Контакт

Забава

Бритни Спирс го впива сонцето во инфинити-базен

Објавено пред

Бритни Спирс се чини дека добро се забавува во самоизолација и ужива во друштво на 26-годишниот партнер Сем Ашгари.

Во четвртокот попладне Бритни и Сем излегоа во дворот на нејзината луксузна куќа во Таусанд Оукс, Калифорнија, за да се релаксираат во модерниот инфинити-базен, базен без визуелно дефинирани рабови, што создава ефект дека е бесконечен.

„Каков прекрасен ден!!!! Боже, благослови нè“, напиша 38-годишната поп-ѕвезда во описот на фотографијата што ја сподели на „Инстаграм“.

На фотографиите – видени од речиси 25 милиони следачи на Спирс, пејачката на себе има бикини во црно-бел дезен додека лежи на проѕирен душек за вода.

Поп-иконата од крајот на 90-тите и 12 години помладиот манекен и фитнес-модел Сем Ашгари се запознаа пред четири години на снимањето на видеозаписот на нејзината песна Slumber Party. Љубовната врска почнала неколку месеци потоа.

Екологија

Најавен пробен лет на најголемиот авион со електричен погон

Објавено пред

Најголемиот авион на електричен погон треба денеска да полета на пробен лет кој се очекува да трае околу 30 минути над американската сојузна држава Вашингтон, објави лондонскиот „Гардијан“.

Авионот марка цесна, тип караван, кој прима 9 патници, е опремен со електричен мотор, а денеска ќе се вивне на небото само со пилот, на пробниот лет со просечна брзина од околу 180 километри на час.

Користењето на електрични мотори во авионите би била револуција во воздушниот сообраќај, кој е семета за еден од најголемите загадувачи поради емисиите на јаглерод во атмосферата.

Прикажи повеќе...

Забава

Парче долна облека на Елвис Присли на продажба

Објавено пред

Парче меморијалии на кралот на рокенролот Елвис Присли е на продажба, нешто типично за неговиот стил на облекување – суспензор со појас со вештачки дијаманти.

Суспензорот (заштитник за гениталии) го направил за Елвис еден фан, а подоцна завршил во колекцијата на Џими Велвет, пејач кој отвори музеј „Елвис“ во Мемфис.

 

Даниел Вејд, менаџер на „Пол Фрејзер колектиблс“, кој го нуди на продажба во Велика Британија за 30.000 фунти (52.300 УСД) тврди дека Елвис го носел неколку пати во 1970-тите, пренесува „Ројтерс“.

„Тоа е екстравагантно, апсурдно, ама е апсолутно Елвис“, рече тој,

Прикажи повеќе...

Забава

(Видео) Гру и малите мињони ги потсетуваат луѓето да мијат раце и да се забавуваат дома

Објавено пред

Гру и популарните жолти мињони од анимираниот филмски серијал Despicable Me („Подлиот јас“) ги повикуваат луѓето да држат растојание едни од други за да помогнат во борбата против ширењето на новиот коронавирус во нов видеоспот објавен во средата.

Американксото студио „Илуминејшн“, кое стои зад Despicable Me, го направи спотот заедно со Светската здравствена организација и Фондацијата на Обединетите нации.

Гласот е на актерот Стив Карел (Гру), а телевизиската реклама ќе биде преведена на повеќе јазици вклучувајќи шпански, португалски и арапски, меѓу другите.

Во едноминутното видео Гру ги поттикнува луѓето редовно да ги мијат рацете и да одржуваат физичко растојание, да најдат забавни работи што може да ги прават дома, како, на пример, танцување и готвење нови јадења и да бидат добри еден кон друг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кафулињата и рестораните почнуваат со работа, сѐ уште е забрането организирање на свадби и родендени

Со одлука на Владата од денеска почнуваат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие...

Македонија1 час

Филипче: Само заеднички може да ја надминеме оваа состојба од која ќе излеземе посилни и помудри

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека почнува да се враќа животот во нормала и почнуваат да се отвораат бизнисите,...

Економија1 час

Парична помош за оние кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април

Работниците кои поради коронакризата останале без работа, независно од времето поминато во работен однос, ќе можат брзо да дојдат до...

