Контакт

Естрада

(Видео) Бендот „Визија“ ја објави „Убиј ја тишината“

Објавено пред

Песната „Убиј ја тишината“ од македонскиот бенд „Визија“, која е дел од нивниот прв студиски албум „Гласно!“, е објавена на официјалниот јутјуб-канал на бендот и е достапна за бесплатно преслушување. Бендот го сочинуваат: Марко Џамбазоски (гитара/придружен вокал), Марко Гапо (вокал/ритам гитара), Лилјана Јанкова (бас гитара/придружен вокал) и Синиша Ѓорѓевиќ (тапани).

„Визија“ досега има настапено на дел од најголемите балкански фестивали како што се „Егзит“, „Заечарската гитаријада“, „Таксират“, „Јелен демофест“, „Лејк фест“, „Миксер“ и други, а покрај овие настапи, бендот добива одлични критики од американската радиостаница WMBR и британскиот музички веб-сајт Emerging Indie Bands, кој на нивната листа на најдобри 90 нови бендови од светот за 2014 година ја поставува Визија на високото седмо место.

Оваа сабота (28 април) Визија ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар во Скопје во рамките на ревијалната програма од 31. издание на „Рок фест“.

Естрада

Македонски хакери тврдат дека ги блокирале интернет-страниците на пејачките Дуа Липа и Рита Ора

Објавено пред

Хакерската група која што се претставува како македонски анонимуси на „Твитер“ објави дека ја урнале интернет страницата на англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, откако на социјалните мрежи таа објави мапа на Голема Албанија и пораки за Косово.

AnonOpsMKD на 22 јули објави дека ја преземале официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тоа го направиле „чисто од научни цели, за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека сајтот нема да биде функционален еден час, со слика како изгледал истиот по нападот.

Нешто подоцна, групата објави дека извршила напад и врз сајтот на уште една позната пејачка со албанско потекло, Рита Ора, тврдејќи дека нејзината страница нема да биде функционална во следните два часа.

„Косово е веќе поставено правилно на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа на „Твитер“ групата AnonOpsMKD.

Се претпоставува дека оваа група стои и зад хакерските напади на Министерството за образование и Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, како и зад нападот на платформата „Тајм.мк“ на денот на изборите.

Прикажи повеќе...

Естрада

Пејачката Дуа Липа на „Инстаграм“ објави слика со знаме од голема Албанија

Објавено пред

Британската пејачка по потекло од Косово, Дуа Липа, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е прикажано знамето на голема Албанија, кое албанските навивачи со дрон го развеаја над стадионот на „Партизан“ во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во 2016 година.

На знамето беше прикажана територијата на т.н. голема Албанија со Косово, делови од Србија, Црна Гора, Грција и од Македонија.

„Ав – тох – тон, придавка (за жител на место), домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напиша 24-годишната пејачка објаснувајќи ја паролата која е испишана на знамето.

На знамето се и ликовите на Иса Болетини и Исмаил Џемаили, кои се сметаат за херои во албанската историја.

Ваквиот потег наиде и на критики, како, на пример, од британскиот новинар Сем Стрит, кој остро застана против објавата на пејачката.

„Додека луѓе како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и добиваат само критика поради тоа, Дуа Липа седи во Лондон и прави вакво нешто“, напиша англискиот спортски новинар.

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Пејачката со светска популарност е позната по тоа што на социјалните мрежи ја промовира независноста на Косово и идејата за албанско обединување.

Инаку, фудбалскиот натпревар во Белград заврши со службена победа на репрезентацијата на Албанија од 0-3 кога поради тензиите, беше невозможно мечот да продолжи.

 

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Комисијата за заразни болести предлага наставата да се одвива онлајн, освен во првите одделенија

Ставот на комисијата за заразни болести е наставата да почне да се одвива онлајн, освен во првите одделенија во коишто...

