Контакт

Забава

„Дејли мејл“: Објавено видео на кое принцот Хари бара работа за неговата сопруга

Објавено пред

Меган Маркл најде работа – ќе го позајми својот глас на компанијата „Дизни“ за еден од нејзините јунаци. „Дејли мејл“ пишува дека токму Хари ѝ ја дал идејата на продукциската куќа да ја вработи Меган односно дека принцот наводно се обидувал да го убеди директорот на компанијата Боб Ајгер да ја ангажира неговата сопруга.

„Дејли мејл“ пишува дека на премиерата на „Кралот лав“ во Лондон, во јули минатата година, војводата од Сасекс ја искористил приликата на Ајгер да му каже дека Меган е заинтересирана да го позајми гласот во некој анимиран филм.

„Знате ли дека таа умее да го позајми гласот?“, наводно му рекол Хари на директорот. „Таа е навистина заинтересирана“, рекол Хари, а Ајгер му одговорил: „Би сакале да пробаме. Тоа е прекрасна идеја“.

Британскиот магазин „Тајмс“ вчера објави дека Меган Маркл потпишала договор со „Дизни“ да го позајми гласот во замена за донација во добротворната организаиција за заштита на животните од ловокрадци „Elephants Without Border“.

Хари и Меган оваа недела ја изненадија јавноста со одлуката да се повлечат од должноста „високи“ членови на кралското семејство и да станат финансиски независни.

Забава

Почина легендарниот британски водител и комичар Николас Парсонс

Објавено пред

Долгогодишниот британски комичар и водител на култната радиоемисија Just A Minute, Николас Парсонс, почина по кратко боледување на 96-годишна возраст, пренесуваат многубројни британски медиуми.

Парсонс во Велика Британија беше обожавано лице и глас, многу почитуван од слушателите на Радио Би-би-си. Емисијата почнал да ја води уште во 1967 година, а нејзиниот формат останал речиси ист до последните денови.

Интересно е што во 2018 година Парсонс ја пропуштил првата емисија по повеќе од 50 години. Водителот во тоа време ги загрижил своите обожаватели и слушатели, но Би-би-си набргу ја смирил ситуацијата и појаснил дека станува збор само за кратка пауза што Николас решил да ја земе по децении.

Меѓу гостите во емисијата на Парсонс биле многу познати личности, а една од најслушаните емисии била онаа кога тој му бил домаќин на принцот Чарлс (71), голем обожавател на ликот и делото на Парсонс.

Прикажи повеќе...

Забава

Кајли Џенер летала со хеликоптерот на Коби пред два месеци, пилотот го опиша со неколку силни зборови

Објавено пред

Најмладата милијардерка Кајли Џенер (22) честопати летала со хеликоптерот на Коби Брајант и го изнајмила пред два месеци за 3. роденден на нејзината внука Дрим Кардашијан.

Кајли не може да верува дека Коби Брајант и неговата ќерка Џијана ги загубиле животите во истиот хеликоптер во кој на 29 ноември се возеле таа и Дрим Кардашијан.

Кајли летала неколку пати во хеликоптерот во кој Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џијана ги поминаа своите последни моменти од животот, пред фаталната несреќа во Калабасас на 26 јануари.

Сопственичката на „Кајли козметик“ ја откри оваа застрашувачка вест додека им оддавала почит на шампионот на НБА и неговата ќерка Џијана на „Инстаграм“. Кајли објави фотографија од сите девет жртви.

„Почивајте во мир и да се молиме за овие семејства … сè уште не можам да верувам дека се случило тоа. Тоа беше хеликоптерот со кој летав одвреме-навреме со пилотот Ар. Тој беше толку прекрасен човек“, напиша Кајли на својот инстаграм-профил.

Прикажи повеќе...

Забава

Фановите го критикуваа изгледот на Гвен Стефани без ниедна брчка

Објавено пред

Американската пејачка Гвен Стефани изгледаше беспрекорно на годинашните награди „Греми“, каде што пристигна со сопругот Блејк Шелтон. Сепак, многу фанови ги забележаа големите промени на нејзиното лице.

Педесетгодишната Гвен се појави на црвениот килим во минијатурен фустан и високи чизми, менувајќи ги облеките три пати, но најмногу од сè таа го привлече вниманието со нејзиниот неверојатно свеж изглед, без ниедна брчка на лицето, со речиси порцелански тен.

Веднаш почнаа да кружат гласови дека популарната пејачка сè повеќе се подложува на естетски операции за да изгледа што е можно помлада.

На социјалните мрежи се појавија коментари во кои обожавателите се прашуваат што се случува со нејзиното лице.

„О боже, што му направи Гвен Стефани на лицето?“ праша еден фан.

„Еј Гвен, престани со пластични операции и ботокс на твоето убаво лице. Почнуваш да изгледаш како лажна Мадона “, забележа друг обожавател.

