазија, Брус Вилис се откажа од актерството и времето го поминува со семејството.
Состојбата му се влошила, а семејството, вклучувајќи ја и поранешната сопруга Деми Мур, секојдневно му помага.
Во декември минатата година, ќерката на Вилис, Румер, објави дека таа и нејзиното момче Дерек Ричард Томас ќе станат родители, а Брус и Деми баба и дедо.
Забава
Заработуваат повеќе и од програмерите, платите одат и до 10.000 евра

Здравиот живот и физичката активност стануваат сè по популарни, а луѓето ангажираат лични тренери, кои може да им се посветат за што побргу да стигнат до идеалната фигура.
На социјалната мрежа „Редит“ се отвори дебата за тоа колку заработуваат фитнес-тренерите.
Дали тие добро заработуваат, па има толку голем интерес? Дали заработувате доволно да живеете како луѓе? Колку работни часови, во просек, имаат фитнес-тренерите неделно“, се вели во објавата на „Редит.
„Ако работиш за фирма, вежбалница, платата е околу 70.000 повеќе или помалку со бонуси (за групи и слично), а ако си соло, небото е граница“, напишал еден корисник на оваа мрежа.
Друг праша дали фитнес-тренерите заработуваат добри пари, па интересот е толку голем?
„Да. Некои дури и повеќе од постарите програмери. Мислам, додека редовно ги следев на ‘Инстаграм’, ми дојде на ум прашањето за бројот на клиенти. Одговорите варираа од 50 до 60, а имаше и такви што имаа и до 100, можеби и повеќе. Од секој по 100 евра, па пресметај“, вели друг корисник.
Коментарите почнаа да се слеваат, а оние што имаат искуство ја презентираа пресметката на заработката.
„Мојот тренер наплаќа 80 евра ако е групно, а мислам дека 150 е индивидуален термин. Пред еден месец бевме 40, повеќето на групни тренинзи, а исто така има многу што се онлајн, а јас мислам дека тоа е 50 евра. „Контактирав и некои други тренери, каде што ми бараат 300 евра месечно и исплата за три месеци“, вели една девојка.
„Најдобро заработуваат оние што се на онлајн-обука бидејќи за тоа не е потребно нивно физичко присуство и може да имаат многу поголем број клиенти, а во исто време не плаќа никаков данок и нема ниту еден трошок“, пишува понатаму во коментарите.
Како што напишал еден корисник, сè зависи од тоа каков маркетинг правите за себе, неговиот тренер наплаќа 250 евра месечно и секогаш е полн. Работи од 7 до 22 часот и заработува повеќе од постар програмер.