Контакт

Естрада

(Видео) Бендот „Рамштајн“ наиде на осуда поради спотот за холокаустот

Објавено пред

Членовите на германскиот индустриски метал-бенд „Рамштајн“ предизвикаа гнев во јавноста со објавувањето на видеоснимка на песната Deutschland, со која го промовираат својот нов албум, каде што членовите на бендот се појавуваат облечени како затвореници во концентрационен логор со јаже околу вратот.

На снимката особено реагираа еврејските заедници и политичарите, кои ги обвинија рокерите дека го тривијализираат холокаустот, пренесува Би-би-си.

На почетокот од снимката еден од членовите на бендот е облеан со крв која му тече низ лицето и стои под бесилка.

Гитаристот Пол Ландерс има Давидова ѕвезда, која ја носи на градите над натписот Deutschland.

Шарлота Кноблох, која го преживеала холокаустот и поранешна претседателка на Централниот совет на Евреите во Германија, за весникот „Билд“ рече:

„Со ова видео групата ги премина сите граници. Инструментализацијата и тривијализацијата на холокаустот, како што е прикажано на снимката, е неодговорна“.

Владиниот повереник за антисемитизмот, Феликс Клајн, изјави дека видеото е невкусно експлоатирање на уметничката слобода.

Членовите на бендот сè уште не реагирале на критиките.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Естрада

Македонски хакери тврдат дека ги блокирале интернет-страниците на пејачките Дуа Липа и Рита Ора

Објавено пред

Хакерската група која што се претставува како македонски анонимуси на „Твитер“ објави дека ја урнале интернет страницата на англиската пејачка со албанско потекло Дуа Липа, откако на социјалните мрежи таа објави мапа на Голема Албанија и пораки за Косово.

AnonOpsMKD на 22 јули објави дека ја преземале официјалната веб-страница на Дуа Липа и дека тоа го направиле „чисто од научни цели, за оние кои мислат дека немаат капацитет“ и дека сајтот нема да биде функционален еден час, со слика како изгледал истиот по нападот.

Нешто подоцна, групата објави дека извршила напад и врз сајтот на уште една позната пејачка со албанско потекло, Рита Ора, тврдејќи дека нејзината страница нема да биде функционална во следните два часа.

„Косово е веќе поставено правилно на сите мапи, како дел од Србија“, напишаа на „Твитер“ групата AnonOpsMKD.

Се претпоставува дека оваа група стои и зад хакерските напади на Министерството за образование и Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден, како и зад нападот на платформата „Тајм.мк“ на денот на изборите.

Прикажи повеќе...

Естрада

Пејачката Дуа Липа на „Инстаграм“ објави слика со знаме од голема Албанија

Објавено пред

Британската пејачка по потекло од Косово, Дуа Липа, на својот инстаграм-профил објави фотографија на која е прикажано знамето на голема Албанија, кое албанските навивачи со дрон го развеаја над стадионот на „Партизан“ во Белград за време на фудбалскиот натпревар меѓу Србија и Албанија во 2016 година.

На знамето беше прикажана територијата на т.н. голема Албанија со Косово, делови од Србија, Црна Гора, Грција и од Македонија.

„Ав – тох – тон, придавка (за жител на место), домороден наместо да потекнува од мигранти или колонисти“, напиша 24-годишната пејачка објаснувајќи ја паролата која е испишана на знамето.

На знамето се и ликовите на Иса Болетини и Исмаил Џемаили, кои се сметаат за херои во албанската историја.

Ваквиот потег наиде и на критики, како, на пример, од британскиот новинар Сем Стрит, кој остро застана против објавата на пејачката.

„Додека луѓе како Новак Ѓоковиќ се обидуваат да го обединат Балканот и добиваат само критика поради тоа, Дуа Липа седи во Лондон и прави вакво нешто“, напиша англискиот спортски новинар.

Родителите на Дуа Липа во 1992 година се преселиле од Приштина во Лондон, каде што таа се родила три години подоцна. Пејачката со светска популарност е позната по тоа што на социјалните мрежи ја промовира независноста на Косово и идејата за албанско обединување.

Инаку, фудбалскиот натпревар во Белград заврши со службена победа на репрезентацијата на Албанија од 0-3 кога поради тензиите, беше невозможно мечот да продолжи.

 

 

Прикажи повеќе...

Естрада

Таблоид тврди дека принцот Хари доживеал нервен слом

Објавено пред

Повеќе странски медиуми ја пренесоа веста дека принцот Хари доживеал нервен слом и бил однесен во психијатриска клиника.

Како што пишува магазинот „Глоуб“, состојбата на Хари се влошувала во текот на изминатите години, особено откако тој минал 10 години служејќи во армијата.

