Контакт

Забава

Ветрот ѝ го крена здолништето на војвотката токму кога ја фотографираа новинарите

Објавено пред

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, одејќи во посета на детскатa болница во Лондон, се нашла во неочекувана ситуација поради ветрот.

38-годишната војвотка одвај го држела своето здолништето од Д&Г додека излегувала од автомобилот пред болницата затоа што ветрот дувал силно. Кејт гласно се смеела поради ситуацијата во која се нашла токму во моментот кога ја фотографирале новинарите.

Пред болницата ја пречекало мало девојче, кое ѝ подарило букет цвеќиња, а војвотката пристигнала во болницата заради работилницата за пациенти и нивните семејства организирана од „Нешнл галери портрет“.

Кејт Мидлтон е покровителка на детската болница „Евелин Лондон“ и на „Нешнл галери портрет“.

Војвотката се сретнала со голем дел од персоналот и семејствата на децата што се лекуваат во болницата и се дружела со децата по работилницата, пренесува „Дејли мејл“.

Забава

Шведската принцеза Викторија и ќерката Естела избраа слична облека

Објавено пред

Дуото мајка-ќерка му се придружи на кралот на Шведска, Карл Густаф, на отворањето на Златниот мост во Слузбрун.

Весниците пишуваат дека сите сакаат да видат кралско мини-јас, без разлика дали станува збор за сличностите на принцезата Шарлот со принцезата Дијана или леди Сара Чато, или необичната сличност на принцот Хари со принцот Филип во неговата младост. Така, и осумгодишната принцеза Естела, која многу личи на својата мајка, престолонаследничката Викторија од Шведска, и која имаше иста боја на палто како и мајка си, изнуди насмевки и симпатии кај присутните на церемонијата, а и на социјалните мрежи.

Дуото мајка-ќерка му се придружи на кралот Карл Густаф на отворањето на Златниот мост во Слузбрун, Стокхолм, во сечењето жолта лента и одењето преку мостот низ лак на огномет. И двте носеа палта во карамела боја или т.н. камила-боја. Палтото на мајката е од брендот Manuela Icon, чија цена се движи околу 1.750 евра.

Естела е најстарото дете на принцезата Викторија, прва во редот за шведскиот престол. Малата Естела еден ден ќе влезе во историјата кога ќе се искачи на тронот пред својот помлад брат, четиригодишниот принц Оскар.

Нема сомнежи дека малата прицеза ги освојува срцата на луѓето во нејзината земја и на целиот континент со неодоливата насмевка и со појава што плени, коментираат медиумите.

Прикажи повеќе...

Забава

Џејкоб Елорди ги покажа своите стомачни на плажа на Малибу

Објавено пред

Неговата романса со манекенката, ќерка на Синди Крафорд, Каја Гербер, добро напредува.

А во вторникот Џејкоб Елорди отиде сам на Малибу за да ужива во сурфањето на бранови.

Папараците го уловија австралискиот актер кога се враќаше од плажа кон својот автомобил паркиран на автопатот покрај плажата. Атлетски градениот Џејкоб, чија висина надминува 1,95, ги покажа своите беспрекорни стомачни мускули во црн костим за сурфање обвиен преку половината.

Џејкоб (23) стана познат како една од ѕвездите на романтичната комедија The Kissing Booth, кој беше премиерно прикажан во мај 2018 година на „Нетфликс“.

Прикажи повеќе...

Екологија

Во Средоземното Море секоја година завршуваат над 200.000 тони пластика

Објавено пред

Повеќе од 200.000 тони пластика завршуваат во Средоземното Море секоја година, објави Меѓународниот сојуз за зачувување на природата (IUCN), со строго предупредување дека таа количина ќе се зголеми двојно до 2040 година доколку не се преземат драстични мерки.

Новиот извештај на IUCN со наслов „Медитеран: Море од пластика“, заснован на теренски студии, проценува дека 33 медитерански земји фрлаат 229.000 тони пластика годишно, што е количина поголема од онаа на 500 бродски транспортни контејнери.

Дури 94 проценти од пластиката завршува во морето како резултат на лошото управување со отпадoт и се таложи на морското дно во форма на микропластика или честички помали од пет милиметри.

IUCN проценува дека можеби 3,5 милиони тони пластика се насобрале во Медитеранот на овој начин.

