Контакт

Забава

(Видео) Бекам збесна кога ја виде својата статуа со три заба и огромна брада

Објавено пред

Дејвид Бекам беше многу возбуден пред да ја види својата статуа, што за него ја нарача фудбалскиот клуб „Лос Анџелес галакси“. А кога ја виде, збесна.

„ЛА галакси“ сакаше да ја претстави статуата на раскошна прослава во чест на Дејвид Бекам, најдобриот фудбалер во историјата на клубот. Она што познатиот Англичанец не го знаеше беше дека раководството на клубот се здружи со водителот Џејмс Корден да направи малку шега со него. Пред премиерата оригиналната статуа беше заменета со лажна, што Бекам не го покажуваше во најдобро издание.

Во исечокот емитуван во синоќешната епизода од шоуто на Корден може да се види како 43-годишниот поранешен фудбалер со нетрпение го чека откривањето на споменикот пред свеченоста, а потоа неуспешно го крие вџашениот изглед на лицето.

Му пречеа големата брада и задникот, кој на статуата беше многу поголем од неговиот.

За тоа време Корден му се смееше од режисерската просторија следејќи ги секое негово движење и израз на лицето.

„Мојата жена доаѓа тука, среќа е тоа што децата не доаѓаат затоа што, ако го видат ова, ќе плачат. Не сакам да те навредам, но ова беше голема работа за мене. Ова сега е навредливо“, рече изнервирано Бекам.

А кога виљушкарот почнал да ја крева статуата, таа паднала и се скршила на парчиња.

„Веројатно ми направи услуга“, коментира фудбалерот пред да се појави Корден пред него. Тогаш сè му стана јасно.

После тоа, се слушаше пиштење со кое продуцентите се обидоа да ги маскираат неговите пцости.

Забава

Папараците го снимија Ричард Гир во љубовна прегратка со сопругата во Италија

Објавено пред

Славниот актер Ричард Гир ужива со сопругата на одмор во Тоскана, а папараците успеаја да ги фатат во љубовна прегратка.

Поранешниот најголем заводник, кој е на прагот од осмата деценија од животот, и неговата сопруга Алехандра Силва, која е 34 години помлада од него, одмораа на тревата читајќи книги и разговарајќи.

Според обожавателите, Гир изгледа непрепознатливо на фотографиите.

 

„Времето го престигна“, се некои од коментарите на социјалните медиуми.

Прикажи повеќе...

Забава

Хорор-филмовите предизвикуваат дебелеење

Објавено пред

Една студија на универзитетот Вестминистер тврдеше дека гледањето хорор-филмови помага да се намали телесната тежина, бидејќи го забрзува отчукувањата на срцето. Но, студија на либанско-американскиот универзитет во Њујорк тврди дека гледањето застрашувачки филмови ги тера луѓето да побараат утеха во масна храна и да се здебелат.

Кога гледаат напнати или насилни филмови, луѓето се чувствуваат нервозни, исцрпени и спод трес, па затоа се обидуваат да најдат утеха во грицките. Спротивно на тоа, романтичните комедии и наративните филмови не предизвикуваат такви емоции и додека ги гледале, учесниците во истражувањето не јаделе толку чипс и чоколадо, велат научниците.

Ова е прва студија што го испитува влијанието на филмовите врз апетитот и изборот на храна. Претходните истражувања ги поврзуваа насилните видеоигри со зголемен апетит.

Резултатите укажуваат дека не само што седењето е фактор што доведува до зголемување на телесната тежина, туку и она што се гледа на екраните. Во студијата учествувале 84 учесници на возраст меѓу 20 и 30 години, кои биле по случаен пат избрани да гледаат насилен филм или романтична комедија. Пред студијата, биле извршени различни мерења, вклучувајќи ритам на срцето, крвен притисок, а биле проценети и нивоата на стрес и апетит.

На гледачите им бил даден подавалник со низа закуски како пуканки, чипс, бисквити, чоколадо, јаболка, сок од портокал и кока-кола. На учесниците им било дозволено да јадат се што сакаат и биле оставени сами за време на филмот за да можат да се опуштат.

Луѓето кои го гледале насилниот филм биле повеќе нервозни, тажни и исцрпени, а оние коишто ја гледале романтичната комедија не покажале никакви промени.

Прикажи повеќе...

Забава

Драг квинсерки го зашаренија Лондон

Објавено пред

Манифестацијата DragWorld London 2019 ја увеличаа драг квинсерките, изведувачи од кои некои се трансродови жени. Повеќето од нив учествуваат во уметничка форма затоа што тоа им овозможува да се претстават покреативно.

Така, на манифестацијата DragWorld London тие носеа фустани и комбинезони во разни бои, како и шарени перики и шминка.

