Забава
(Видео) Вечерва црвен аларм за спас на забавната индустрија
Под мотото #WeAreEvenrs и #RedAlert (https://wemakeevents.org/), вечерва, во организација на Асоцијацијата на евент-индустријата ИВАП, нашата земја ќе се вклучи во глобалната светска иницијатива за свртување на јавноста кон овој сектор кој трпи големи загуби поради пандемијата на Ковид-19, а милиони луѓе во светот остануваат без работа и се на работ на егзистенцијата.
Иницијативата потекнува од Америка и е црвен аларм за индустријата за организација на настани. Милиони луѓе од светот привредуваат во оваа индустрија, а таа има значителен придонес во БДП на секоја земја. Особено е значајно културолошкото и социјалното влијание за населението.
„Вечерва, со почеток во 20 часот, ВИП-арената во Скопје и домовите на културата во Кочани и Струмица ќе ги обоиме во црвена боја, со видеопроекции. Ќе се обидеме да го свртиме вниманието на јавноста, но и на Владата кон нашиот сектор и уште еднаш да покажеме дека навистина сме во тешка и незавидна ситуација“, велат од ИВАП.
„Црвен аларм“ е акција што се случува континуирано во целиот свет и илјадници професионалци се вклучени во осветлувањето на многу објекти.
Инаку, ИВАП вчера организира дебата на тема: „Настаните во ковид-периодот што следува“, на која присуствуваа компании и професионалци од индустријата. Свое мислење изнесоа гитаристот Влатко Стефановски, директорот на Филхармонијата, Виктор Илиески, Коста Петров од P World, Теодора Васиљевиќ од „Пасворд продукција“, Никола Наумоски од Град Скопје. Општиот став на сите присутни е дека настаните мора да продолжат, дека периодот што доаѓа е незивесен и со многу непознати.
„Останува нашиот став дека поддршката од Владата е неопходна, но и димензионирана и таргетирана по сектори, бидејќи секоја индустрија си носи свои специфики и потреби. Останува впечатокот дека е добро што раговараме, што предлагаме можни решенија и што индустријата е мотивирана да продолжи.
Во однос на вчера усвоените протоколи за одржување јавни настани во затворени простори, сметаме дека требаше да бидеме консултирани како независни прифесионалци, а не само културните инситуции. 30 % од капациетот на салата е понижувачки за уметниците и за организаторите. Исто така, не ја гледаме логиката во отворени простори да може да се одржуваат само седечки концерти. Сепак, доаѓа ладно време и седењето на публиката нема да биде пријатно за следење на кој било настан. Но, се надеваме дека протоколите дозволуваат промени и дека набргу ќе имаме можност да ги изнесеме нашите ставови“, потенцираат од Асоцијацијата.
Акцијата „Црвен аларм“ ќе се организира и во иднина на повеќе локации и објекти во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Бијонсе ја покажа природната коса: Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса
Најголемата музичка ѕвезда на денешницата, Бијонсе, за прв пат во кариерата ја покажа целосно природната коса, се со цел да ја промовира својата нова линија на производи за коса која ја нарече „Cécred“.
Бијонсе често носи перики и навистина ретко ја покажува својата природна коса, но во видеото кое го објави на Инстаграм го покажа целиот процес од фризерскиот салон.
„Погрешно е мислењето дека луѓето кои носат перики немаат долга и здрава коса“, изјави поп дивата и објасни дека косата ја суши на средна температура и се труди што повеќе да ја спаси од топол воздух. Таа користи четка од стар стил за да ја исправи косата, ја фарба и не користи третмани како минивал и слично.
„Ја чувам мојата природна коса русокоса веќе 25 години и тоа одигра голема улога во идејата за лансирање на овие производи“, објасни Бијонсе.
Нејзиното видео за 24 часа е прегледано два милиони пати.
Забава
Џенифер Лопез за првпат во сосема „обично“ издание
Џенифер Лопез (54) носи беспрекорни фустани на јавната сцена и ја нарекуваат кралица на стилот, а често ги раздвижува модните трендови, па дури и знае совршено да носи необични комбинации.
Нејзиниот фантастичен изглед во шестата деценија се должи на нејзината посветеност на спортот и здравиот начин на живот. Познато е дека латино дивата секој ден оди во теретана и дека цел живот напорно тренира, како и дека папараците будно ја следат, па често ја фаќаат во тренерки и патики кога оди на тренинг.
Меѓутоа, додека ја напуштала луксузната зграда во Њујорк, таа изгледала речиси непрепознатливо, без шминка и со мокра коса. Се качила во луксузен автомобил, а се претпоставува дека одела на адресата каде што ја чекале нејзиниот долгогодишен тим експерти – шминкери, фризери и стилисти , за да може да блесне во изданието на кое сме навикнати од оваа голема ѕвезда.
Забава
Ќерката на познатата актерка блесна во фустанот што го носеше нејзината мајка пред 25 години
Наследничката на славната двојка го прослави својот роденден во она во што порано блескаше нејзината мајка Кетрин Зета Џонс.
Ќерката на познатата актерска двојка Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас пред неколку дена го прослави својот 21 роденден, а за таа прилика облече прекрасен фустан кој нејзината мајка го носеше дури пред 25 години.
Дека јаболкото не паѓа далеку од дрвото и дека некои парчиња облека се вечни, без разлика на модните трендови, покажала младата и убава Керис Зита Даглас, која не била ни родена кога нејзината мајка ја носела оваа креација од свила и тантела.