„Загадувањето со пластика може долгорочно да им наштети на копнените и морските екосистеми и на биодиверзитетот. Морските животни може да се заплеткаат во пластичен отпад или да го проголтаат и на крајот да умрат од исцрпеност и глад. Покрај тоа, пластичниот отпад ослободува хемикалии во животната средина, кои може да бидат штетни за екосистемите и здравјето на луѓето, особено во полузатворено море како Средоземното“, рече Мина Епс, директорка на Глобалната поморска и поларна програма на IUCN.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Поради контакт со Спасовски, само едно лице е во изолација

Државниот санитарен и здравствен инспекторат издал само едно решение за изолација на лице кое било во контакт со министерот за...

Македонија23 минути

Пожарникарите протестираа пред канцеларијата на Шилегов

Пожарникарите на мирниот протест пред канцеларијата на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, порачаа дека не се откажуваат од своето барање...

Македонија1 час

Поранешениот шеф на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, осуден на шест години затвор

Поранешениот шеф на кабинетот на ексдиректорот во УБК, Сашо Мијалков, Тони Јакимовски, е осуден на шестгодишна затворска казна во случајот...

Македонија1 час

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – совет во учебник по македонски за шесто одделение

„Изброј до 15 пред да ја заколеш жена ти“ – ова е совет во учебник по македонски за шесто одделение....

Македонија2 часа

Советот за безбедност ќе одржи седница за состојбата со коронавирусот

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во „Вила Водно“, утре, 29 октомври, со почеток во 11 часот, ќе се одржи...

Свет2 часа

Куба ја регистрира својата втора вакцина против коронавирусот

Куба официјално регистрира втора вакцина против Ковид-19, а испитувањата се очекува да почнат набргу, објави „Агенсија Кубана де нотисијас“ (АКН)....

Македонија3 часа

Мицкоски: Бремените жени да се ослободат од работа поради загадувањето и пандемијата

Поради високата загаденост на воздухот, паралелно со пандемијата на Ковид-19, апелирам бремените жени да се ослободат од работа, и во...

Свет4 часа

(Видео) Меланија Трамп: Медиумите од мојот сопруг направија личност што не је препознавам

Првата дама на САД, Меланија Трамп, вчера одржа говор на предизборен митинг во Пенсилванија – тоа беше нејзино прво соло...

Македонија5 часа

Митко Јанчев повикува на протест за смена на Мицкоски

Митко Јанчев повикува на протест за смена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.   Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен...

Свет6 часа

Блумберг донира уште 15 милиони долари за кампања на Бајден

Американскиот милијардер Мајкл Блумберг донира дополнителни 15 милиони долари за претседателската кампања на демократскиот претседателски кандидат Џо Бајден во Охајо...

Свет6 часа

Од коронавирус во светот заразени повеќе од 44.155.000 лица

Повеќе од 44.155.000 лица се заразени од коронавирус во светот, според најновите статистички податоци што ги одржува специјализираната страница worldometers.info....

Свет6 часа

Русија ја поднесе својата вакцина во СЗО за забрзана регистрација

Русија поднесе барање до Светската здравствена организација (СЗО) за забрзана за регистрација и претквалификација на својата прва вакцина против новиот...

Европа6 часа

Ватикан најави божикна прослава на папата на интернет

Божикната прослава на папата Франциско ќе се емитува преку интернет оваа година без лично присуство на јавноста поради пандемијата на...

Свет17 часа

СЗО: Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела

Дневниот број на смртни случаи од Ковид-19 во Европа е 40% поголем од минатата недела, соопшти Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија17 часа

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, позитивна на Ковид-19

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, објави дека е позитивна на Ковид-19. Таа вели дека нема симптоми и дека се чувствува...

Европа19 часа

Во Италија рекордни 21.994 новозаболени и 221 починат од коронавирус

Во изминатите 24 часа во Италија се регистрирани 21.994 нови случаи на коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство. Ова е...

Македонија20 часа

Во Македонија 628 нови случаи на коронавирус и 15 починати

Во последните 24 часа во Македонија потврдени се 628 нови случаи на коронавирус, починаа 15 пациенти, соопшти Министерството за здравство....

Македонија21 час

Собранието ги верифицира мандатите на четворицата нови пратеници

Собранието на денешната седница ги верифицираше мандатите на новите чет ворицатапратеници Мирче Аџиоски од ВМРО-ДПМНЕ, Рина Ајдари од ДУИ, Мирослав...

Македонија21 час

Одобрена набавката на лекот „ремдесивир“, државата ќе потроши 67,5 милиони денари

Владата одобри набавка на лекот „ремдесивир“ за третман на пациенти со коронавирус. За испорака на овој лек во следните пет...

Спорт24 часа

Нови заразени во Вардар, одложен е натпреварот со ПСЖ

Ракометниот клуб Вардар 1961 потврди дека е одложен натпреварот против ПСЖ, во Лигата на шампионите. Вардар, во рамките на 6....

Досие