Драг е вид уметност каде што мажите се преобразуваат во жени, но тие не живеат на тој начин секој ден, туку така настапуваат во ноќни клубови, а нивната цел е што подобар сценски настап.

Во последно време како драг квинсерки настапуваат и жени.

Некои членови на ЛГБТ-заедницата ги критикуваат драг квинсерките и нивното присуство на парадите затоа што веруваат дека шират лоши предрасуди за ЛГБТ-луѓето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија19 минути

(Видео) Јанева со адвокат дојде на распит кај Русковска

Катица Јанева пристигна во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Пред да влезе со адвокатот Стеван Павлески,...

Свет36 минути

Епстејн потпишал тестамент два дена пред самоубиството

Новите судски податоци покажуваат дека милионерот Џефри Епстејн, кој беше вклучен во педофилија, потпишал тестамент само два дена пред самоубиството...

Свет47 минути

Макрон по средбата со Путин: Иднината на Русија е врзана за Европа

По средбата со рускиот претседател Владимир Путин во тврдината Брегансон, францускиот претседател Емануел Макрон, истакна дека иднината на Русија е...

Свет52 минути

Коалициската Влада на Џузепе Конте пред распаѓање

Италијанскиот премиер Џузепе Конте се очекува денеска во 15 часот, по локално време, да поднесе оставка пред Сенатот. Доколку Конте...

Свет1 час

Британија најави укинување на слободата на движење

Во случај на тврд брегзит или брегзит без договор, на 31 октомври, Велика Британија најави дека ќе ја укине слободата...

Регион13 часа

Според Мета, Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија

Албанскиот претседател Илир Мета вели дека „Албанија не може да биде дел од дијалогот Косово – Србија“. Во изјавата што...

Свет14 часа

Литванија со јод ќе се бори против радијацијата

Литванската влада соопшти дека ќе купи повеќе од четири милиони таблети јод во вредност од 900.000 евра, бидејќи соседна Белорусија...

Регион14 часа

Меркел: Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе се приклучи на ЕУ

Европа ќе биде целосно обединета кога Западен Балкан ќе влезе во Европската Унија, рече германската канцеларка Ангела Меркел. Таа ја...

Европа14 часа

Французи зеле 40 килограми песок од Сардинија, се соочуваат со казна до 6 години затвор

Туристи кои зеле како сувенир 40 килограми песок од плажа во Сардинија се соочуваат со затворска казна до 6 години....

Топ17 часа

Расправија за пасишта во Арачиново заврши со пукање, едно лице е рането

Расправија околу пасиштата во Арачиново завршила со пукање, при што едно лице е рането. Како што информира МВР, вчера во...

Топ18 часа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа

Полицајци фатиле струмичанец додека се обидувал да ограби куќа. Според МВР, синоќа во 21:00 часот на улица Панче Пешев во...

Македонија19 часа

Во државата нема вештак што ќе оцени дали Исмет Гури преправал потписи

Нова пауза на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ даде судијката Марија Клетничка. Советот, по паузата, одлучи да не го...

Македонија20 часа

Катица не ги иззема Фетаи и Бубевски

  Шефицата на СЈО во оставка, Катица Јанева, не ги иззема обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од застапување во...

Македонија24 часа

Адвокатот Миланов бара изземање на Јанева од „Титаник 3“ поради тензиите во СЈО

Адвокатот на обвинетиот Исмет Гури во предметот на СЈО, „Титаник 3“, Еленко Миланов, побара да бидат изземени Катица Јанева и...

Топ24 часа

Возач загина во сообраќајна несреќа кај Свети Николе

Четириесет и петгодишен возач од Куманово загина во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Куманово – Свети Николе. Како што соопшти полицијата,...

Македонија24 часа

15-годишник се удави во Пчиња

Петнаесетгодишник од селото Љубодраг влегол во вода од ископ на сепарација на реката Пчиња и починал. Како што соопшти МВР, телото...

Македонија1 ден

Фетаи: Постапката за „Рекет“ ја води друго обвинителство и не сакам да се мешам

Обвинителката Фатиме Фетаи пред почетокот на денешното рочиште за предметот „Титаник 3“ рече дека не сака да се меша во...

Европа1 ден

Три децении од падот на Железната завеса

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и германската канцеларка Ангела Меркел денеска во пограничното место Шопрон ќе ја одбележат 30-годишнината од падот...

Свет1 ден

Трамп за купувањето на Гренланд: Не е приоритет, но стратешки е интересно

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја коментираше идејата за купување на Гренланд од Данска, наведувајќи дека тое не е приоритет,...

Македонија2 дена

(Видео) Пожар над Усје

Нов пожар над скопската населба Усје избувна вечерва, откако пожарникарите со часови се обидуваат да го локализираат огнот над населбата...

Досие