Екологија
(Видео) Десетина китови се насукаа на плажа, туристите им помогнаа да се вратат во морето

Туристи кои се одмoраа на плажа на островот Сент Симонс во Џорџија неодамна беа сведоци на сцена која тешко се заборава.
Поради силните морски струи, десетина китови завршиле на песокот од плажата и беспомошно се обидувале да се вратат назад во водата.
За жал, два кита не го преживеале насукувањето, но туристите и крајбрежните спасувачи успеале да им помогнат на останатите и безбедно да ги вратат во водата.
На видеото погоре, погледнете како изгледаше спасувањето на китовите на плажата во Џорџија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Екологија
Две поларни мечки се бореа за плен што всушност беше пластичен отпад

Две поларни мечки биле снимени како се борат на парчиња пластика што ги пронашле на речен брег во оддалечен предел на Алјаска.
Младенчињата биле забележани како се плеткаат околу ѓубрето, во кое имало пластична амбалажа полна со тиња и друг фрлен пластичен отпад.
На една од фотографиите се прикажани мечките како го тегнат ѓубрето, додека на другата една од мечките ја става муцката во пластична боца, пренесува „Дејли меjл“.
Фотографот од Лос Анџелес, Дени Саливан, кој ги регистрирал овие сцени, вели дека вознемирувачките фотографии го покажуваат ефектот што го има загадувањето од пластика врз животинскиот свет, па дури и во оддалечените делови на Алјаска.
Тој верува дека климатските промени, но и справувањето со отпадот се виновни за тоа што мечките доаѓаат во контакт со пластика.
„Фотографиите се направени во октомври и воедно го покажуваат зголемувањето на температурите, кое ја скратува сезоната за лов на мечките. Таму треба да има снег, а воопшто да нема никакво ѓубре“, истакна фотографот.
Саливан рече дека во таа ситуација не се осмелил да го отстрани ѓубрето затоа што проценил дека тоа може да го доведе својот живот во опасност.
Екологија
Британски ветеринари: Поради климатските промени, коњите се сѐ потешки

Коњите стануваат сè потешки поради климатските промени, тврди Жил Мофат, шеф на ветеринарната служба Сидаун во британскиот Хајт и објаснува дека тоа се должи на потоплата и влажна клима што е подобна за раст на трева во изобилство, што, пак, им овозможува на овие животни да ја консумираат во поголеми количини отколку што им е оптимално потребно.
Ветеринарот за „Дејли телеграф“ изјавил дека меѓу животните кои ги лекува има сè повеќе коњи кои страдаат од прекумерна тежина поради споменатиот проблем.
Тој додава дека проблемот е делумно одраз и на социо-економскиот притисок.
„Поточно, сопствениците на коњи работат подолго и им е потешко да ги тренираат коњите редовно. Во исто време, потоплата и влажна клима значи повеќе трева. Тешко е за сопствениците да ја мерат количината и квалитетот на храната што е потребна кога станува збор за тежината на нивните миленици“, вели Мофат.
Тврдењата на Мофат следат откако британското здружение на ветеринари (БЕВА) откри дека 31% од 792 прегледани животни се соочуваат со прекумерна тежина.
Ветеринарите, исто така, причината за проблемот ја гледаат во недостиг на штали и огради за коњи.
Дејвид Рендл, ветеринар од БЕВА, вели дека дури 50 проценти од коњите во Велика Британија се со прекумерна тежина.
Екологија
Пена прекри плажа во Индија, експерти предупредуваат дека е многу опасна

Бранови од бела пена ја прекрија плажата Марина во Ченаи, Индија, во текот на викендот, а како што забележуваат локалните медиуми, поради тоа децата пронашле посебна причина да играат покрај морето.
Сепак, извештаите велат дека пената е токсична и дека е создадена како резултат на загадувањето што доаѓа од канализацијата.
Се очекува пената да се повлече за неколку дена.
- Топ3 месеци
Газда полеан со бензин, а неговиот џип запален во Кисела Вода
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Култура3 месеци
„Болка и слава“ на Алмодовар го отвора фестивалот „Браќа Манаки“, кинематограферот Алкаине гостин во Битола
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Црна хроника3 месеци
Деветнаесетгодишник со автомобил удрил во девојче во Кавадарци