„Лицето на Гвен Стефани е составено од 99% пластика и 1% кожа“, вели една девојка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

(Видео) Јовески: Потребно ни е силно, професионално и одговорно обвинителство

Државниот јавниот обвинител, Љубомир Јовески, смета дека треба да има силно, професионално и одговорно обвинителство, да не се задоволуваат дневнополитички...

Македонија2 часа

Владата бара од инспекторите да извршат увид на градбите во Охрид и Струга

Владата на денешната седница го задолжи Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам да изврши надзор над изградбата на градби од...

Македонија3 часа

Жбогар: Да продолжат реформите, законот за Јавното обвинителство да се донесе пред да се распушти Собранието

Евроамбасадорот Самуел Жбогар порача дека земјава треба да продолжи со реформите во клучните области и дека новиот закон за Јавното...

Спорт4 часа

За 24 часа милион ипол луѓе се потпишаа Коби да е на новото лого на НБА

Повеќе од 1.5 милиони луѓе за помалку од 24 часа се потпишаа на он-лајн петицијата силуетата на Коби Брајант да...

Македонија4 часа

„Анима мунди“: Ужас на скопските улици, се превезува распнат коњ

Здружението за заштита на животните „Анима мунди“ објави вознемирувачка фотографија на распнат коњ како со камион го превезуваат на скопските...

Македонија5 часа

Откриени креаторите на „Јавна соба“, МВР ќе ги достави доказите до Обвинителството

Министерство за внатрешни работи, сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, во координација со СВР Скопје изврши идентификација на сопственикот...

Македонија6 часа

Вештак во судењето за Ласкарци: Човечкиот фактор пресуден за несреќата

Првата реакција и обидот за сопирање кај возачот настанала во првата секунда, кога ја кренал ногата за гас и ја...

Македонија8 часа

(Видео) Чулев: Спасовски последниот ден делел решенија и во 12 навечер

Само во последните две години МВР потрошило над 4 милиони евра за судски постапки од вработени кои тужеле главно за...

Македонија8 часа

Филипче: Состојбата е под контрола, нема причина за паника за коронавирус во нашата држава

Состојбата е целосно под контрола, во овој момент нема ниту една причина за некаков ризик или паника за коронавирус во...

Македонија10 часа

Рустеми: Јанева бараше да се утврди штетата во „Поштенска банка“ и да се затвори истрагата

Обвинителот Бурим Рустеми од поранешното СЈО сведочеше денеска пред судот за случајот „Рекет“ каде обвинети се Бојан Јовановски и ексшефицата...

Топ10 часа

Се судрија автобус и автомобил на автопатот Куманово-Табановце, дваесетина луѓе повредени

Дваесет и едно лице се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на автопатот Куманово-Граничен премин Табановце, помеѓу...

Култура10 часа

Тимот на „Медена земја“ на настан пред „оскарите“ во друштво со големите холивудски ѕвезди

Тимот на „Медена земја“ беше дел од настан во театарот „Долби“ во Холивуд организиран од американската Академија за филмски уметности и...

Свет11 час

Откриено што се случувало во хеликоптерот на Брајант во последните моменти пред несреќата

Кошаркарската легенда Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во неделата наутро по локално време откако леталото во кое беше ѕвездата...

Свет13 часа

Трамп денеска ќе го објави мировниот план за Блискиот Исток

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека денеска ќе го претстави мировниот план за Блискиот Исток, кој претходно го најави како...

Свет13 часа

Во Германија потврден прв случај на коронавирусот

Во Германија е потврден прв случај на смртоносниот коронавирус, кој се појави во Кина и се прошири и во други...

Свет13 часа

Бројот на жртви од коронавирусот во Кина надмина 100

Бројката на починати од коронавирусот во Кина надмина 100. Според најновите податоци, се работи за 106 смртни случаи, а во...

Македонија1 ден

(Видео) Поранешни вработени во ОХИС: Во фабриката има остатоци од опасна жива

Поранешни вработени во фабриката ОХИС тврдат дека во кругот на фабриката има опасна жива како остаток од работењето на некогашниот...

Топ1 ден

Тело на 60-годишна жена извлечено од водите на Вардар

Телото на 60-годишна жена било извлечено од реката Вардар во Скопје. „Вчера, во СВР Скопје било пријавено дека во водите...

Македонија1 ден

Град Скопје објави итни мерки и препораки поради загадувањето

Бесплатен јавен превоз, запирање на градежните работи и поскапен паркинг се дел од итните мерки од надлежност на Град Скопје,...

Македонија1 ден

Во Скопје и Тетово надминат прагот на загадување, стапуваат на сила препораките на Владата

Според податоците од Државниот автоматски мониторинг-систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи,...

Досие