Забава
(Видео) Девојка тврди дека „Скимс“ на Ким Кардашјан ѝ го спасил животот

Мидер од брендот на Ким Кардашјан спаси живот на млада жена кога била застрелана.
42-годишната основачка на брендот за долна облека „Скимс“ (колекција мидери за жени со разни облини) на својата „Инстаграм приказна“ сподели објава на тиктокерката Анџелина Вајли, 22-годишна жителка на Канзас Сити, која преживеала масовно пукање во Канзас Сити, Мисури, претходно оваа година.
Објавата на „Тик-ток“ од 18 мај стана вирална оваа недела со повеќе од 1,4 милион прегледи додека колегите тиктокери ја означуваа Кардашјан со надеж дека таа ќе го види видеото.
Ким стана свесна за виралната објава на „Тик-ток“ и ја сподели на својата „Инстаграм приказна“.
@honeygxd no but fr, thanks kim 😭😭🫶🏼 #fyp #foryou #gunviolence #kimkardashian #kim #skims #skimsbodysuit #gunviolenceawareness ♬ dream – 💗
„Ким Кардашјан ми го спаси животот“, вели девојката на почетокот на клипот. Оваа Нова година ме застрелаа четири пати. Ноќта кога пукаа, под фустанот носев скимс-боди за обликување. Беше толку тесно што буквално спречи да искрвавам“.
„Дефинитивно, ќе купам уште неколку за да имам за секој ден. Тоа е како панцир за жени! Наречете го ова судбина или Исус, но јас ќе го наречам Ким“.
„Ти благодарам, Ким!“
Оттогаш таа отвори веб-страница GoFundMe за да собере пари за да ги плати болничките сметки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„Се вратил да ги спаси децата од дискотеката, се молам Господ да им даде сила…“: срцепарателно простување од Андреј „ДНК“

Македонскиот пејач Данијел Кајмакоски на својот Инстаграм профил се прости со колегата Андреј со емотивни зборови.
Тој на социјалните мрежи испрати емотивни зборови и изрази сочувство до семејствата на починатите.
„Не се сеќавам на толку тежок и мрачен ден. Срцето ме боли за сите загинати во пожарот во Кочани. Не знам како родителите и семејствата се справуваат со оваа страшна загуба и болка, се молам Господ да им даде сила.
Андреј, многу ми е тешко да се збогувам со тебе. Голема душа, секогаш подготвена да помогне. Се врати да ги спаси децата од дискотеката… ќе ми недостигаш неизмерно.
Изгубивме прекрасни луѓе и колеги. Андреј Ѓоргиески, Сара Пројковска, Ѓорги Ѓоргиев, Филип Стевановски, Александар Коларов. Моите мисли и молитви се со жртвите и нивните семејства“, напиша Даниел.
Забава
„Тага до небото!“: Јелена Томашевиќ емотивно се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“

Пејачката Јелена Томашевиќ проговори за страшната трагедија што ја потресе Македонија, каде што најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани.
Таа се прости од трагично загинатите членови на бендот на „ДНК“, меѓу кои и тапанарот Горги Горгиев.
– Нека ви бидат светли Господовите патишта за вас и членовите на вашиот бенд „ДНК“, како и за сите оние кои прерано заминаа со вас во царството небесно. Тага до небо во мојата сакана Македонија! Длабоко сочувствувам со вас! Искрено сочувство до сите семејства на жртвите и до сите граѓани на Македонија, напиша Јелена на Инстаграм споделувајќи фотографија со Горги.
Забава
Владо Георгиев скршен по страшната трагедија во Македонија: „Господе Боже, можно ли е…“

Пејачот Владо Георгиев проговори за трагедијата што ја потресе Македонија, во која најмалку 59 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во пожар во дискотека во Кочани.
Георгиев на социјалната мрежа „Икс“ изрази шокираност и тага, повикувајќи ги сите да се молат за настраданите.
– Страшна трагедија во Кочани. Да се молиме за душите на жртвите. Господе Боже, можно ли е вакво нешто да се случи во 2025 година?“, напиша тој.