Регион2 часа

Кипар ќе им ги плати трошоците за одмор на сите туристи што ќе заболат од Ковид-19

Кипарските власти порачаа дека ќе ги покријат трошоците за одмор во земјата за секој што ќе биде позитивен на коронавирусот...

Македонија16 часа

Продолжува да важи платеното породилно отсуство до завршувањето на времените мерки

Владата донесе Уредба за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, во која е предвидено отсуството...

Европа17 часа

Меркел: Уште сме на почетокот со пандемијата

Германската канцеларка Ангела Меркел ги оцени како позитивни досегашните постигнувања во борбата против коронавирусот, но како што рече, општеството е сè...

Европа20 часа

Европската комисија предлага 1.850 милијарди евра за заздравување на економиите

Европската комисија предложи инструмент за заздравување на економиите од корона-кризата, вреден 750 милијарди евра, и повеќегодишна финансиска рамка (ВФО) од...

Регион20 часа

Во Хрватска трет ден нема нови случаи, се укинува забраната за свадби

Трет ден по ред во Хрватска не е потврден ниту еден нов случај на коронавирус. Со ова вкупниот број на...

Македонија21 час

Разрешен поглаварот на ИВЗ, Сулејман Реџепи

Ријасетот на Исламската верска заедница на денешната седница донел одлука да се разреши Сулејман ефенди Реџепи од позицијата реис-ул-улема, претседател...

Македонија21 час

Тројца починати и 25 новозаболени од коронавирус

Тројца починати и 25 новозаболени се регистрирани денеска во државата. Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје...

Македонија22 часа

Бектеши: Угостителите ќе работат до 20 часот, на една маса само по четири лица

На една маса во угостителски објект може да седат до четири лица, а угостителите ќе работат до 20 часот, соопшти...

Македонија22 часа

Чулев: Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, ја повика Владата да ја усвои уредбата со која е предвидена награда за полицајците....

Македонија22 часа

Чулев: Пријавите за семејно насилство за април-мај зголемени 44,6 отсто за разлика од лани

Министерството за внатрешни работи регистрира зголемен број поплаки од граѓани за извршено семејно насилство. Техничкиот министер, Наќе Чулев, рече дека...

Македонија1 ден

Активистката Моника Ристеска објави дека татко ѝ сакал да ја убие, полицијата го уапси

Активистката Моника Ристеска, која минатата година беше уапсена бидејќи јавно пушеше марихуана, објави на социјалните мрежи дека вчера била натепана...

Свет1 ден

ЕК ќе го објави планот за заздравување на економиите од пандемијата

Претседателката на Европската комисија, Урсула вон дер Лаен, денеска попладне ќе го објави долгоочекуваниот план за заздравување на економијата од...

Свет1 ден

Јужна, Централна и Северна Америка се светско жариште на пандемијата на коронавирусот

Јужна, Централна и Северна Америка станаа жариште на пандемијата на коронавирусот, изјави директорката на Панамериканската здравствена организација (ПАХО), Кариса Етиен....

Македонија1 ден

Маските, дезинфекцијата и растојанието од два метра остануваат задолжителни

Граѓаните мора во целост да ги почитуваат мерките и препораките на Министерството за здравство за заштита од коронавирусот покрај олабавувањето...

Економија1 ден

Србија забрани слетување на „Монтенегро ерлајнс“ на аеродромот во Белград

На авионите на црногорската авиокомпанија „Монтенегро ерлајнс“ ќе им биде одземена дозволата за слетување на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, потврдиле...

Македонија1 ден

Од денеска нема полициски час, од утре со работа почнуваат кафулињата

По 66 дена, од денеска се укинува полицискиот час во земјата воведен поради коронавирусот. Владата вчера на седница донесе и...

Забава1 ден

Андреа Бочели: Мојата сопруга, децата и јас оздравевме од коронавирусот и дониравме плазма

Италијанскиот пејач, текстописец и продуцент Андреа Бочели (61) беше заразен со коронавирус, но оздраве, пишуваат локалните медиуми. Музичарот вели дека...

Досие