Европа14 часа

СЗО сака дополнително да ја проверува ефикасноста на руската вакцина против Ковид-19

Светската здравствена организација (СЗО) и руските власти разговараат за процес на евентуално тестирање на безбедноста и ефикасноста за нова вакцина...

Македонија14 часа

(Видео) Костадинов: Заев е мандатар, преговараме за Влада со полн четиригодишен мандат

Во тек се разговорите и консултациите за парламентарно мнозинство и владина коалиција за четиригодишен стабилен мандат, изјави портпаролот на СДСМ...

Македонија15 часа

Филипче: Ќе разговараме за воведување ПЦР-тест за патниците што транзитираат од соседството

Ниту еден од патниците што бил тука во нашата земја со престој како двојно државјанство, финско и македонско, не е...

Македонија17 часа

Нови 141 заболен и еден починат од Ковид-19 во земјата

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.885 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на...

Македонија17 часа

Мицкоски: Ахмети ми рече дека ќе преговара со СДСМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, една недела по средбата со Али Ахмети, изјави дека тие воопшто не ни преговорaле за...

Македонија17 часа

Лукаревска веќе не е директорка на УЈП, ќе биде пратеник

По верификувањето на мандатот за пратеник, Сања Лукаревска ја напушти функцијата директор на Упрвата за јавни приходи, а на нејзино...

Македонија19 часа

Ниту еден патник од авионот за Финска го нема во македонската база на позитивни случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека веќе се извршени проверки за сите патници од авионот за Финска, кои, според финските власти,...

Свет20 часа

Русија ја регистрира првата вакцина против Ковид-19; Путин: Вакцината ја прими и мојата ќерка

Претседателот на Русија, Владимир Путин, тврди дека Русите ја регистрирале првата светска вакцина против короната. Според руската новинска агенција ТАСС,...

Македонија20 часа

Повеќето патници со коронавирус што слетале во Финска биле иселеници со косовски пасоши

Во однос на информациите за летот од Скопје до Турку, Финска, каде што според финските власти од авион со 157...

Топ20 часа

Се удави рибар во водите на Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар. Несреќата се случила вчера во 15.40 часот...

Свет21 час

Над 250.000 новозаболени од Ковид-19 во светот

Бројот на потврдени случаи на коронавирус во светот надмина 20 милиони, а само во последните 24 часа пријавени се повеќе...

Свет22 часа

(Видео) Експлозија разнесе три куќи во САД – плач на заробени деца се слуша под урнатините

Експлозија раснесе три куќи во САД, а неколку лица се заробени под урнатините, меѓу кои има и деца, соопштија пожарникарите...

Свет22 часа

Русија подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирусот

Русија е подготвена да ја лансира првата вакцина против коронавирус, пишува Ентертејмент Тајмс. Рускиот кандидат за вакцината е вирусна векторска...

Свет22 часа

(Видео) Пукање во близина на Белата куќа – Трамп веднаш е евакуиран

Членовите на тајната служба ја прекинале конференцијата на американскиот претседател Доналд Трамп и го извадиле од просторијата за брифинг. На...

Свет23 часа

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален...

Европа23 часа

Финска воведува задолжителни тестови и карантин по слетувањето на авион со 24 позитивни патници од Скопје

Финска ќе воведе задолжителни тестови за коронавирус и карантин за патниците од одредени високоризични земји, откако 24 од 157 патници...

Свет1 ден

Германија размислува за задолжително носење маски во училниците

Претседателот на Здружението на германски наставници, Хајнц Питер Мејдингер побара носењето маски да биде задолжително во училниците како заштита од...

Свет1 ден

Катастрофа во Индискиот океан: од брод кој заринка истекоа 1.000 тони нафта

На бродот кој на 25 јули заринка во корален гребен во Индискиот океан кај Маурициус се појавиле пукнатини, кои претставуваат...

Македонија1 ден

Нема договор меѓу Заев и Ахмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ДУИ, Али Ахмети не постигнаа договор за коалиција во новата Влада ниту...

Досие