Забава
(Видео) Дајан Китон импресионирана од новата верзија на „Кум 3“

Дајан Китон е еуфорична во пофалбите за изменетата верзија на последниот дел од трилогијата „Кум“ на Френсис Форд Копола по добиената шанса да ја гледа.
Во разговор со „Варајети“ оваа среда актерката рече дека гледањето на новиот филм бил еден од најдобрите моменти во нејзиниот живот.
Оваа верзија на последниот од трите ремек-дела на Френсис Копола, со наслов „Кум на Марио Пузо, „Кода: Смртта на Мајкл Корлеоне“, се обидува да ги реши проблемите во оригиналниот филм што ги остави критичарите потиштени кога беше премиерно прикажан кон крајот на 1990 година.
„Ова беше еден од најдобрите моменти во мојот живот“, се воодушеви Китон кога го виде филмот на приватна проекција, која Копола ја организира во една од малите киносали на „Парамаунт “ за себе и за оригиналните ѕвезди Ал Пачино, Талија Шајер и Џорџ Хамилтон.
„За мене, тоа беше остварување на сонот. Го видов филмот во сосема поинакво светло“, рече таа.
Иако филмот имаше комерцијален успех заработувајќи речиси 137 милиони долари наспроти буџет од 54 милиони долари, многу критичари не беа импресионирани од него, особено во споредба со првите два филма „Кум“, кои се сметаат за ремек-дела.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Биографијата на режисерот оскаровец Мајк Николс открива дека земал дрога

Нова книга за покојниот режисер Мајк Николс тврди дека срцевиот удар што го претрпел во 1986 година се должел на злоупотреба на повеќе дроги, вклучувајќи и крек.
Во „Мајк Николс: Животот“, авторот Марк Харис пишува дека режисерот на култниот „Дипломец“ користел кокаин редовно веќе некое време и дека е познато дека користи и крек“, се наведува во пасус објавен во „Њујорк магазин“.
Авторот на биографијата тврди дека кокаинот бил многу присутен меѓу пријателите на Николс и дека режисерот на филмови како што се „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Разгледниците од работ“, „Птичјиот кафез“, „Во врска со Хенри“, како и бродвејските верзии на „Босоног во паркот“ и „Смртта на трговскиот патник“ подоцна признал дека дрогата придонела за срцевиот удар.
Забава
Кортни Кардашијан го рекламира брендот на својата сестра Ким

Кортни Кардашијан покажа поддршка за помладата сестра Ким на својата iнстаграм-страница оваа среда.
Најстарата сестра Кардашијан крена бура кога ја покажа својата секси фигура во линијата долна облека на Ким, SKIMS. Во својата објава, 41-годишната Кортни напиша: „Слатки соништа“.
Последната објава на Кортни доаѓа среде шпекулации дека Ким е на работ на развод од сопругот Канје Вест.
Канје е третиот сопруг на Ким и татко на сите четири нејзини деца – Норт (7), Сент (5), Чикаго (3) и Псалм (1).
Забава
(Видео) Џеј Ло го искористи моментот среде пеење на инаугурацијата да се обрати на шпански јазик

Џенифер Лопез на инаугурацијата на Џо Бајден ги изведе песните This Land Is Your Land и America the Beautiful, а покрај тоа што го вметна стихот на својата песна Let’s get loud („Ајде да станеме гласни“), Џеј Ло се обрати на шпански јазик.
„Една неразделна нација пред Бога, со слобода и правда за сите“, рече Џенифер на шпански јазик.
Реченицата е дел од Заклетвата на знамето на САД и се изговара на настани и во одредени образовни институции во Америка. Истата реченица ја изговори Лејди Гага во 2017 година кога пееше во финалето на Супер боул.
Нејзиниот настап предизвика разни емоции, па некои нејзината изведба ја сметаа за смешна, други се срамеле да ја гледаат, некои ја обвинија за самопромовирање, а имаше и такви што сметаа дека зад сето тоа стои политичка порака наменета за Латиноамериканците што живеат во САД.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот