Контакт

Забава

Бритни Спирс не успеа да ја врати контролата над својот имот

Објавено пред

Пејачката Бритни Спирс ја загуби правната битка да се ослободи од татко ѝ, кој ѝ го контролира животот полни 12 години.

Американскиот суд во вторникот го отфрли обидот на Спирс да го отстранат татко ѝ како конзерватор на нејзиниот имот.

Џејми Спирс (68) е законски старател на својата ќерка и има целосна конрола над имотот и средствата на поп-принцезата веќе 12 години поради наводна загриженост за нејзиното ментално здравје.

Адвокатот на Спирс тврди дека таа се плаши од него и дека нема да настапува сè додека тој остане во таа улога. Но, адвокатот на татко ѝ тврди дека тој секогаш постапувал во најдобар интерес на својата ќерка.

Судијата рече дека ќе ги разгледа идните жалби за негово разрешување или целосна смена. Во меѓувреме, по барање на Спирс, финансиската компанија „Бесемер траст“ е назначена за костарател.

Сè почна во 2008 година кога по низа проблеми со менталното здравје на Бритни, судот ги стави нејзините недвижности, финансиски и лични средства, под конзервација на татко ѝ. Правниот застапник на Бритни поднел правни документи во кои се бара Џејми Спирс да биде заменет засекогаш, при што нејзиниот менаџер Џоди Монтгомери да ја преземе улогата на нејзин старател.

Забава

Затишје пред бура: Гал Гадот се релаксира пред промоцијата на новиот филм

Објавено пред

Продолжението на Wonder Woman, блокбастерот од 2017 година,  ќе пристигне во киносалите и Ејч-би-о Макс на Божиќ.

Но, Гал Гадот одвои малку време за да се релаксира пред промоцијата на Wonder Woman 1984 („Жена-чудо 1984“) со нова фотографија што ја сподели на Инстаграм во вторникот.

35-годишната актерка изгледа потполно опуштено додека го покажува своето лице без шминка и беспрекорната кожа. Гал, која на 18 години ја доби титулата Мис Израел, е позната по нејзината природна убавина.

Гал мирно лежи на тросед на отворено, на себе има бел сарафан со дизајни во сива и беж боја. Израелската актерка, има ненападна, нежна насмевка на лицето, а објавата ја наслови: „Затишје пред бура …“

Sвездата ќе има многу медиумски настапи за нејзиниот претстоен филм, чие дејствие се преселува од почетокот на дваесеттиот век до средината на 1980-тите.

Прикажи повеќе...

Забава

Ние сме четиричлено семејство!, Кејти Лоус и Адам Шапиро добија ќерка

Објавено пред

Ѕвездата на серијата „Скандал“ Кејти Лоус и нејзиниот сопруг Адам Шапиро во вторникот открија дека изминативе денови го дочекале нивното второ дете.

38-годишната актерка ја сподели веста за раѓањето на нивната ќерка Вера Феј со црно-бела фотографија од себе и нејзиниот сопруг Адам кратко откако се породила.

„И точно така, ние сме 4-члено семејство! Запознајте го нашето бебе Вера Феј Шапиро“, напиша таа во објавата.

На својата страница на Инстаграм, актерот Адам објави уште една црно-бела фотографија, на која се гледа Кети во болнички кревет, додека тој се наведнува кон неа.

И двајцата имаат хируршки маски за да ја намалат веројатноста за пренесување на коронавирус.

Двојката на крајот на јули ја сподели среќната вест дека го чекаат нивното второ дете.

Прикажи повеќе...

Забава

Колинда ќе глуми во серија

Објавено пред

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ стана актерка, барем на еден ден, пишува „Јутарњи лист“.

Имено, како што пишува весникот, таа била поканета да гостува во хумористичната серија „Дар Мар“. Колинда наводно веќе завршила со снимање и се снашла одлично.

Иако поранешната претседателка накратко ја потврди оваа информација за „Јутарњи лист“, поради договорот со телевизијата, не смее да открива повеќе детали за нејзиното учество во серијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија45 минути

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија1 час

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија1 час

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет2 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион2 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет2 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион3 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија3 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет5 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет5 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет6 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет6 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија19 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија19 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија19 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ21 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија22 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија23 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Досие