Според пишувањата на таблоидот, „капката што ја прелила чашата“ била разделбата од кралското семејство односно тешкиот чекор на кој се одлучил за да ја заштити својата сопруга Меган Маркл од британската јавност и медиумите кои не се особено наклонети кон неа.

Тој во еден момент призна дека не сака неговата сопруга да мине низ она што и се случило на неговата мајка.

„Принцот и Меган се расправаа за тоа како би изгледал нивниот живот во САД кога ќе заврши карантинот, што го доведе до точка на пукање. Тој заврши во локалната клиника за ментални болести. Слушнав дека има синдром на пострауматски стрес, предизвикан од смртта на неговата мајка, а сегашната состојба и траумата поради разделбата од кралското семејство само ја влошила ситуацијата“, изјавил неименуван извор за таблоидот „Глоуб“.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет40 минути

Се повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет2 часа

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Македонија3 часа

155 нови случаи на Kовид-19 во земјава, починати се две лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.845 тестирања, а регистрирани се 155 нови случаи на...

Топ3 часа

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Македонија6 часа

Малиот Илче од Охрид, кој беше напуштен од родителите, по десет дена лекување, ја напушти Детската клиника

По десетина дена лекување на Детската клиника, 11-годишниот Илче од Охрид, кого родителите го напуштија, ја напушта болницата здрав и...

Свет6 часа

Либанскиот претседател не исклучува надворешна вмешаност во експлозијата во Бејрут со ракета или бомба

Претседателот на Либан, Мишел Аун, не ја отфрла можноста за надворешна вмешаност во катастрофалната експлозија во главниот град Бејрут велејќи...

Свет7 часа

Првата вакцина против Ковид-19 во светот ќе биде регистрирана во Русија следната недела

Русија ќе ја регистрира својата прва вакцина против коронавирусот на 12 август, рече рускиот заменик-министер за здравство, Олег Гриднев, пренесува...

Македонија7 часа

Девојка пријавила дека била сексуално вознемирувана додека полагала возачки испит

Девојка, која полагала возачки испит, пријавила во Хелсиншкиот комитет дека била сексуално вознемирувана од еден од членовите на комисијата. Случајот...

Македонија7 часа

Хелсиншкиот комитет: Газди им дале 50 отсто помала плата на мајки на деца до десетгодишна возраст

Една од родовосензитивните мерки за справување со пандемијата предизвикана од вирусот Ковид-19, кои ги донесе Владата, e ослободувањето од работни...

Македонија8 часа

Ивица Коневски поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, поднесе тужба за клевета против портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски....

Свет9 часа

Германија воведе задолжително тестирање на коронавирус на аеродромите

Бројот на заразени со коронавирус во Германија многу загрижувачки расте, најверојатно и поради големиот број повратници од ризични земји, пишува...

Свет9 часа

Пронајдена слабата точка на коронавирусот

Научниците од Универзитетот во Канзас ја открија слабата точка на коронавирусот „САРС-КоВ-2“. Порталот „Сајенс дејли“ известува дека експертите тестирале терапевтско...

Свет10 часа

Истражување: 60 отсто од излекуваните од Ковид-19 развиваат антитела

Уште на почетокот на јули виролозите од Медицинскиот универзитет во Виена известија дека само половина од заболените и излекуваните од...

Свет11 час

Асимптоматските случаи имаат иста количина вирус како и оние со симптоми

Асимптоматските случаи на Ковид-19 носат иста количина вирус како и оние со симптоми, покажува јужнокорејска студија. Јужна Кореја можеше да...

Свет12 часа

Сандерс предлага закон за даночење на добивката на милијардерите за време на пандемијата

Американскиот сенатор Берни Сандерс заедно со колегите сенатори, Ед Марли и Кирстен Гилбренд, предлага закон за даночење на милијардерите. Според...

Свет12 часа

(Видео) Антивладини протести во Бејрут поради експлозијата

По силната експлозија во Бејрут, во која загинаа голем број луѓе, на улиците на престолнината следуваат демонстрации против владата. Демонстрантите...

Регион23 часа

(Видео) Дваесет полицајци во Шпанија апселе двајца бегалци од Србија, пронајдена е лабораторија за дрога

Шпанската полиција уапси двајца Срби за кои била распишана меѓународна потерница. Еден од нив се барал за нападот на стадионот...

Свет24 часа

Реконструкција на катастрофата: како се случи експлозијата во Бејрут што го шокираше светот

Силата на експлозијата што ја зафати либанската престолнина го шокираше светот. Повеќе од 300.000 луѓе останаа без покрив над главата,...

Свет1 ден

(Видео) Се запали зградата на Светскиот трговски центар во Брисел

Силен пожар избувна на врвот на зградата на Светскиот трговски центар во Брисел. Според медиумите, огнот избувнал во техничката просторија...

Досие